Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

Ексраководството на „Телеком“ проневерило 4 милиони евра?

Според МВР, ексдиректорите склучиле фиктивни договори со кипарска фирма

Горан Адамовски

Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против четворица странски државјани, поранешни директори во „Македонски телеком“ поради сомневање дека проневериле приближно четири милиони евра. Според пријавата, тие склучиле неколку договори со кипарската фирма „Чаптекс холдингс лимитед“ за наводни консултантски услуги, кои никогаш не биле реализирани.

Кривични пријави се поднесени против Атила Сендреи (56) од Унгарија, извршен директор во „Македонски телеком" и член на Бордот во „Камени Мост комуникации", Роуф Плат (42) од Германија, извршен директор за финансии во „Телекомуникации", Михаил Кефалојанис од Грција, член на Бордот директори во „Камени Мост комуникации" и главниот извршен директор на истата фирма, Золтан Кишиуш од Унгарија, поради злоупотреба на 3.975.000 евра, за кои биле оштетени акционерите во „Телеком“, меѓу кои и Владата како сопственик на 47 проценти од акциите.

Пријавените во периодот 2005-2006 година во пет наврати склучиле договори за консултантски услуги со „Чаптекс холдингс лимитед", кои никогаш не ги употребиле ниту, пак, имале намера, тврдат од МВР.

„Сите договори биле склучени на поединечен износ, не поголем од 990.000 евра (износ до кој членовите биле овластени поединечно да одлучуваат без притоа да имаат обврска да го известат Бордот на директори на ‘Македонски телекомуникации‘, обврска која е задолжителна за договори и плаќања кои надминуваат милион евра“, соопшти МВР.


Кривични пријави се поднесени против Атила Сендреи и тројца негови соработници, исто така странски државјани

Во првите два договора со кипарската фирма се наведени услуги за регулирање на висината на цената на фреквенции, односно подзаконските акти на македонскиот Закон за електронски комуникации. Во двата договора, консултантот требало да обезбеди консултантски услуги за изготвување предлози за законски и подзаконски акти кои во тој период биле во процедура на донесување од страна на македонските законод��вни органи, а нивната содржина директно се однесувала на работењето во телекомуникацискиот бизнис.

„Овие договори се беспредметни од причина што тие се склучени по донесување на Законот за електронски комуникации“, велат од МВР.

Во третиот договор биле предвидени услуги и активности поврзани со донесувањето на Законот за работни односи. Предмет на четвртиот договор било истражување на влезот на „Македонски телекомуникации" на пазарот на ТВ-кабелски оператори. И последниот договор бил за наводно рекламирање за издавање телекомуникациски вод

„За вака ‘наводно‘ извршените консултантски услуги од страна на ‘Чаптекс холдингс лимитед‘ од Никозија, за сите пет договори биле изготвени фиктивни фактури кон ‘Македонски телекомуникации‘ и ‘Камени Мост комуникации‘ врз чија основа биле исплатени вкупно 3.975.000 евра во корист на консултантот“, тврдат во МВР.


Статијата е прочитана 708 пати.

Испрати коментар

Од: Malo morgen
Датум: 11.12.2008 16:36:12
A kade bea nasite clenovi vo Upravniot odbor , da navreme gi signaliziraa ovi matni raboti. Pa neli drzavata bese sopstvenik na 49% od Telekomot a tamu imase svoi prestavnici koi zemaa debeli honorari. E sega otkako si zaminaa ce gi barame po drzavite. Malo morgen

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Работник загина во „Макстил“, несреќата како да не се случила
Ја ранил поранешната девојка, па се самоубил
Ја претепал сопругата поради љубомора
Едномесечно бебе најдено кај Бит-пазар
Го нападнал татка си поради девојката
Обвинетиот убиствата во Охрид се обиде да се самоубие