Број 3316  петок, 25 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Втора страница

Новиот амбасадор во ЕУ оптимист за датумот

Новоименуваниот амбасадор во Европската унија, Никола Поповски, оцени вчера дека проширувањето останува приоритет на ЕУ, и дека тоа ќе биде случај и со белгиското претседателство со Унијата, кое започнува од 1 јули.

„Убеден сум дека и белгиското претседателство, како и претходните ќе го постави на агендата прашањето со проширувањето и ќе добие тежина што ја заслужува. Мислам дека со секој настан нашите европски партнери потврдуваат дека членството на Македонија во ЕУ е факт кој ќе дојде до своја реализација“, рече Поповски, кој вчера пред Комисијата за надворешна политика ја претставуваше својата амбасадорска платформа.

Тој смета дека дејствувањето на Македонија во евроинтеграциите треба да тргнува од фактот дека долгорочно Унијата на М��кедонија гледа како на земја членка.

Поповски, инаку, е еден од двајцата или тројца нови амбасадори за кои е сигурно дека ќе замине наскоро на функцијата, бидејќи поради мерките на штедење останатите ќе почекаат до јануари идната година. Може ли Македонија да си дозволи во критична фаза од преговорите за името да нема амбасадори во Атина, НАТО, ЕУ и во други центри“, го запраша вчера експремиерот Владо Бучковски актуелниот премиер Никола Груевски. Одговорот на Груевски беше ни риба ни девојка, односно навидум демантираше дека тоа ќе се случи, но дирекно ги посочи само амбасадорите во ЕУ, НАТО и во Атина како сигурни на листата што ќе заминат.

Практично, моментно Македонија нема амбасадори во Атина и во Софија, бидејќи и двајцата се подготвуваат за новата функција, а Поповски не може да не замине од земјава, бидејќи Брисел му е приватна адреса.

„Новиот амбасадор ќе замине во Брисел во текот на јули. Слично ќе биде и со новиот амбасадор во НАТО, а другите амбасадори во наредниот период ќе заминат исто така“, одговори премиерот. И да има отсуство на амбасадорите од 15 до 20 дена, тврди тој, не е проблем, бидејќи таму има амбасади и луѓе кои си ја работат својата работа. Според Груевски, во времето кога Бучковски беше премиер и пред тоа, многу често по повеќе од пет-шест месеци се доцнеше со испраќање амбасадори.

Груевски практично му реплицираше на шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, кој пред три дена потврди дека состојбата не е најдобра и дека МНР мора да штеди на некој начин за да не затвори некои од амбасадите. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 1049 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 25.06.2010 05:49:13
Дали е вистина дека Пастирот бирал сите да бидат помлади од него.Пелените дали сами си ги плаќаат?
Од: Hello Swazilland
Датум: 25.06.2010 08:40:01
A zosto uste nemame ambasadi vo Tobago I Svazilend. pa znaete deka tie se mnogu znacajni szemji so koi treba da ja intenzivirame sorabotkata, a i ni se slicni po ekonomskiot razvoj i mentalitet.
Од: b
Датум: 25.06.2010 09:35:27
Ако го мисли она што го зборува, тогаш не е ни дипломат, а камо ли слаб дипломат. Македонија ке добие датум тогаш, кога ке го реши спорот со името, во спротивно не е на никоја и ничија агенда. Толку јасно ни е кажано, што и ние, неписмените за дипломатија го разбравме и знаеме!

Најди! во Утрински
Втора страница
Дежа ву скандал во Стразбур со името
Јорго и Никола
Вербатим