Број 3621  понеделник, 04 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
На прво место

Преговорите за владата влегуваат во финиш

Преговорите за состав на старо-новата владина коалиција влегува во финална фаза. Како што се дознава, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе ги поделиле ресорите и директорските места, но се' уште нема конкретни имиња кој ќе раководи со министерските и со вицепремиерските места, кои ги доби партијата како дел од власта. Во текот на оваа недела интегративците треба да одржат и состанок на Централното претседателство што треба да го официјализира она што веќе го договориле преговарачките тимови од двете партии, како и она што произлегло од директните средби меѓу лидерскиот двоец Никола Груевски - Али Ахмети.

Интернет-порталот sky.mk, пак, вчера излезе со информација дека преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се под целосна блокада, повикувајќи се на неименуван висок функционер на партијата на Ахмети. Наводно, ДУИ инсистирале по секоја цена да го добијат Бирото за јавна безбедност и едно од двете директорски места во Управата за јавни приходи или Царина. А доколку ВМРО-ДПМНЕ не го прифателе ова, ДУИ ќе ги напуштела преговорите. Никој од двете партии вчера не сакаше да ги потврди ниту да ги демантира овие информации, барајќи трпение да се дочека исходот од преговорите.

Сепак, генералниот секретар на ДУИ, Абдулаќим Адеми, викендов потврди за медиумите дека се знае и кои места на заменици-министри и државни секретари ќе им припаднат. Тој објасни дека се разговарало и на лидерско ниво, а Ахмети и Груевски се сретнале двапати и се во постојана комуникација. Како што нагласи тој, во тек е усогласувањето на програмите на двете партии во една заедничка владина програма, како и поделбата на третиот ешалон на власта, директори на фондови и агенции.

Како сигурни ресори што ги добива ДУИ, Адеми ги спомена министерствата за правда, економија, одбрана, екологија и локална самоуправа, како и вицепремиерските функции за Рамковен договор и европски прашања.

„Најверојатно, во текот на следната недела ќе имаме и централно претседателство каде што ќе се одлучува кои од кадрите на ДУИ ќе раководат со министерските места. Се' уште немаме одлука кој на кое министерско место ќе раководи“, вели Абдулаќим Адеми, генерален секретар на ДУИ.

Адеми изјави дека било договорено во овој нов мандат односите меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да бидат на партнерско ниво, а приоритет на новата влада да биде зачленувањето во НАТО и во ЕУ. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 1303 пати.

Испрати коментар

Од: mark
Датум: 04.07.2011 17:30:39
Cudo ovde gi nnema portokalovive da kazat ke se sprovede li majskiot dogovor ili sega ke mora junskiot koj e pekolen za makedoncite a niv siroti gi interesira dali BC ke ostane ili ne bravo bogami drzavata tone tie se zanimavaat so BC ostavetego ako gubi sdsm so BC toa e za vas super sto ve g.. boli ili osekate deka ke ve boli

Најди! во Утрински
На прво место
„Утрински“ не е дел од приказната на „Време“ и „Шпиц“
Стариот лидер нова надеж за СДСМ
Новинарите од А1 на принуден одмор

"""