Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Клементе не спие, смислувајќи тактика за Барса

Валјадолид в недела на „Ноу камп“ мора да го победи тимот што се бори за титулата ако сака да остане во Примера

Тренерот на Валјадолид Хавиер Клементе свесен е за тешката мисија што стои пред неговите фудбалери во последното коло од Примера.

Валјадолид се наоѓа во тешка ситуација, потешка не може да биде. Со 36 бода е во опасната зона и ако в недела не ја победи Барселона на „Ноу камп“ шансите за опстанок му се минимални.

Валјадолид има ист број бодови со Малага, што го пречекува Реал Мадрид, со Сантадер, кој е домаќин на Спортинг и со Тенерифе, кој гостува кај Валенсија. Две од овие четири екипи ќе му се придружат на Ксерез во втората лига.

Од друга страна на Барса, пак, и е потребна победа за да ја потврди одбраната на титулата.

Клементе деновиве не спие размислувајќи што тоа може да го изненади Гвардиола и неговиот вонсериски тим. „Во понеделникот имав план, а во вторникот смислив нов. Се' до сабота попладне ќе продолжам да го менувам. Но, најважно е да се погрижиме тие да не играат на своето ниво, затоа ќе биде потребно залагање на целиот тим“, кажа Клементе во пресрет на клучниот меч.

„Никогаш не сум водел тим, кој во последното коло морал да го победи лидерот, најдобрата екипа на светот, за да остане во лигата. Важноста на овој натпревар е во рангот на најважните во мојата кариера“, додаде некогашниот селектор на Шпанија и се осврна на борбата за титулата: „Трофејот го заслужуваат и Барселона и Реал Мадрид. Победија во речиси сите натпревари. Како да беа само тие во целиот шампионат“.

На „Ноу камп“ се' е подготвено за славење. Но, Гвардиола ги предупреди своите фудбалери мечот да го сфатат крајно сериозно за да не пропадне забавата: „Се' е во нашите раце, но ако не бидеме максимално сконцентрирани успехот може да го испуштиме. На Валјадолид му се неопходни бодови, а познавајќи го Клементе сигурен сум дека ќе ни ја отежнат работата. Не очекува уште многу пот и трчање до титулата“, вели Гвардиола.

Последно коло: Алмерија - Севилја, Атлетик Билбао - Депортиво, Атлетико М. - Гетафе, Барселона - Валјадолид, Малага - Реал Мадрид, Мајорка - Еспањол, Осасуна - Ксерез, Сантандер - Спортинг Хихон, Сарагоса - Вилјареал, Валенсија - Тенерифе.

Табела: Барселона 96, Реал М. 95, Валенсија 68, Севилја 60, Мајорка 59........ Малага 36, Сантандер 36, Валјадолид 36, Тенерифе 36, Ксерез 33.



Венгер е виновен за неуспехот на Арсенал, вели Ли Диксон



Легендата на Арсенал, Ли Диксон, смета дека филозофијата на Арсен Венгер се покажа погрешна и дека мора да ја менува. Арсенал со години произведува квалитетни млади играчи, н�� останува без трофеи.

„Сезонава имаше премногу лоши работи: неможност за борба во врвот, недостаток на константност и лоша игра без топка. Арсенал им даде шанса на младите, но тоа не запали. Ова лето мора да биде поинаку. Не може група тинејџери да го направат клубот шампион и мислам дека секој е свесен за тоа, секако и Венгер“, изјави Ли Диксон за „Дејли Мејл“.

„Арсенал нема доволно широка клупа и затоа не може да се натпреварува со најдобрите. Мора да се купат барем четири играчи и тоа оние што постојано ќе играат. Напаѓач, голман, централен дефанзивец и играч од средниот ред. Силвестре го даде своето, а не сум сигурен дали Венгер сака Гиру да му ја држи одбраната. Бендтнер не е доволно добар за да биде главен напаѓач. Беше голема грешка што не се купи некој фудбалер кога се повреди Ван Перси“, додава Диксон.


#
Статијата е прочитана 686 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Светот под нозете на тинејџерот Пеле
Битка за Прва лига во Кичево и во Прилеп
Задолжителна котизација од наредната сезона
Интер сака двојна круна, Сампдорија ЛШ
Бостон во финалето на Истокот, Џејмс најави заминување
Вебер песимист пред Монако
Балканот викендов ќе се трка на Водно
Лазаров се привикнува на Катар
Петтата етапа на Џиро за Пино