Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Задолжителна котизација од наредната сезона

Клубовите ќе бидат обврзани да обезбедат одредени средства чија висина допрва треба да се прецизира

Сашко Ѓ. Димовски

Требаше да се направи многу порано, но како што за се' друго никогаш не е доцна, тоа важи и за воведувањето котизација за учество на фудбалските клубови во домашниот систем на натпреварување. Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својата последна седница донесе одлука да воведе котизација за екипите во првата, втората и третите лиги. Висината ќе биде различна во зависност од натпреварувачкиот ранг, а ќе се одреди во серијалот состаноци и консултации со клубовите што од ФФМ го најавуваат за месец јуни. Воведувањето на котизацијата е во спрега со имплементацијата на лиценцниот систем за екипите и во домашната сцена од наредната сезона. Заедничко за двете (котизацијата и лиценца) е финансискиот момент во иднина ќе им налага на клубовите да работат исклучиво преку жиро сметка.

Тоа значи дека зелено светло за играње фудбал во наредната сезона ќе добијат само оние екипи чии спонзори ќе можат да одвојат одредена сума на средства (за првата лига таа не треба да биде помала од 100.000 евра) и ќе добијат лиценца дека ги исполнуваат условите и критериумите пропишани од Европската фудбалска асоцијација кои ФФМ е должна да ги преслика во локални рамки. Притоа средствата на екипите ќе одат на посебни сметки во кои ќе лежат до крајот на натпреварувачката сезона. Фудбалската федерација на Македонија, во меѓувреме, ќе има овластување да активира котизација на одреден клуб доколку истиот не изврши навремена исплата на трошоци за службени лица за натпревари, плати за фудбалери и тренери, и слично. Ако, пак, сезоната ја мине коректно и со навремено подмирени давачки, парите му се враќаат на располагање на клубот. Во спротивно, клубот ќе нема право да рефундирање на средствата и тие ќе завршат за развој на младинскиот фудбал.

Со воведувањето на котизација ќе се регулираат некои работи во мак-фудбалот. Ќе бидеме начисто со фудбалските работници дали се за фудбал или за нешто друго. Општ е впечатокот дека ќе нема повеќе „играм - не играм“ среде сезона, играчите и тренерите ќе добијат поголема сигурност, а не да бидат во немилост на клубовите, ситуација, која, за жал, во не толку мал број случаи е наша фудбалска реалност.


#
Статијата е прочитана 310 пати.

Испрати коментар

Од: goran gancev
Датум: 15.05.2010 00:16:36
konecno i kaj nas da se svestat kako treba da se rabote,ako stvarno uspee ovaa so kotiizavijata i fudbalot nas skapan ce mrdne od mrtva tockaaa,ova e za pozdravuvanje,nekoj pocnal da razmisluva
Од: Gox
Датум: 15.05.2010 13:04:54
Kako toa 100000 e. ? Ne treba da e pomala od 500000 e. za da moze da se postigne efekt.Pa 100000 e. pari li se ???

Најди! во Утрински
Спорт
Светот под нозете на тинејџерот Пеле
Битка за Прва лига во Кичево и во Прилеп
Интер сака двојна круна, Сампдорија ЛШ
Клементе не спие, смислувајќи тактика за Барса
Бостон во финалето на Истокот, Џејмс најави заминување
Вебер песимист пред Монако
Балканот викендов ќе се трка на Водно
Лазаров се привикнува на Катар
Петтата етапа на Џиро за Пино