Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Скопје

И в година концерти во руинирана Универзална сала

Наместо нова и престижна за одржување културни манифестации, Универзална сала и идната година ќе остане руинирана иако дури пред две години и премиерот Никола Груевски најави нејзина обнова. Градоначалникот Коце Трајановски вчера информираше оти е неизвесно дали во градскиот буџет за 2011 година ќе се издвојат пари за реализација на проектот тежок речиси 6 милиони евра. Иако главен финансиер е Министерството за култура, свој финансиски удел треба да има и Градот како основач на објектот.

„Ова е доста голем и скап проект. Не е сигурно дали во буџетот за 2011 година ќе има издвоено средства за оваа намена, но сигурно дека тоа ќе го сториме во буџетот за 2012 година“, изјави вчера Трајановски давајќи до знаење дека реконструкцијата на Универзалната сала се' уште е на стенд бај. Тоа неодамна го потврдија и од Министерството за култура од каде што објаснија дека проектот се одложува се' додека не се изготват и проектите за сценската технологија, озвучувањето и други технички неопходни детали. Досега, две години откако се најави обновата на салата, направен е архитектонскиот проект, но без потребните придружни проектни решенија.

Инаку, предвидено е салата да добие нова фасада, надворешна галерија на вториот кат, подземно паркиралиште, проширен влез... (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 329 пати.

Испрати коментар

Од: metripolec
Датум: 26.10.2010 12:31:29
Sto znaci "ruinirana" ? Ke se odrzuvale koncerti vo ruinirana sala ? Prasanje e dali ruiniranava sala ima dozvola, kako takva ruinirana, da prima publika i da ima koncerti . Dali e publikata bezbedna ?
Од: ѓорѓи
Датум: 26.10.2010 14:15:32
пари за триумфална капија има (4,4 милиони евра), а за една соодветна сала во која се одржуваат фестивали и сл. културни настани од битно значење - нема!!! што кажува ова за односот на властите спрема културата во земјата? мизерија. вистинска мизерија.
Од: citatelka
Датум: 26.10.2010 15:24:45
Za starite objekti nema pari, a za lavovi i macki ima. Dodeka ovoj narod ne se opameti ke imame i ruinirani sali, bolnici i ucilista i barokni zgradi, vodoskoci od fekalii, oci-mostovi i sto uste ne.
Од: Скопјанец
Датум: 27.10.2010 06:46:17
Јас би ја урнал и би изградил нова , оваа ми изгледа како привремена барака (шупа) . Еве ви еден театар како би требало да изгледа : http://www.youtube.com/watch?v=Qrv8dYDZlQQ

Најди! во Утрински
Скопје
Се подготвуваат лопатите за Карпошовото востание
Се отвора канцеларијата во Брисел
Чоре се враќа во градскиот Совет






Albana is refused EU candidate status
Macedonia considers €400m IMF crisis loan
Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia