Од Владата велат дека летово ќе прават анализи, па ако има простор, тогаш ќе се намали цената на осигурувањето
Соња Маџовска
И ова лето, дефинитивно, ќе одиме на одмор со скап зелен картон, ама, според најавите од Владата, постојат шанси тој да поевтини наесен. Владата прави анализи, поевтинувањето на зелениот картон е влезено во третата фаза од регулаторната гилотина, но тоа дури да се реализира отиде летото.
Ова прашање, кое Министерството за финансии го разгледуваше повеќе од една година и не успеа да донесе одлука, сега е во рацете на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Според него, намалувањето на дополнителното осигурување не се очекува да се заврши летово, туку наесен, кога ќе се знае дали ќе има поевтинување врз основа на тоа што ќе покажат бројките.
„Во рамките на третата фаза од регулаторната гилотина е и прашањето за зелениот картон. Тоа е барање на бизнисот. Откако ќе ги видиме бројките, за тоа колку е наплатена премија, а колку е исплатена штета, како и тоа колку возила патуваат во странство, ќе донесеме одлука. Анализите на Министерството за финансии покажале дека сегашните цени на зелениот картон се добри. Ништо не кажувам однапред, додека не ги видам конкретно бројките. Ако постои простор, реално врз основа на анализите, ќе има намалување на зелениот картон “, вели Пешевски.
Осигурителните компании не се многу задоволни од оваа мерка за евентуално намалување на цената на зелениот картон. Очигледно е дека осигурителниот бизнис си ги штити своите интереси.
Тие упорно опстојуваат на тврдењето дека се наплатуваат високи цени на зелениот картон поради големиот број нерегистрирани возила, над 30 проценти, и на тоа што мал број автомобили патуваат надвор од земјава. За нив најголем проблем се транспортерите. Од осигурителните компании велат дека анализите што ги испратиле до Националното биро за осигурување имаат негативни резултати, во однос на тоа колку исплатуваат за штети, а колку од тоа им покрива наплатата од премиите.
Сепак, тие сметаат дека не е така лоша идејата ако се оди на варијантата сите при регистрација на возилата да плаќаат плус 10 евра, односно тие се согласуваат да дојде до спојување на зелениот картон со премијата од автоодговорност. Тогаш сите граѓани при р��гистрацијата на своите автомобили ќе треба да плаќаат плус десет евра и ќе можат да излегуваат од земјава колку пати сакаат во текот на годината, но ќе мора да платат и оние што воопшто не патуваат во странство.
Вакво решение имаат речиси сите земји во соседството, освен во Албанија, Турција и Македонија. Додека кај останатите годишниот зелен картон е околу 10 евра, македонските граѓани за зелен картон со важење од еден месец плаќаат 2.450 денари, за три месеци 3.670, за половина година 5.500 денари и за цела година 9.760 денари.
Според информации од Националното биро за осигурување, годишно во просек се издаваат по 100 илјади зелени картони.
Ќе поевтини зелениот картон но после летните одмори-тоа ти е како поговорката „Не умри магаре до зелен картон пардон трева“.Парите од зелениот картон е чист екстра приход во буџетот но и во џебовите.
Од: rojkas
Датум: 12.07.2010 00:22:17
Sramota ,abe ova e ziva pljacka!!!!!
Од: marjan.pp
Датум: 12.07.2010 00:32:15
kako vo e.u taka i kaj nas treba da vazat istite pravila za zelen karton,a i za uvoz na polovni vozila se uste ima premnogu davacki
Од: Огнен од Скопје
Датум: 12.07.2010 01:53:41
Штотуку платив апсурдна цена. Регистрацијата ми истекуваше на 7.7.2010, ја регистрирав колата, со полиса што ќе важи од 7.7.2010 до 7.7.2011, но не можв да извадам зелен картон за 1 месец кој ќе важи од 1.7.2010, туку морав да си платам два по 2.500 денари (еден за 6 дена, а вториот за 1 месец, вклупно 5.000 денари за еден месец, колку што чини за 6 месеци). Ова нема логика, го наштелувале законот и системот во националното биро да не можеш да го врзеш зелениот картон на две последователни полиси, иако возилото е целосно покриено со осигурување, од иста осигурителна компанија, па ќе те дерат за два зелени картона. ГРАБЕЖ! И тоа мора да се реши, не козметички!
Од: vladimir
Датум: 12.07.2010 06:09:13
ne bile zadovoln osiguritelnite kompanii ,lelel stancaat pari na nevideno prevari fori jaki plati cistacka zima 20 iljadi denari tamo,varadar soiguruvanje go prodadoa 80 milioni evra ,nie seto toa go plakame od svoj dzep od najskapai registracii najskap zelen karton i red drugi raboti , motorite gi teraat da gi registriraat na cela godina a se znae kolku topli denovi ima vo MK! pljacka vo sekoj segement na opstestvoto!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 12.07.2010 07:10:32
Ќе поефтини пред избори, им требаат гласови....
Од: Biljana
Датум: 12.07.2010 07:25:26
Sramota za drzava koja gi ograbuva svoite gragani.Poglednete vo bilo koja drzava vo Evropa i napravete sporedba.Najskap zelen karton se izdava vo Makedonija,zemja vo koja standardot e nesporedlivo pomal od drugite drzavi.Cenata treba ako ne poinaku barem da se izednaci so cenata vo ostanatite drzavi
Од: ...
Датум: 12.07.2010 07:37:30
До кога само ќе не прават телиња неписмениве???
Од: Alien from Space
Датум: 12.07.2010 08:43:26
Можеби наесен, а најсигурно - на Куково Лето!
Од: Nato-Jato
Датум: 12.07.2010 09:14:21
Zosto nema zelen karton za eden den, edna nedela i.t.n. Zosto ako imam potreba na nekolku saata da odam vo stranstvo plakjam za cel mesec????? Grabez-aramiii!!!
Од: Ce placal i koj jal i koj ne jal?!
Датум: 12.07.2010 09:26:32
Voveduvanje da pravilo da pri registracijata site placaat za zelen karton e potpolno necesno i nepravilno. Pa jas so mojata kola ne sum izlegol navor od zemjava zadnive 10 godini, nitu pa mozam da izlezam, a takvi se povece od 40 % sopstvenici na postari koli koi gi koristat samo za lokalna upotreba. Isto taka i ostanatite sopstvenici na ponovi koli okolu 70% ne patuvaat vo stranstvo so svoite koli. Dali e pravedno nie na razni tajkuni ili privatni prevoznici koi pravat profiti da im go poeftinuvame zaleniot karton so nase ucesrvo . Toa e vistinska nepravda. Koj saka so vozilo da odi vo stranstvo neka si plati zelen karton. Jas redovno patuvam vo stranstvo so organiziran prevoz ,avtobusi ili avion.I dosta gi zalevte onie transportni prevoznici , pa sega nivnite profiti ce gi stitite so ucestvo na site sopstvenbici na koli
Од: ne e bitno
Датум: 12.07.2010 10:20:45
Tie ja isokradoja cela drzava, vie zboruvate za zelen karton :D Eh makedonci, pak trcajte po vmro i sdsm...ke dotrcate. Ke vi dadat i izvestaj za toa kolku se zadolzija za plati i penzii, pardon kolku ukrale, kade se parite od privatiacijata od prodazbite, od zdravstvoto, od, od...plakajte vie danoci, za vozvrat ke go gledate Nusik vo zivo od parlament. Edino sto moze da napravite e da ne glasate nikogo na slednite izbori. Barem tolku mozete ne?
Од: vozac
Датум: 12.07.2010 12:40:53
Se prasuvam koga ke prestane grabezot vrz gragjanite na RM od strana na nacionalnto biro za zelen karton koi bukvalano naplatuvaat dupla premija za osiguruvanjeto na motornite vozila za steti naneseni na treti lica.Edna premija pri registracijata na motornoto vozila i vtorata za patuvanje vo stranstvo.Iako zakonot predviduva samo edna premija taa pri registracijata na voziloto koja vazi na teritorijata na RM,a isto taka i vo stranstvo.Gospodata od nacionalnoto biro za zelen karton iako toa dobro go znaat ne davaat ni pet pari za toa i prodolzuvaat da gi ograbuvaat gragjanite se razbira so amin na vlasta.Zatoa kako zaklucok predlagam pod itno da se ukine naplatuvanjeto na dve premii,a zeleniot karton da se izdava pri registracijata na motornoto vozilo po simbolicna cena!!
Од: cande
Датум: 12.07.2010 12:54:33
Posto ja gledam slikava na granica i pocnuva da mi se kreva kosava od makanema da zboram za zelenite kartoni posto ziveam vo stranstvo i ne mi se desilo vamu da platam zelen karton toa e samo vo Makedonija taka da se placa karton. Tuku gi zalam na site koi si odat za Makedonija nikade nema maka da vidat po granici najgolemata maka e kaj nasata granica posto tie koi se zaposleni mislam policajcite im doadja vremeto za da se izzivuvaat na tie jadnici koi maka macat po dva dena patuvaat i koga ke stignat na nasite granici i tuka stop ke cekaat po pet po sest i poveke saati za da vlezat vo makedonija a tie nepismenite policajci sto neznaat ni na kumpjuter da rabotaat gi drzat so saati . pa neli sega pasosite se biometriski se stava na skener se gleda dosieto na licnosta i se praca napred a ne da se zadrzuvaat .ee mori ministerke ja utnafte so granicite nisto nestorifte da im go podobrite doaganjeto na pecalbarite vo rodniot kraj . a sega taja dijasporata gi nosi 2 milijardi EU sramota
Од: kamen
Датум: 12.07.2010 15:00:14
Bese socijalisticko samoupravuvanje i cenite se kroeja vo Izvrsniot Sovet / togasnata vlada/.Sega ovie glumat pazarna ekonomija i pak cenite se krojat vo istata zgrada ,na istata adresa.Ili mozebi postoi nekoja ''sprega '' pomegu osiguritelnite kompanii i vlasta?????
Од: trevor
Датум: 12.07.2010 15:05:10
Nitu ke poeftini nitu nisto, lani pred odmorite istata pesna se peese, ke poeftini, ke analizirame, ke doneseme odluka da se spoi so registracijata ova ona i pak nisto ne bidna si ostana po staro. Sekoja godina pred odmorite mu pravat film na narodot demek eve nie se sekirame za vas a ustvari samo go zafrkavaat da nemoze da izleze od drzavava, de pasosi ne se davaat, de 150 evra za godisen zelen karton. SRAMOTA
Од: Zoran
Датум: 12.07.2010 15:25:14
Tie sto se bunat za zelen karton da plakjaat site i NAVODNO slabo gi koristat avtomobilite - ne mora ni da gi koristat voopsto. Toa e isto kako vo zdravstvo. ZOSTO TOGAS PLAKJATE ZDRAVSTVENO OSIGURUVANJE koga ne odite i na lekar(za onie koi sekoj den se na lekar) . AKO NE ZNAES STO DA PRAVIS --- VIDI OKOLU (VO SVETOT) STO SE PRAVI .
HITNO DA SE DONESE ODLUKA ZA S I T E DA PLAKJAAT SO OSIGURUVANJE PLUS 10 EVRA ZA ZELEN KARTON . A ako ne im se isplakja na osiguritelnite kompanii toa NEKA PRODAVAAT BUREK ( promena na dejnost)
Од: Bukefal
Датум: 12.07.2010 15:42:31
Е народе народе, ќе ја барате Европа ама мислам дека е касно тоа веќе. Ако влеговме во ЕУ тука ќе имаат приоритет европските закони, а не македонските. Па така и зелениот картон ќе беше евтин, а сега, додека сме под Турско и полошо (Македонско), ќе плаќаме повеќе од 200 евра за тој зелен картон.