Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Вебер песимист пред Монако

Марк Вебер ги минимизира шансите на Ред бул за повторување на доминацијата од трката во Шпанија низ улиците на Монте Карло викендов. Тој беше далеку најбрз возач во Барселона минатиот викенд, кога ја освои пол-позицијата со предност од речиси цела секунда. На тоа ја надоврза победата со беспрекорно возење од стартот до целта, во која влезе 24 секунди пред второпласираниот Фернандо Алонсо. Сепак, Австралиецот ги олади тие што очекуваат од него формата од Шпанија да ја повтори и во Монако.

„Исклучителна ситуација беше пол-позицијата со разлика од една секунда“, вели тој. „Мислам дека не може да се очекува да создадеме таква разлика и овде, бидејќи станува збор за краток круг и не треба многу за да се помине. Друга работа е што времињата во Монако по традиција секогаш се многу блиски. Ова е различно поставена патека, местото е уникатно и не можете да го дизајнирате вашиот Ф1-болид за Монте Карло поради тоа што има само една патека како оваа во годината. Тоа е место што многу бара од болидот и од возачот и бара доста различни работи во споредба со другите патеки. Треба да победите со разлика толку колку што е потребно и се надевам дека ние се' уште можеме да го сториме тоа, но дали ќе бидеме еднакво доминантни останува да се види. Смета дека ќе имаме многу, многу компетитивен викенд со Мекларен, Ферари и Мерцедес“.


#
Статијата е прочитана 253 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Светот под нозете на тинејџерот Пеле
Битка за Прва лига во Кичево и во Прилеп
Задолжителна котизација од наредната сезона
Интер сака двојна круна, Сампдорија ЛШ
Клементе не спие, смислувајќи тактика за Барса
Бостон во финалето на Истокот, Џејмс најави заминување
Балканот викендов ќе се трка на Водно
Лазаров се привикнува на Катар
Петтата етапа на Џиро за Пино