Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Подновувањето на автобуските постојки чека одобрениe

Повеќето општини имаат позитивен став, но во ЈСП пристигнал само одговор од Ѓорче Петров

Сања Наумовска

Опремувањето на автобуските постојки во урбаниот дел на Скопје доцни поради проблеми со доставата на потребните документи. Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ пред еден месец побара одобрение од скопските општини за поставување урбана опрема на 330 автобуски постојки во урбаниот дел на градот. Иако поголемиот дел од општините велат дека позитивно одговориле и веќе ги испратиле одобренијата, во ЈСП пристигнал само одговор од Општина Ѓорче Петров.

Одобренијата се важни затоа што без нив не може да почне вториот дел од проектот- распишување тендер за приватен партнер со кој ќе се уредат постојките, велат во ЈСП. Оттаму се задоволни од позитивниот став на општинските власти и се надеваат дека проблемите од административна природа и доцнењето на доставата нема уште долго да ја пролонгираат реализацијата на проектот. Во една боја и со иста опрема ќе се уредат автобуските постојки од Сарај до Драчево и од Шуто Оризари и Радишани до Пржино.

Во Општина Карпош велат дека се задоволни од иницијативата на Градот и на ЈСП за унифицирање на автобуските постојки. Во општината има 40 постојки за кои Карпош позитивно се изјаснил и одобрението веќе е пратено до ЈСП. Истото го тврдат и во Општина Бутел, каде што велат дека веќе се уредени сите улици и тротоари каде што ќе се поставува урбаната опрема. Позитивен став имаат и општинарите од Гази Баба, додека во Аеродром барањето се' уште се разгледува. Во Општина Центар комуналната инспекција е на терен и ја утврдува состојбата на автобуските станици, бидејќи, како што велат во барањето, не е содржан елаборат за идниот изглед и водот на опремата која ќе се поставува на постојките. Заради тоа, општинарите бараат состанок со надлежните во Градот или во ЈСП. Во Чаир, пак, велат дека од ЈСП воопшто не добиле барање за издавање одобрение.

„Предвидена е димензијата и видот на опремата која ќе биде поставена на секоја автобуска постојка и која ќе биде унифицирана за целиот град. Тоа секако ќе бидат настрешниците, информативните табли со карта на градот и сите други информации за превозот, клупа, кошница за отпадоци, а на одредени станици каде што ќе има место и телефонска говорница и некои други урбани елементи“, вели Јован Христовски, раковод��тел на Секторот за сообраќај. Тој нагласува дека важен дел од секоја постојка ќе биде и просторот за рекламирање, кој всушност ќе му се даде на приватниот партнер на користење, а дел од профитот ќе добива и ЈСП.


Статијата е прочитана 168 пати.

Испрати коментар

Од: Lotos
Датум: 28.07.2008 10:16:46
Zaklucok: Katastrofalna e sorabotkata megju JSP i opstinite na naselbite, katastrofalna!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
На Кале одбележана годишнината од скопската катастрофа
Се монтираат штедливи светилки на два булевара