Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Македонија во европски проект за намалување на сиромаштијата

Кавадарци - Општина Кавадарци беше македонски претставник на првата средба на европски градови вклучени во проектот „Вистината зад насмевката“, финансиран од Европската унија. Иако Македонија не е членка на ЕУ, таа е вклучена во проектот како земја-кандидатка. На конференцијата што се одржа во Лефкара, Република Кипар, беа претставени состојбите со невработеноста, како и конкретните мерки кои секоја држава ги презема за решавање и надминување на овој проблем.

Општина Кавадарци ја претставија директорката на Фондот за ПИОМ, Весна Ѓоршиева, и Даниел Чолакоски, советник за локален економски развој при локална самоуправа Кавадарци. Од нивното излагање посебно внимание предизвикаа изнесените податоци од акциониот план на Владата за намалување на невработеноста. Конференцијата заврши со усвојување заеднички заклучоци со кои ќе се дејствува во правец на надминување на невработеноста. Притоа, се договорени теми за понатамошна работа на вакви сесии, чии домаќини во наредниот период ќе бидат сите општини-учеснички.

Црна дамка на средбата остави грчката делегација, која на првата работна сесија при презентирањето на Општина Кавадарци бурно реагираше на секое споменување на името Република Македонија, притоа инсистирајќи градоначалникот Александар Панов да ја употребува референцата ФИРОМ. Тој остро се спротивстави на ова со напомена дека уставното име на неговата земја е Република Македонија и остана доследен на употребата на уставното име во презентацијата. Сепак, по барање на домаќинот, како компромис беше договорено во натамошната работа да се употребува само името на Општината, без името на земјата.

Проектот „Вистината зад насмевката“ е интернационален проект што вклучува општини, социјални служби и агенции за вработување од седум града во Европа. Покрај Кавадарци, во проектот се вклучени Лефкара од Кипар, Александрија од Грција, Колиндрес Шпанија, Мандело дел Ларио Италија, Млава Полска и Насауд од Романија. Приоритетна цел на проектот е борба против сиромаштијата и невработеноста и подобрување на животниот стандард на луѓето. (А.Д.)


#
Статијата е прочитана 535 пати.

Испрати коментар

Од: jimmy1
Датум: 19.08.2011 07:38:32
Ako odite po evropski proekt ke bideme mnogu posiromaski, Evropa nema pozitivni proekti tuku krizni. Cela EU e vo kriza, vo raspad.

Најди! во Утрински
Македонија
Градежни работници исфрлале фекалии во Охридско Езеро

"""