|
|
|
|
|
|
Политиката ја продолжи тутунарската сага
Производителите ќе ги радикализираат протестите бидејќи Собранието не ги прифати нивните предлози
Сања Наумовска
Тутунарите најавуваат радикализирање на протестите бидејќи Собранието не ги усвои заклучоците за состојбите со откупот на тутунот што ги предложи опозицијата. Револтирани што нивното незадоволство од откупот на тутунот се претвори во политичко препукување меѓу власта и опозицијата во Собранието без вистинска дебата за нивните проблеми, тутунопроизводителите за денеска најавија продолжување на протестите, а Штрајкувачкиот одбор во текот на вчерашниот ден требаше да одлучи кои мерки ќе ги преземат. Претседателот на штрајкувачкиот одбор на тутунарите, Кире Неделковски, изјави дека собраните луѓе не се насилници ниту, пак, партиски инструирани, туку се дојдени само да си ја кажат маката и да побараат решение за своите проблеми. Тој повика од денеска сите што ги поддржуваат отворено да застанат зад нив, бидејќи, како што нагласи, „продолжува борбата за парче леб“.
„Идните протести сигурно нема да бидат ��асилни, а веројатно е дека граѓанската непослушност ќе ја изразиме и преку неплаќање на давачките кон државата“, најави членот на Штрајкувачкиот одбор, Менде Стомнаровски.
Неколку илјади тутунари собрани пред парламентот заминаа разочарани од исходот на маратонската осумчасовна расправа за Информацијата за состојбите со откупот на тутунот, поднесена од опозицијата.
Собраниското мнозинство ги прифати предлозите на ВМРО-ДПМНЕ откупот на тутун да продолжи според веќе утврдените правила и потпишани договори со откупните центри, а идната година да се менува Законот за тутун. Опозицијата, од своја страна, ги изнесе предлозите на тутунарите, кои бараа да се постигне најмалку ланската откупна цена, односно 192 денара за килограм тутун, како и класифицирање на тутунот во три класи.
Додека траеше протестот пред Собранието, друга група тутунари поддржани од Сојузот на здруженијата на земјоделци, организирано се собра пред седиштето на најголемата опозициска партија. Тие бараа политичарите да не манипулираат со земјоделските проблеми, а проблемите да се решаваат преку институциите на системот. За СДСМ, контрапротестот пред нивното седиште е дело на ВМРО-ДПМНЕ, а присутните на протестот не се земјоделци, туку вработени во администрацијата, јавните претпријатија и партиски војници.
Пратениците на СДСМ во расправата по Информацијата, бараа Владата да го задолжи „Тутунскиот комбинат“ од Прилеп, кој е во државна сопственост, да го откупи и вишокот тутун по просечна цена од 192 денара. Исто така, бараа Собранието да укаже дека е неопходно Владата да ја досубвенционира годинешната просечна цена до постигнување на ланската цена од 192 денара за килограм доколку не издејствува постигнување на ланската цена за откуп на тутунот. Расправата се одвиваше во напната атмосфера, зачинета со многубројни довикувања, навреди и остри реплики меѓу пратениците. Декор во салата беа и транспарентите со кои владејачката партија се пофали дека за разлика од времето кога на власт беше СДСМ, сегашната Влада ги субвенционира тутунарите.
Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, информира дека досега се преземени над четири милиони килограми тутун, а просечната откупна цена е 143 денари. Тој подвлече оти сите 212 пункта во државата се отворени, направени се над 800 контроли и поради констатирани нерегуларности, изречени се 225 илјади евра казни.
За пратениците од СДСМ, пак, секојдневните проблеми со откупот на тутунот имаат цел минатогодишниот род на тутунарите да не се откупи, со што Владата ќе заштеди 12 милиони евра од неподелените субвенции. Според нив, иако во изминатите пет години се донесени буџети за вкупно четири милијарди евра повисоки од оние што ги проектираше СДСМ, сепак, проблемите, како што подвлекуваат, и натаму не се решени.
Зовриената атмосфера од собраниската сала на моменти се пренесуваше и меѓу собраните тутунари. Тензијата и нервозата кулминира кога во еден момент штрајкувачите се обидоа да ја пробијат заштитната ограда и да влезат во парламентот. Откако не поминаа преку кордонот полицајци, почнаа да фрлаат камења и шишиња кон зградата на Собранието. Епилогот се искршени прозорци и ролетни, а повреден е и фоторепортер на весникот „Нова Македонија“. Нападот го осуди Здружението на новинарите на Македонија, од каде што порачаа дека секој има право да протестира, но притоа без да ги попречува новинарите, фоторепортерите и камерманите да ги следат тие настани и да ја загрозува нивната безбедност. |
#
|
Статијата е прочитана 948 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Golema manipulacija! |
Датум: 20.01.2011 12:49:29 |
|
Subvenciite za tutunot se edna golema manipulacija! Namesto tutunot realno da se ocenuva i da se placa (po klasi), istiot se ceni ponisko so edna, dve, pa i povece klasi,a drzavata bozem go subvencionira so edno evro po kgr. so cel da gi zgolemi subvenciite za zemjodelstvoto! Tutunot e monopolski proizvod vo site drzavi, koi so nego, a posebno so cigarite, go polnat svojot budzet! Vo 1948 godina (makedonskiot) tutunot ucestvuvase so blizu 90% vo budzetot na SFRJ! Po prosecna cena od 5 evra za kgr. Makedonija samo od izvozot na tutun bi ostvarila 125 mil. evra, koi ce vlezat vo budzetot na RM! Ako drzavata ne e podgotvena da plati povisoka cena za tutunot neka dozvoli sloboden otkup i sloboden izvoz na tutunot. duri toga tutunot ce dobie realna/vistinska cena! |
|
|
|
|
|
|
Од: 3G |
Датум: 20.01.2011 13:01:14 |
|
Mnogu realno e sogleduvanjeto na A Musliu koe zaradi prostor samo ke go notiram, dodeka mislenjeto na Bozinovski po odnos na imeto e potpolno promasuvanje bidejki blagiot pad na rejtingot jaz go gledam po odnos na promena na stavot na vlasta za imeto odnosno pod pritisok na intruzivnata opozicija vladata i premierot sega kompletno se prefrlija po kolosekot na opozicijata a narodot veke ja gubi sigurnosta i doverbata. Faktot deka toa ne rezultira so porast na rejtingot na sdsm znaci deka narodot niv gi ima procitano kako dokazana i sigurna propast po toa prasanje. Ottamu rejtingot na vladata opstojuva samo zaradi nemanjeto na druga alternativa.
Ova (kako i ostanatite anonimni)ne e ekspert tuku podlec na strategijata za tn. integrirano nezadovolstvo koe se gleda deka e partiski oboeno. I koga univerzitetskite profesori i novinarite ne sezaprasuvaat i ne prasuvaat, jas bi prasal, dali(veke 20g) pottiknuvanjeto na najniskite strasti i nered e najdobriot nacin i pat za Evropa? |
|
|
|
|
|
|
Од: stari tutunar novoselec |
Датум: 20.01.2011 13:42:17 |
|
tutunarite ne štrajkuvat oni si ja gledat rabotata kako što vidov toa se štrajkači bolni so nova bolest lenoba LENEGITIS BEZ RABOTA I MOTIKA NEMA LEB mladi oblečeni so kožni paltina i farmerki da go pitaš ne znae koga i kako se obrabotuva taa kultura toa ti e slično kako vo engleska huliganski navijači kaj fudbalot ama MARGARET TAČER go reši problemot za štrajk na granica i kamene na zgradata i kapene na prozorci i uništuvane na zgradata taa zgrada nee na vladata tuku e na site nas i hulugan da ruši trieba vladata da zeme stav po način na železna dama TAČER zatvor i kotek da ne mu tekne da rastura što e na site nas SUM STARI TUTUNAR FALA |
|
|
|
|
|
|
Од: Baba KATA od Sekulica |
Датум: 20.01.2011 16:23:57 |
|
Sinko be sinko #golema manipulacija#, kako mozes i da pomisles deka makedonskiot tutun go socinuval (po tvoja golema pamet) skoro 90 NA STO OD BUDJETOT NA TOGASNA jUGOSLAVIJA! gOSPOD DA TI E NA POMOS! Mozebi ke ti pomogne i ovoj nagoviot pretstavni vo RM gospodin StefaN! I pokraj se,obrni, zavrti itn. edno me cudi.Kako vo 21 vek da ima tolku neobrazoven svet, da ne recam nepismeni,a vamui grlati... |
|
|
|
|
|
|
Од: Кирил |
Датум: 20.01.2011 17:37:43 |
|
Проблемот е со откупувачите кои се во договор со БЦ (се знае)! Видети ги извозните цени кои се движат од 400 - 600 денари! Го крадат земјоделецот кој протестира и пред Собрание и пред БЦ. Земја на чудата! |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 20.01.2011 20:10:34 |
|
Нема да има радикализација на протестите оти се ставени во мирување па така ќе се одморат и Бихаќките ,,тутунари,, и оние пресобраниските ,,тутунари,,,ова ќе трае дали заклучоците од собранието ќе дадат ефект.Сосема разумен потег на вистинските тутунари кој ослободени од манипулациите на двете опции ќе ја чекаат пореалната проценка на откупувачите. |
|
|
|
|
|
|
Од: Karokan |
Датум: 21.01.2011 00:47:05 |
|
G-dine Felix e ovoj komentar donekade ti e pogoden i da recam objektivmo pozicioniran.So nedovolno nijansiranje,no neli zaklucivme deka nijansite ne ti se jaka strana.
Ako toa e taka kako sto naveduvas,a odprilika e taka,togas potpolno pagjaat vo voda tvrdenjata za nekakva manipulacija.Toa,so komentarot sam go iznese,za onie sto znaat da citaat vo epski stil
(megju redovi).p.s. Ednas te prasav na kogo se odnesuvase ona =bugarofil=.Mi se cini deka i samiot znam,no sakav da ti ukazam na izveduvanje zaklucoci bez premisi (fakti)!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Boshko |
Датум: 21.01.2011 06:10:46 |
|
Jas sum proizveduval tutu,lani imashe mnogu po malce tutun vo Makedonija i za toa beshe ubavo platen,koga videa lugeto deka ubavo se plakja tutunot,istite lanski proizvoditeli nasadija duplo povekje tutun a i novi proizvoditeli proizvedoa ubav tutun so misla deka pak ubavo ke se plati,isto kako i lani,Problemot e vo toa shto sega imame duplo povekje tutun a sumata za negoviot otkup ne e duplirana kako proizvodstvoto i sega e problemot takov kakov shto e malku pari a mnogu tutun,kako da se reshi ovaj problem?Edinsveno reshenie e da se plati sredno i da se iznajde sredina,taka shto i volkot da e sit a Jagneto da ostane zivo. |
|
|
|
|
|
|
Од: Зевзекмен |
Датум: 21.01.2011 08:14:51 |
|
па 400-600 мкд извозна цена неможе да покрива 192мкд откупна ... има трошкови, лиценца, фирма,калирање... а зошто пкрупните тутунари не се направат сами фирми , откупни пунктови??
..истото е и со другите култури, таму па Апла.. кај другите може слободно сами да си ги продаваат производите, ама немале време ??? а у Струмица на тезга поскап е доматот отколку во Скопје... оди во околина на Скопје, од нива му го купуваш ти наплаќа иста цена како он што ги продава на пазар ????
..еве Млекарите се жалат сточната храна била скапа, ама не се исплатело ни со своја храна ??
.. а нашето млеко у маркети поскапо од хрватското, а таму надница е 3х поголема ??
овакви работи само кај нас има...м*да за бубрези... |
|
|
|
|
|
|
Од: avganistan |
Датум: 21.01.2011 11:04:08 |
|
Se sekavam koga 96-ta imase protesti vo Srbija poradi laziranite lokalni izbori od starana na Milosevic, toj organizirase kontra-miting na koj se nosea negovi podrzuvaci od vnatresnosta na Srbija. Koga dvete grupi se sudrija na ulicite na Balgrad, eden od kontra-mitingasite potegna pistol i pukajki vo masata trajno osakati dvajca. Sega i na nas ni se slucuvaat kontra mitinzi (zasega so pomal intenzitet) no cela ovaa frka za zal mnogu podsetuva na Belgrad 96-ta. Ne e cudo i kaj nas da pocnat da se potegaat pistoli. |
|
|
|
|
|
|
|
|