Број 3316  петок, 25 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Втора страница

Поглед

Јорго и Никола

Тамара Грнчароска

Е, и така се можело. Со насмевка, со стискање на раката, со лаф-муабет, па макар и за името, премиерите на Македонија и на Грција, конечно, се спријателија на свој начин. На Никола Груевски и на Јоргос Папандреу политиките за клучното билатерално прашање меѓу двете земји им се спротивставени, но по се' изгледа, личните односи им се затоплуваат. Па, за девет месеци шестпати се видоа, а за идната недела ја закажаа и седмата средба. Некои луѓе ни со сопствените браќа и сестри не се гледаат толку често.

А гледањето на Јорго со Никола е добро. Ако ништо друго барем покажува дека македонскиот и грчкиот политички естаблишмент не мора да се гледа еден со друг преку нишанот на политичкиот „снајпер“. Не мора да си испраќаат пораки преку медиумите во двете земји, туку можат да си ги кажат работите в очи. Она, пак, што се пренесува дека си го кажуваат, е позитивно, конструктивно. Дури и именувањето стана полично. Папандреу го посочи македонскиот премиер на самитот на Југоисточна Европа во Истанбул, по име. „Јас и Никола презедовме иницијативи и нови напори за да го решиме ова многу важно прашање“, рече Папандреу, зборувајќи за спорот околу името.

Но, позитивната енергија што се пројавува на средбите меѓу Груевски и Папандреу мора да се искористи за вистинско приближување на позициите на двете страни во спорот и за крајно решавање на името. Ако треба, двајцата премиери нека се гледаат и нека си муабетат секоја недела. Нека се канат на ќебапчиња во Скопје или на гиро во Атина секој викенд, но само нека го решат она што на сите ни виси над глава и од чие решение зависи иднината на генерации Македонци. Во спротивно, позитивната енергија од нивните чести средби ќе биде залудно изарчена.


#
Статијата е прочитана 1985 пати.

Испрати коментар

Од: Mite
Датум: 25.06.2010 00:10:43
dosta mlatenje prazna slama...koga EU ke saka da vlezeme vo EU ke se reshi se... a osven toa sto pa Crna Gora i Srbija ne grizat za NATO i EU ?? Se se ova prikaski za mali deca... Bugarija i Romanija aber nemaat se ushte ama gi napikaa zaradi Rusija... Hrvatska ja drzat vo cekalna no ne mozat premnogu bidejki papakot im e vo Jadran , im treba brgu da stignat tamu.. a nie sme gazolizaci, ednash zeleznicarite strajkuvaa i odma policija gi podbra, a grcite zajdoa od blokiranje na se zivo i divo i muva ne gi laze.....
Од: Afion
Датум: 25.06.2010 01:26:48
A koj e vasiot predlog za resenie Tamara?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 25.06.2010 06:41:10
Кога ќе се осврнеме наназад и кога ќе видиме да играчите за кој така жустро се навива,ниту се сретнаа ниту некогаш им го видоа лицето на оние за кој се велеше дека времето работи за нас а против нив,плус гарнирано со машкоста за непроменување на името.Е сега имаме обратна ситуација медиумски поткрепена за ,,дајте бре решение,доста се среќававте,,па утре ,,држте ги предавниците го сменија името,, и се така по ред од независна медиумска гледна точка.
Од: "vodolija"
Датум: 25.06.2010 08:32:15
Bravo Tamara ! Faktickata sostojba poleka izleguva na videlina. Deka, Gruevski i Gjorgo ke go resat imeto so kebapi DA, NO, ako se dogovorat KOLKU GJORGO treba da im plati OBESTETUVANJE na Egejcite, poradi nivnoto proteruvanje za vreme na gragjanskata vojna na Grcija. I, toa nema da bide,TAEN dogovor nitu Predavstvo na Makedonija i makedonskiot multi etnicki gragjanin na Makedonija. Mnogu pomina uste malku ostana do vistinskata fekticka sostojba na Makedonija !!? Molam Vebmasterot da go objavi napisanoto, bidejki videlinata se priblizuva,a ova e znacajno za citatelite !!??
Од: King George до: Afion
Датум: 25.06.2010 08:59:30
Верувам дека решението на Тамара се совпаѓа со оној на Хорхе Миноре I и на Νικοσ: Разумен Компромис, кој всушност, не значи ништо друго освен: Разумен Компромис! :)
Од: Nikola-Germanija
Датум: 25.06.2010 09:13:49
Se sekavate na minatata godina koga letoto se sirise lazniot optimizam za "golem cekor napred vo sporot",samo da se dobie pozitiven izvestaj od EK,pa za na kraj site nadezi ne samo da pagjat vo voda,tuku i poziciite na dvete vladi se radikaliziraa povtorno?Odamna veke mislam deka dvete vladi si "sorabutvaat" vo pravecot da ne se resi sporot,bidejki i edniot ni drugiot nemat interes za toa.Na Nikola rejtingot mu pagja vo ista brzina kako sto mu rastese;a Papandreu od gledniot agol na grckata javnost ne smee barem vo sporot so MK da popusta koga veke i gi skrati penziite i site od EU financirani "beneficii".Taka ke bide vo slednite meseci;ne ocekuvam nisto spektakularno,osven nova Evropska slakanica za Gruevski i negovata nesposobna vlada.Cudni mi ste vie vo MK,koga,i vo toa sum ubeden,najmalku edna1/4 zedovte bugarski pasosi i stanavte drzavjani ne zemja koja go negira MKskiot identitet,a od druga strana sakate da go odbranite identitetot.Pragmatizam na pogresno mesto,samo toa ke recam.
Од: Професорка
Датум: 25.06.2010 10:50:56
Треба да се биде многу наивен или замижан па да се верува дека со кафе муабет се доаѓа или се сака да се дојде до решение. Целава работа ми личи за тотална глупост ние Македонците од денешна, модерна Македонија да сме заложници на имотите на Егејците. Е па не вредат сигурно колку целата иднина на нашите деца. Конечно и тој проблем полесно ќе се решеше ако станевме рамноправна членка на ЕУ. А вака, ни имоти ни иднина за земјичево. Само пропаѓање на народот и диво богатење на “патриотите“.
Од: nekoj
Датум: 25.06.2010 12:30:43
Do Mite, Afion, Feliks i slicni komentari. EU ima 27 zemji clenki, primerot sto go davate so 3-te balkanski, ne mi znaci nisto. Makedonija moze da postigne mnogu poveke od niv koga bi gi nemalo aramiite kako vas.
Од: Visok diplomat
Датум: 25.06.2010 14:15:31
Sega treba RM da im reche na stranite faktori deka nie ke go reshime problemot so IMETO na poinakov nachin! Ke pregovarame, ama ke pobarame vo septemvri i Sovetodavnoto mislenje (preku Generalnoto sobranie na OON) od Megunarodniot sud za legalitet na denominacijata BJRM i obvrska za razgovorite za imeto (praven identitet)! Znachi treba na stranite dipomati da se kazhe da pristapuvame kon pravno reshavanje na problemot i nema da primarno barame reshenie preku razgovori/pregovori za imeto!!

Најди! во Утрински
Втора страница
Новиот амбасадор во ЕУ оптимист за датумот
Дежа ву скандал во Стразбур со името
Вербатим