Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Писма

Отворено за проблемите на гинеколозите

Авторот и' е познат на Редакцијата

(Повод: текстот под наслов „Матичните гинеколози незаконски наплаќаат за првиот ПАП-тест“, објавен во „Утрински весник“ од 6.12.2008)

Почитуваната новинрка Јасмина Јовановска требала да ја чуе и другата страна поради следново:

Сите матични гинеколози се приватни здравствени установи и имаат договор со ФЗО,без разлика каде се лоцирани (во свој простор, во најмен простор-концесионери или во приватни поликлиники – „Неуромедика“, „Дијагностички центар“, „Интермед“ и др.) и мора да работат под исти услови.

.Првиот ПАП тест за пациентките кои се осигурани е бесплатен кај секој матичен гинеколог, без разлика каде е лоциран и тој е платен од ФЗО на матичниот гинеколог преку капитацијата. Вториот,третиот итн. и ПАП- тестот кај неосигураните лица се наплатуваат и тоа е регулирано со правилник.

Транспортот на биолошки материјал е веројатно регулиран со закон поради опасност од злоуптореба, манипулација и последици за здравјето на транспортерот и околината.

ФЗО, со кој имаме добра соработка и станува се' подобар, да ги контролира сите матични гинеколози, а не по народната не можеш по коњот („Неуромедика“, „Дијагностички центар“, „Интермед“) удри по самарот (концесионерите).

В.д. директорката на ГАК, д-р. Адела Стефанија не е компетентна да го коментира работењето на матичните гинеколози преку медиумите, бидејќи постои реална можност читателите да го коментираат „нејзините тарифи“.Таа нека се преокупира што стана и што остана од ГАК од кога е главен менаџер на ГАК

Сите проблеми во примарната здравствена заштита, а посебно во примарната гинекологија постојат поради немање пакет-услуги кој Министерството за здравство го подготвува веќе две години, но не е ниту на повидок.


Статијата е прочитана 273 пати.

Испрати коментар

Од: jas
Датум: 10.12.2008 08:48:01
Мојот гинеколог исто така ми наплати за прв ПАП тест. Кога го прашав нели е бесплатен? Ми рече дека овие 600 денари се за трошокот што тој ке го однел на анализа, за бензин на неговата кола. Јас навистина не знам што кола има тој, што троши 600 денари за бензин, а и не ми даде ни фискална. Требаше медицина да идам на факс, не економија :)

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Економско харикири на Владата