Брoj 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

5 прашања 5 одговори

Санкции спрема Русија не се одговор

Луксембуршкиот премиер Жан-Клод Јункер вели дека е потребен разговор со Москва околу Грузија

Кнут Прис
Дописничко биро на ВАЦ


Брисел - Руски тенкови, дисциплина кај малите соседи - последното лето дава слики за кои верувавте дека засекогаш се во архивите. Тука е Европскиот совет. Колку треба да бидеме загрижени?

Ситуацијата не ме плаши, прескокнувајќи ги сеќавањата дека 30 години од мојот живот како возрасна личност, за време на студената војна, живеев во страв од нуклеарно оружје. Повеќе нема два непријателски блока и идеологии. Но, потребно е Русите да расчистат дека според правилата на супериорност во 21 век, војската нема право да исцртува нови граници.

Од 7 август почна да се влошува овој конфликт. Што може да ја прекине логиката на ескалација?

Ако владите и претседателите не разговараат меѓу себе, тогаш зборува оружјето. Ако постои неумереност на страните - го велам тоа за сите страни – главна последица е страдањето на младите луѓе, децата и жените. Не е доволно да се припишуваат заслуги на ЕУ и нејзиниот претседавач, францускиот претседател Саркози, за нивната шатл-дипломатија со значителен молк на оружјето.

Некои земји-членки на ЕУ, главно во Источна Европа, бараат цврст одговор на рускиот пристап. Всушност, што може да направи ЕУ без да си наштети?

ЕУ мора да има цврсто и еднообразно мислење кон Русија, што ќе биде недвосмислена осуда на прекумерната руска реакција. Не можеме да работиме на вообичаен начин, но не и да не работиме. Разговорите со Русија треба да продолжат, треба да се поставиме во позиција за прецизно извршување на посредуваниот план на претседателот Саркози од шест точки. Но, не треба да размислуваме за санкции кон Русија и да ја доведеме до изолација.

Потребен е разговор и мора да ги оставиме каналите отворени. Молчењето во оваа ситуација не е злато, туку опасност. Треба да обезбедиме хуманитарна помош за Грузија, помош за реконструкција и да поставиме цивилни посматрачки сили.

Дали е време за преговори за нов Договор за партнерство и соработка на ЕУ со Русија?

Мораме, исто така, да погледнеме подалеку од договорот и да продолжиме со дискусиите, руската страна треба да знае дека тие разговори се суштински застој што се јавува кога не се спроведува експедитивно планот од шест точки.

Во однос на прашањето за справување со Русија постои пукнатина во ЕУ. Некои се потпираат на колку што е можно поголема инволвираност, други на колку што е можна поголема дистанца. Дали ЕУ за такви основни прашања е целосно зрела за заедничка надворешна политика?

Русија не беше незасегната кога 27 земји ги дадоа коментарите за случајот со Грузија. Во меѓувреме, премиерот Путин потврди дека Русија не може да не дејствува без оглед на тоа како реагира ЕУ. Во самата ЕУ мора да научиме да се справиме со различни чувствителни моменти. Мора подобро да разбереме на Запад дека Полска, балтичките земји и некои други се чувствителни како реагираме ние. А нашите пријатели во централниот и источниот дел на Европа мора да разберат дека ние не сакаме институционализација на конфликтот.

 


Статијата е прочитана 573 пати.

Испрати коментар

Од: Cacko
Датум: 02.09.2008 01:24:39
Sankicite ne se odgovor za Rusija zatoa sto na slakanicata od EU, Rusija kje vozvrati so boks po sred faca i kje i brijat na EU ko na nokautiran.... Pa kje vidime koje e pogolem fraer...
Од: проф. Жарко од Злетово
Датум: 02.09.2008 11:48:42
Се секавате ли кога ЛУКСЕМБУРГ преседаваше со ЕУ, пред 10-15 години? Се саќавате ли кога “големиот, силен и моќен Луксембург“ на Елцинова Русија какви пораки, услови, диктати испраќаше? Се ии мислев дека ете дошол и крај на светот. Една „општина„ да и р’жи, покажува заби на просторно најголемата и по богатство најбогатата земја на светот! Арно ама, како што би рекол Цепенко, не било тоа така. Господ скали напраил, па човекон од Луксембург не е како оние пред него иако, рака, на срце, подобро ќе беше да си се држеше по страна, да си молчеше...
Од: jimmy1
Датум: 02.09.2008 12:05:10
E ova e Rusija, ne e Makedonija da si igrate kako sto sakate. Dovolnoe e samo da e prekini sporakata na gasot i naftata Evropa ke bide paralizirana, pod sankcii a ne Rusija. Amerika ima predizvikano skoro stotina vojni vo poslednive 65 godini nikoj ne spomnal sankcii protiv niv. Po toa deka duri i Obedinetite Nacii imaat posebno gledanje prema niv. Cekam da vidam koga ke pobaraat samostalnost pokrainite vo Spanija, Francija i drugi clenki, vklucuvaki gi i Makedoncite vo Grcija. Togas ke vidime sto ke pravat ovie evropski konji, zosto ke bide krajot na EU. Znaat da kritikuvaat drugi, ali ne znaat da zemat ogledalo za da se vidat koj se i sto se. Trkaloto se vrti, ama za EU odi nanazad. Duri togas nasive politicari ke se svrtat kon Rusija, ali Rusija ne treba da im vrti nitu til, kako sto tie napravija. Misleja deka Amerika ke im e dade cickata pa ke cicaat mleko ama ispadna obratno, bus im go dade bosakot.
Од: Sloven
Датум: 02.09.2008 14:44:00
Abe ligushi edni kako samo ne vie stram!Zosto ednostavno ne kazete "Rusijan e sila i ni e strav da pocnuvame kavga so nea"Zosto ne kazete deka toa sto go pravi Rusija e mnogu malku nasproti ona sto go pravi "demokratskiot zapad".Ako bese Makedonija vo prasanje i ako samo probavme da da napravime eden sostanok so nasite vo Grcija na primer,ne samo sto bi ni repnale sangcii tuku bi dobila i nekoja bombicka.Zatoa e....si majkata i ne ni doagajte veke oti ni e ptreku TASETA od vas.(Mislam na onoj Tase od tehnicko)

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Скулптура на Мајка Тереза ќе му биде подарена на Рим
Кампањата почна
Вербатим

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.