Број 3447  четврток, 02 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
На прво место

ДПА: Ахмети да се отпише наместо да се попише

Албанските опозициски партии жестоко реагираа на поддршката од ДУИ за ��аконот за попис, кој беше усвоен завчера

Светлана Унковска



Деветтиот попис на населението, домаќинствата и становите ќе се спроведе од 1 до 15 април идната година, а целиот процес ќе биде мониториран од ЕВРОСТАТ. Ова е утврдено со Законот за попис што го усвои Собранието на завчерашната седница со гласовите на владејачките ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и опозициската СДСМ. Единствено беа против пратениците на Нова демократија, кои сметаат дека власта продолжува да носи низа штетни политички одлуки што се дискриминаторски за Албанците. Нивното барање пописот наместо во април да се одржи во јули - кога голем број од граѓаните од албанска етничка заедница што се на привремена работа во странство се враќаат во земјава, не беше прифатено.

Усвоениот Закон за попис на населението не е прифатлив ниту за ДПА, која вчера ги повика Албанците на бојкот, а од лидерот на ДУИ Али Ахмети побара да се повлече од политичката сцена.

„ДПА навремено го оспори овој закон, нудејќи десет барања што ќе придонесеа пописот да биде објективен и прифатлив за сите, но оваа владина гарнитура продолжи со тврдоглавиот национализам, се разбира, со поддршка на Али Ахмети. Бидејќи не беа земени предвид барањата на ДПА, ние го потврдуваме нашиот став дека ќе ги повикаме Албанците да го бојкотираат пописот“, истакна вчера Имер Алиу од ДПА. Тој ги критикуваше пратениците на ДУИ, како и лидерот на партијата, Ахмети, дека изгласале закон што бил оспоруван и против него се изјасниле опозициските партии на Албанците, како и невладините организации.

ДПА ги повикува Али Ахмети и неговата група да се повлечат од политичката сцена, бидејќи прават злосторство. „Вие веќе сте проколнати од Албанците, но внимавајте на нивниот гнев“, порача Алиу.

Во претходната расправа за законот, покрај терминот на одржувањето на најголемата статистичка операција, проблематичен беше и опфатот на лицата.

Законот предвидува да бидат регистрирани лицата што имаат вообичаено место на живеење во земјава, без оглед дали во моментот на пописот се наоѓаат во местото на живеење или се надвор од државава помалку од една година. Граѓаните, пак, кои се отсустни од државава повеќе од 12 месеци, нема да бидат вбројани во вкупниот број на населението. Пописот ќе се спроведува на македонски јазик и на кирилично писмо, а во деловите од земјата каде што над 20 проценти од населението се од друга етничка заедница, граѓаните доколку сакаат, ќе можат да се изјаснуваат на својот мајчин јазик. Конечните резултати од пописот ќе бидат познати за два месеца.


#
Статијата е прочитана 571 пати.

Испрати коментар

Од: Ali-Skopje
Датум: 02.12.2010 12:33:23
E ova Ali baba so drugarcinjata da si go svati naj seriozno!!! Ama mnogu mu e sobrano za svakjanje :( ama ne samo nemu na site ni e mnogu sobrano za svakjanje :(
Од: filozof
Датум: 02.12.2010 13:07:47
De ke oladite li vekje ednash aman, ne znam SHTO vi fali vo Makedonija?
Од: jean
Датум: 02.12.2010 21:19:05
jas ne sum clen na niedna partia a najgolem kriticar na DPA no so dogovorot na ameti i gruevski nese slozuvam bidejki nie koi privremeno se naodjame vo stranstvo a sme gradjani na makedonia plakame porez struja voda i site drugi davacki na derzavata ne ke mozeme da bideme registrirani kako gradjani na nasata derzava ili tatkovina bidejki vo mesec april nie nemame odmor a nese odnesuva samo na albancite kako veli ovoj imer selmani no vazi za site nas i od drugite nacionalnosti pa i za samite makedonci.

Најди! во Утрински
На прво место
И Иванов се сретна со Папандреу
Селмани и Џафери за малку ќе се фатеа за гуша
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society