Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

Ја ранил поранешната девојка, па се самоубил

Откако со пиштол стрелал во девојката, Георгиевски си го одзел животот, пукајќи си во слепоочницата

ШТИП - Љубовна драма вчера ја потресе Македонска Каменица. Триесет и шестгодишниот Видо Георгиевски ја ранил својата поранешна девојка, а потоа се самоуби. Здравствената состојба на тинејџерката е критична и нејзиниот живот е во опасност. Причините за трагедијата се' утврдуваат, но според неколкуте верзии во чаршијата низ Македонска Каменица, се претпоставува дека станува збор за невозвратена љубов.

Несреќата се случила во средата, петнаесет минути по полноќ кога Георгиевски, вработен како чувар на имотот во локалната самоуправа, од пиштол што го поседувал со дозвола испукал повеќе куршуми во телото на 19-годишната Адријана Ц., која тргнала да си оди дома, откако завршила нејзината смена во кафе-барот „Хаваи“, каде што била вработена. Адријана се струполила на плочникот и при падот со главата удрила на бетонот. Притрчале повеќе гости од кафе-барот, а тешко повредената Адријана во болница ја пренел нејзиниот свршеник. Откако лекарите констатирале повеќе сериозни повреди, Адријана со возило на итна медицинска помош била префрлена на скопските клиники. Од КАРИЛ во Скопје велат дека поради тешките повреди, пациентката е сместена на Одделението за реанимација и интензивна нега.

Откако стрелал во девојката, Георгиевски побегнал, се скрил во една од блиските грмушки, каде што си го одезел животот, пукајќи си во пределот на слепоочницата. Тој поседувал дозвола за чување огнено оружје, бидејќи бил дел од резервниот состав на полицијата.

Рударскиот град е потресен од грозоморниот настан во нивната средина, која важи за мирно место. Вчера имаше повеќе верзии за тоа што и' претходело на крвавата драма. Според едни кажувања, Видо и Адријана претходно биле во врска, но девојката ја раскинала врската и неодамна се свршила за друго момче. Според друга верзија, Адријана и Видо никогаш не биле во врска, но тој постојано и' додевал и барал таа да му биде девојка.

Еден час пред трагедијата, Видо побарал од свој колега да го замени во ноќната смена, велејќи му дека има една неодложна работа. Колегата се согласил, не претпоставувајќи за каква работа говорел Видо. (И.Б.)


Статијата е прочитана 1232 пати.

Испрати коментар

Од: marija
Датум: 11.12.2008 17:36:54
ljubov e vo prasajne

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Ексраководството на „Телеком“ проневерило 4 милиони евра?
Работник загина во „Макстил“, несреќата како да не се случила
Ја претепал сопругата поради љубомора
Едномесечно бебе најдено кај Бит-пазар
Го нападнал татка си поради девојката
Обвинетиот убиствата во Охрид се обиде да се самоубие