Број 3319  вторник, 29 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Прилепчанец дома чувал археолошки предмети

ПРИЛЕП - Од куќата на осомничен прилепчанец за противправно поседување артефакти вчера беа изнесени неколку скулптури, кои, најверојатно, биле пронајдени на локалитетите во Прилепско. Екипи од полицијата и експерти за културно наследство со часови се обидуваа да го организираат транспортот на масивните скулптури, кои тежат по неколку тона, а го краселе дворот на осомничениот.

„Овие се фрагменти од вредна архитектонска декоративна пластика со орални и животински мотиви. Има една вредна статуа на некој машки великодостојник со нови драперии. Тие се чест прилог на богати храмови на гимназиони, каков што  е оној во археолошкиот лока��итет Стибера. Така што претпоставуваме дека тие експонати се од околината на Прилеп, но, сепак, со дополнителна експертиза точно ќе се утврди каде припаѓале“, изјави д-р Звонимир Николоски, инспектор во Управата за заштита на културното наследство.  Како што изјавија експертите од Управата, културното наследство нема парична вредност, но е неприкосновено. Затоа обврска на секој граѓанин е се' што ќе пронајде да го пријави до надлежните институции, кои потоа ќе го заштитат и ќе го презентираат. „Ова се само помасивните предмети што не успеавме да ги изнесеме првиот пат во четвртокот “, изјави Илчо Бојчевски, раководител на Одделението за превенција во Управата. Сите изнесени скулптури ќе бидат однесени на вештачење за да се утврди нивната археолошка вредност и периодот од кога датираат. (Мн.Т.)


#
Статијата е прочитана 1093 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 29.06.2010 11:19:44
Не велам дека Маке е невин за изнесениве работи..Ама , падна како жртва поради несогласувањето ( велат имало и шамар) со главниот пролепчанец на ВМРОто...
Од: Ајван Доктор®
Датум: 29.06.2010 12:24:46
Занимливо беше да се гледа како „нежно“ ги Тркалаат (како обични камења) одземените предмети со Непроценлива Вредност, за да ги внесат во Камионите!
Од: svedok
Датум: 29.06.2010 13:29:22
ne eden,tuku tri teski samari(slakanici) make mu vlepi na gradonacalniko
Од: Milan
Датум: 29.06.2010 15:32:44
Ova li e kriminal be ajvani policiski makedonski,onie sto bea dileri na droga,oruzje,sto ubivaa nevini luge sega se politicari,inspektori,ministri,a eden obicen biznismen sto ednostavno stavil eden obicen kamen koj ne e nisto povekje od onie pred vlada ke si zagazi za nisto.Bog da cuva od vakvo MVR.

Најди! во Утрински
Хроника
Паниката стивна, но исчезнатите деца ги нема
Камион прегази жена кај Штип
Грабежот во Прокредит банка пред Апелација