Број 3597  сабота, 04 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
На прво место

Дијаспората првпат го дава својот глас

Вкупно 7.258 македонски државјани што живеат во странство се пријавија да гласаат првпат на парламентарни избори во земјата, кои за нив ќе се одржат денес на шест континенти. Бројката е далеку под очекувањата во земјата кога се најавуваше одлуката, најмногу поради слабиот интерес, немањето податоци за нашите граѓани во странство и тешкотиите да се извадат македонски пасоши. Поради тоа, некои веќе го спорат легитимитет на избраните пратеници, бидејќи зад нивниот мандат ќе застане симболичен број гласачи, некаде толку мал што не беше можно и да се пријават и регистрираат независни кандидати.

Дијаспората ќе избере тројца пратеници во Собранието - по еден во Европа и во Африка; во Северна и во Јужна Америка; и во Австралија и во Азија. Од нив, во Европа и во Африка се пријавиле 4.653 гласачи, во Северна и во Јужна Америка - 1.832, а во Австралија и во Азија - 773 избирачи. Во Европа и во Африка ќе се гласа за осуммина кандидати на македонските партии, во Америка за седуммина, а во Австралија за четворица кандидати. Во сите 38 избирачки места во странство, изборите ќе ги спроведуваат одбори од по десетмина члена, ако успеат да пристигнат сите по нивното хаотично заминување поради пропуштени авиони, необезбедени визи или лоша организација. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 770 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
На прво место
Пред историски испит
Ќе се издаваат документи и в недела

"""