Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Скопје

Се отвора канцеларијата во Брисел

Градот Скопје и ЗЕЛС в четврток ќе отворат заедничка канцеларија во Брисел заради подобро претставување на своите интереси. Како што информира претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, одлуката за отворање на канцеларијата била донесена на Управниот одбор на ЗЕЛС, а трошоците за нејзиното работење заеднички ќе ги делат ЗЕЛС и Градот.

„Целта на работењето на канцеларијата е лобирање за отворање фондови за локалната власт од Македонија и подобар пристап до европските фондови, како и презентирање на програмите и проектите на единиците на локалната самоуправа на Македонија и на Град Скопје во Брисел“, рече Трајановски на вчерашната прес-конференција, истакнувајќи дека Градот размислува и за самостојно претставување во Брисел.

Канцеларијата се наоѓа во зградата на Советот на европски општини и региони (ЦЕМР), каде што членува ЗЕЛС од 2004 година. Зградата е во близина на Европскиот парламент.

ЗЕЛС е втора институција од регионот, по Бугарската асоцијација на локални власти, која отвора своја канцеларија во Брисел. Од градовите во регионот, своја канцеларија во Брисел имаат Сареаво и Загреб. (С.Р.)


#
Статијата е прочитана 295 пати.

Испрати коментар

Од: Buco
Датум: 27.10.2010 01:10:16
Da beshe Trifun gradonacalnik nemashe shansi da bide otvorena kancelarija vo Brisel, Vladata so site sili ke nastojuvashe deka ne e rabota na lokalnata samouprava da se bavi so vakvi"gluposti" zatoa shto drzavata ima organi koi se zadolzeni da ja brkaat taa rabota. Ama neli sega Kocka e prv covek na gradot i nemu se mora da mu bide dozvoleno. Mozebi utre ke posaka da otvori vakva kancelarija i vo Katar

Најди! во Утрински
Скопје
Се подготвуваат лопатите за Карпошовото востание
И в година концерти во руинирана Универзална сала
Чоре се враќа во градскиот Совет






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU