Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Писма

Економско харикири на Владата

Марко Пецески, Австрија

Статистиките за странски инвестиции во Макеdонија во последната деценија се вообичаено без парите од продажбата на „Телеком“ и „ЕСМ дистрибуција“. Просечните странски инвестиции во годините по добивањето на независност изнесуваат околу 100 милиони долари годишно. Тоа е добра практика, бидејќи тие се толку големи пари што ја деформираат сликата за просечната вредност на инвестициите. За потсетување на јавноста со продажбата на „Телеком“ доби тогашни 750 милиони германски марки или 375 милиони евра. Од продажбата на „Електродистрибуција“ се добија 220 милиони евра.

Само со оваа споредба може да се почувствува колку значајни беа 700 милиони евра инвестиции на РВЕ за „Чебрен“ и „Галиште“. Тие ќе се реализираа за седум години. Тоа значи дека само од еден проект Македонија ќе го исполнеше просекот на инвестиции од последата една и пол деценија. Сите други инвестиции би биле дополнителни. Уште позначајно ќе беше тоа што со ова не се продаваше трудот на генерации македонски граѓани како со македонскиот „Телеком“ или нашата „Електродистрибуција“, туку требаше да се создаде нова вредност. И повеќе од тоа, тоа беа чисти пари кои во најголем дел ќе останеа во земјата. Тоа не е инвестиција во која 80 отсто вредноста, т.е. опремата и машините се произведуваат во странство, а потоа се монтираат во Македонија. Машината ќе беше бетонската брана во долината на Црна Река, вредност создадена во Македонија.

Со овој проект Македонија ќе се катапултираше на првото место по директни странски инвестиции во Југоисточна Европа.

Смешни се и премногу евтини се изјавите на министерот Бесими дека имало отстапувања од тендерските критериуми во врска со должината на концесијата и затоа не можеле да се споредат понудите. Како зад секоја понуда да не стои некоја калкулација за исплатливост и време за враќање на инвестицијата. ЕЛЕМ со сигурност ги калкулирала своите инвестиции во „Козјак“ и „Св. Петка“ и сигурно има луѓе кои можат да ги споредат овие вредности. Во случај ЕЛЕМ да нема луѓе, има во Европа и во светот доста консалтинг-фирми кои можат за неколку дена да извадат податоци од „фиока“ и за десетина илјади добро инвестирани евра да дадат компетентен одговор.

Граѓаните се сеќаваат дека Груевски го поништи тендерот на Бесими за ТЕЦ „Неготино“ и се прашуваат дали е ова еден реванш на Бесими? Господа министри, вашите суети не ни се важни нам. Нам ни треба струја и подобра иднина на нас и нашите деца.


Статијата е прочитана 668 пати.

Испрати коментар

Од: ace
Датум: 10.12.2008 09:13:46
Ne znam sto se zalis be Marko, pa vo Avstrija sigurno ima struja... i idnina za tebe i tvoite deca.
Од: biljana
Датум: 10.12.2008 11:35:18
Gospodine Peceski, sekoj zbor vi e na mesto. No kolku i da pisuvame, za zal ne moze da gi smenime rabotite. Zalne e ne-efikasnosta i indiferentnosta na Mekedonskata vlada za vakvi esencijalni prasanja. Kakva farsa e samo nivnata "navodna" angaziranost i "strateska opredelba"" da se investira vo energetikata. Makedonija, za zal, se uste tone i ke tone vo mrak - bukvalno i simbolicno. Zarem nema vo ovaa nase drzava nekoj so vizija? Vtoriot po golemina germanski energetski koncern RWE saka da vlozi 0,7 milijarda evra vo Mariovo, i nie mu vikame "NE"? Dali sledniot tender ke go dobie turska firma, bidejki ke podeli nesto megju ministrite? Najgolemiot evropski energetski koncern E-ON (isto od Germanija) ne ni ucestvuva na Makedonski tenderi - verojatno deka znajat deka toa e za niv izgubeno vreme i pari. Ni 20 godini perfektno rabotenje sega nema da ne spasat za da si go smenime katastrofalniot imidz! Steta! Navistina harikiri na vladata, no ne samo ekonomsko, tuku vo sekoj pogled!
Од: ekonomist
Датум: 10.12.2008 14:18:24
Poradi raznorazni sueti,lichni ili partiski interesi i nestruchnost na chlenovi vo vladata(ne samo vo ovaa,taka i vo prethodnite) Makedonija zagubi ili propushti mnogu priliki ekonomski da napreduva.ako se vratite nanazad prva golema greshka beshe donesuvanje na zakonot za transformacija na opshtestveniot kapital,koj ovozmozi razno razni malverzacii i preminuvanje na ona shto bilo sozdavano so decenii od mnogumina,vo racete na malkumina za sitni pari.Taki Fiti na vremeto ne mu dade pristap na VW-Audi za montaza na A-3 vo Makedonija i mnogu slichni sluchai.Za zal taa praksa ke prodolzi i prvo ke se gledaat lichnite interesi,pa posle drzavnite interesi.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Отворено за проблемите на гинеколозите