Ќе се издаваат документи и в недела
Управните служби при МВР овој викенд ќе работат во две смени на издавање готови лични д��кументи (пасоши, лични карти и возачки дозволи). Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека в сабота од 8,30 до 20 часот сите оние што досега не успеале да ги земат своите изготвени документи, ќе можат да го сторат тоа за време на викендот.
Вратите на Пасошко ќе останат отворени и в недела, на денот на одржувањето на изборите. Па така, управните служби на МВР во периодот од 7 до 19 часот ќе ги издаваат само готовите лични карти, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните за непречено остварување на нивното право на гласање. |