Се монтираат штедливи светилки на два булевара
Во текот на неделава на подрачјето на Ѓорче Петров и делови во Центар ќе се врши замена на постојните светилки на градските улици со нови - штедливи. Предвидено е денеска да се интервенира на булевар „Гоце Делчев“, на улиците „Босна и Херцеговина“ и „Ѓорче Петров“ и тоа од мостот во Сарај кон населба Влае. Градските власти, кои ја спроведуваат акцијата со цел за подолготрајно, а истовремено поштедливо осветлување, велат дека работите на терен ги започнале уште минатата недела. Промената на светилките е започната на улицата „Методија Андонов- Ченто“ и на булевар „Октомвриска револуција“.
Од Градот апелираат граѓаните да не ги паркираат своите возила на тротоарите и во близина на светилките на сообраќајниците на кои се врши промената. |