Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Едиторијал

Едиторијал

Партиjата е сила, незнаењето е моќ

Соња Крамарска

Знаењето е сила, знаењето е моќ - е кампањата на Владата за масовно образование на младите. Но, знаете ли што се случува зад овој слоган? Партијата е сила, незнаењето е моќ. ВМРО-ДПМНЕ одлучи сите наставници и професори кои не ја уживаат нивната партиска заштита да бидат отстранети од основните и од средните училишта, а на нивни места да дојдат членови на оваа партија и на „коалициските партнери“.

Оваа срамна партиска чистка се случи со помош на одредбите од Законот за вработување на определено време. Ви завршија договорите за работа на определено време, немаме законска обврска да ви ги продолжиме. Локалните комитети на ВМРО-ДПМНЕ беа со полни раце работа. Разни партиски моќници, некои од нив и со основно образование, решаваа до доцните ноќни часови кој професор или наставник ќе биде отпуштен. Направија и списоци кој треба да биде примен. Списоците му ги предаваа на градоначалникот, а градоначалникот на директорот на училиштето.

На местата на наставници и професори со положен стручен испит се примени кадри без таков испит иако според законите за основно и за средно образование е услов за изведување настава. Но, тоа на локалните шерифи, помогнати со благослов од партиската централа во Скопје, не им е важно. Важно е да се сместат партиските јуришници кои „трчале“ на последните локални избори и се заслужни за победата на градоначалниците и на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за образование Никола Тодоров, иако во август ја обнови спогодбата со СОНК за продолжување на договорите за работа на наставниот кадар, бесрамно даде изјава дека „не може да им се меша на градоначалниците“ во изборот на наставниците. Да, градоначалниците се компетентни за избор на наставен кадар. И не само тие, туку и општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Какви процедури, какви комисии.

Своја улога во оваа чистка одигра и некогашниот борец за правата на просветарите Дојчин Цветановски. На избезумените истерани наставници тој по телефон им велеше дека ќе им помогне, а пред новинарите се обидува да ги прикрие случувањата. Дојчин Цветановски во оваа чистка застана на страната на партијата на власт.

Премиерот Никола Груевски и неговите соработници со полни усти демократија од Скопје зборуваат за крупните реформски чекори со кои ја водат Македонија кон Европа. Тие не ги слушнаа пукотниците во Гостивар кога еден директор на осново училиште застрела сопруг на истерана наставничка. Додека Груевски ги воспева демократските дострели на неговата влада, навечер тој и оние до него, ги креваат телефоните и тивко ги охрабруваат градоначалниците да ја вршат чистката.

Паднаа и жртви за демократијата. Во вистинска смисла. Директорот на едно основно училиште што се дрзна да не го прифати списокот на комитетот на ВМРО-ДПМНЕ за отпуштања и вработувања, следниот ден беше разрешен. Што се правата на директорот во споредба со правата на партиските јуришници и шерифи. Кои се неговите познавања од образованието во споредба со раскошните партиски перформанси на митингашите на ВМРО-ДПМНЕ.

Жално но вистинито, партиските чистки во образованието се случуваа пред очите на еврокомесарот за образование, Јан Фигел, кој деновиве беше во посета на нашата земја. Сардисан од сите страни со премиерот, претседателот и другите од ВМРО-ДПМНЕ и со убави вести за напредокот на образовниот процес во земјава, тој не ги виде вистинските случувања на теренот. Не е првпат.

Очајни, отпуштените наставници и професори седнаа да пишуваат тужби за политичка дискриминација. Никој не им даде друго објаснување зошто не им се продолжени договорите за работа. Иако сите знаат дека партиската комисија решила така. И покрај сите убави зборови за партиска непристрасност и политичка неутралност, во Македонија се случуваат погубни процеси. Партијата е сила, партијата е моќ.

 


#
Статијата е прочитана 1505 пати.

Испрати коментар

Од: ја
Датум: 05.09.2009 00:26:23
Да,да така е тоа кога на избори не знаат за кого да гласаат или ги понесла еуфоријата по мистер Рејтинг па сега Цацко им е крив.Сепак мислам дека еден огромен дел од нив изборите ги преспиваат бидејќи сметаат дека „Тие си завршиле работа“ и апстинираат од гласање или се неутрални.За крај им се извинувам на сите оние кои не се препознаваат во коментарот.
Од: bramoni
Датум: 05.09.2009 00:55:47
Mesto Burmali djamija, Elena i Konstantin, Sv,Nikola?? vlasta treba da se pozanimava so najsustestvenite problemi, a toa e obrazovanieto i vospituvanjeto na idnite generacii, koisto se hendikepirani vo start, ucat od tetratki, odnosno ne ucat nisto, znaci sozdavame nepismeni generacii (kako onoj kutriot Ace od Avstralija, gospod da mu e na pomos). Inspektoratot (na TV) izjavi deka ima 140 lica vraboteni so nesoodvetno obrazovanie mesto tie sto rabotele po dogovor na delo i nikomu nisto. Pa do koga ke gi trpime ovie ajvani( se izvinuvam sto koristam zbor od turko poteklo)? Da ne ispadne deka povikuvam na nasilstvo, no da imam dete sigurno bi izlegol vo planina. I da se razbereme, ne gi povikuvam ni Brane nitu albanskite komandanti. Preku nos mi e dojdena 18 godisnata tranzicija i tortura.
Од: реален
Датум: 05.09.2009 00:59:34
Можете ли да замислете што ке се случуваше во Македонија оваа што го прави ДПМНЕ да го правеше СДСМ, моја претпоставка е дека државата ке гореше во пламен и дека ке имаше невидени демострации до сега - да стане од гробот Ј.Б.ТИТО и да го види овој спектакл сигурно би се прекрсил неколку пати и би прашал дали тоа е вашата демократија.
Од: mitko za logikata na rabotite
Датум: 05.09.2009 01:04:56
Ako edna grotesktna figura vo forma na srednoskolski strucnjak so repce - Gjorcev moze da odlucuva koj diplomatski ke ja zastapuva ovaa zemja, togas moze i lokalnite partiski moknici so osnovno uciliste da odlucuvaat koj ke predava vo ucilistata!
Од: NADEZ
Датум: 05.09.2009 03:49:44
Jasno in e i na vrapcinjata za zal vo Makedonija groto od naselenirto e nepismeno sto znac nese vo sostojba de razoniraaat so sopstvenata "glava" za toa ne samo N.Gruevski no i bilo koj ovcar i da e vazno e da e lider na VMRO drigite elementi za takov nepismen narod sa mrtvi, Makedonija ima fakultetivna intelegencija no vo sporedbata na nepisminite na seto tova koga ke se dodade totalna nepismeni e ramno na katastrofa a vo demokratskoto opstestvo normalno e vekina pobeduva i ja vodi drzavata megunarodnata zaednica budno ja prati sostojbata vo drzavata no nemoze mnogu da stori principot na demokratijata e princip za ??????.
Од: koki
Датум: 05.09.2009 06:43:54
Se sekavate na NOKTA NA DOLGITE NOZEVI od Hitler i Nacional soc.partija vo predvecerieto na Vtora svetska vojna...... eve makedonija si go izrodi i Makedonskoto Hitlerce.....vikano Mister Rejting.....
Од: Mene do Vas
Датум: 05.09.2009 07:41:42
I jas sum protiv znaenjeto. Me napravi prosjak. Magistar - pljuc, pljuc, pljuc Podobro Baraba i tepac. Site go razbiraat toa znaenje i govor.
Од: Пинг
Датум: 05.09.2009 07:59:35
Вреди да се коментира. Сепак во написот недостасуваат факти. Често во моите коментари нагласувам дека од новинарот очекувам да НЕ го наметнува својот став, туку тоа да го остави на читателот. Во претходните денови преку разни медиуми беа изнесени одредени бројки. Доколку се точни тие информации, тоа е грозно. Значи вистинити се гласините дека по Комитетите на ВМРО ДПМНЕ врие од незадоволство.....Според мене доколку онеправдените помош побараат кај опозицијата, нема ТРАЈНО да го решат проблемот. Многу зезнато, не се сеќавам дека вака било и во “тврдиот“ комунизам. Поздрав до сите Ваши и наши. Посебен поздрав до оние кои не знаат или не сакаат да пишуваат КИРИЛИЦА
Од: ??
Датум: 05.09.2009 08:30:50
Така е, за жал! Но уште пожално е тоа што и овие што критикуваат се исти. Потполно исти! Знам, затоа што познавам професори кои работеле по договор на дело и избркани се од работа само затоа што немале “спонзор“ од некоја партија, во конкретниов случај “спонзорот“ требаше да биде од СДСМ. Решение - нема! Јас не гледам! Се е во рамките на легалното! Единствено, да се родат повише деца, за да има повеќе училишта и со тоа и повеќе работни места за купиштава невработен образовен кадар. Што би предложиле вие?
Од: Alek
Датум: 05.09.2009 09:19:55
До драгите мои отпуштени колеги: Лани кога мене и уште дваесетина колеги не’ отпуштија на таков безобразен и нечовечки начин, вие си молчевте, мислејќи дека тоа е изолиран случај. Реков дека ова поголем процес и дека оваа ужасна власт нема да остане само на тоа. Разните инспектори нема да ви помогнат, тие се дел од играта, ќе паднете на суд оти судовите се инструирани и „фатени“. Како паталец ви кажувам. Само што поголема медиумска галама и ПРОТЕСТ што поскоро! Иако лани си молчевте, ќе застанам како поддршка и на протестот и пред медиумите.
Од: ber
Датум: 05.09.2009 09:35:13
Kako nekoi se pogodeni, koga se raboti za sestrickata, kojasto se mota po malku i vo stabot na Vmro, ama i vo Sds. Kako gi vikaat tie? Spioni. E za niv nema mesto nikade. Totalni nevistini vo tekstot. Neprovereni informacii i neprocitan zakon, a se citira. Pa, ne e ova Radio Berovo.
Од: Трпе.
Датум: 05.09.2009 09:48:16
Поминаа времињата кога се велеше дека знаењето е богатство.Се виде дека се се постигнува со насилство па ова влада одлучи да рекламира дека ако научиш да бидеш силеџија ,успеваш во животот.А и кому му треба до знаење кога и без знаење се доаѓа до највисока функција ,кога партиската книшка е моќ.Вакви работи како што се случуват сега во државата не е било ни во едноумието.Иако ова ЕПП власт љуби да воведе едноумие.Но не како она во СФРЈ туку нешто од овие екстремните.А може да не биде и социјализам болје е империализам.
Од: dedo dimo
Датум: 05.09.2009 10:17:02
Makedonija sprema ziteli vo svetot ima najpoveke Diplomi a pak znaenje ,toa e druga stvar .Redno vreme e prosvetata da se odtarasa od nekoj Jajchari ,shto odceni davaat so mito .Duri toa se pravi nema znaenje a i nema napredok vo drzavata .Zatoa e i drzavata dovedena vo ova polozba da pregovara za sopstvenoto ime .
Од: straso
Датум: 05.09.2009 10:23:08
Ова мора да помине, само треба време. Сега ова го прават оние неписмените од општинските комитети за своите противници од другите партии. Но, има време. Истото ќе почнат да го прават и за оние учените од ВМРО, затоа што и тие им сметаат на овие првите, па така лекувајќи си ги своите комплекси ќе не донесат на работ на бездната. Затоа интелектуалци од ВМРО, разбудете се оти и Вас ќе ве изеде помрашината на простаците.
Од: andrej
Датум: 05.09.2009 11:45:26
Veke se e mozno od vmrovskiot diktator Grujo!!!Tie sto sega gledaat seir, neka ne se sekiraat i niv ke im dojde redot!!koga kuti narodov neka sproveduva fasizam VMRO!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 05.09.2009 12:41:59
Што правиме со неопределените партиски наставници и професори,тие никогаш не се воигра за добивање работно место.Оваа грда слика на партиски вработувања и бркање на предходните партиски вработени се јавува секои 4-5 год. и така циклично се повторува.Така беше на времето во ЕСМ вопериодот 1998-2оо2 год.примање кадри од ВМРО за потоа 2--2-2006 год. општа чистка и примање кадри на СДСМ.Така неопределените остануваат по ходниците на бирото за вработување а овие другите барем 4-5 год, заработуваат по нешто.
Од: terezija
Датум: 05.09.2009 12:42:02
Izlishno i pred se'PONIZUVACHKI e da se troshat zborovi ili bilo kakvo polemiziranje po "ova prashanje"...Postoi samo edno objasnuvanje :TALIBANIZACIJA !
Од: Др. мед. Крсте Н.поп/Стефанија
Датум: 05.09.2009 16:21:55
Овој пат госпоѓо крамарска во потполност се сложувам со заглавието на статијата, за све треба време нели!? крсте впоп-стефанија
Од: Profesor
Датум: 05.09.2009 21:52:19
G-go Kramarska, odlicen natpis. Samo nikoj ne kazuva kolkava e brojkata na onie koj bea otpusteni na 01.Septemvri a na 04. 09 vrateni so po nekolku casovi, za da ne se smetaat za isterani, nitu da imaat pravo na tuzba, na koja ministerot povika. Im se frli korka, SRAMOTA ova li e drzava ???? I nie sme bile za vo Evropa. Unisteni egzistencii preku nok.
Од: dimi61
Датум: 06.09.2009 13:08:56
Само просекот го одржува вмро кога е на власт.Па сетете се кога вмро е на власт и треба да организира некакви избори има пукање и жртви, па така и сега. тоа не можеја да го направат на изборите па се случува сега.Важно да се исполни просекот.

Најди! во Утрински
Едиторијал