Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Училиште за четири првачиња

Неизвесно е дали наесен ќе може да се формира паралелка на македонски наставен јазик во ОУ „Кирил и Методиј“

ТЕТОВО - Само четири дечиња од македонска националност досега се запишани во прво одделение во основното училиште „Кирил и Методиј“ во Тетово. Не е сигурно дали наесен ќе биде оформена паралелка на македонски јазик со вака мал број ученици. Со тоа се доведува во прашање и останувањето на наставно-воспитниот персонал во училиштето. „Не е дека нема деца во станбените реони за кои е изградено ова училиште. Но, родителите се определуваат да ги запишат децата во другите училишта во градот, дури и во поскромни просторни услови. Ние навистина имаме можности за квалитетна работа“, вели педагогот Вера Станоевиќ.

Советот на Општина Тетово на една од претходните седници донесе одлука за таканаречена реонизација на основното образование. Според овој акт, во ОУ „Кирил и Методиј“ настава треба да посетуваат децата од пресекот на улицата „Браќа Миладинови“ преку булеварите „Илинденска“ и „Видое Смилевски-Бато“. Се ��роценува дека на овој простор има најмалку 50 деца што треба да тргнат на училиште. „Не знам зошто, но овде на овие деца им е најблиску, а за родителите е наједноставно. Реонизацијата мора да се почитува. Сметам дека родителите нема да дозволат да им се поднесуваат пријави и да бидат казнувани. До почетокот на учебната година можат да ги запишат децата и се' да биде в ред“, вели директорот Сабдере Омери.

И без реонизацијата и административните мерки во училиштето во станбен блок 70 во прво одделение имало најмалку 40 деца. Меѓутоа, од година в година бројот се намалува. „Во оваа учебна година во прво одделение имавме десет ученици. Тоа беше сигнал дека нешто мора да се преземе. Во училиштето се определивме да организираме отворен ден за децата и за родителите за да ги согледаат вистинските услови и можности. Како и да е, тоа треба да придонесе децата да се вратат во училиштето каде што припаѓаат реонски “, смета Елена Панајоти, одделенски наставник. Со проблемот со малиот број ученици во прво одделение настава на македонски јазик во ОУ „Кирил и Методиј“ се запознаени и надлежните во локалната самоуправа. Ментор Идризи смета дека состојбата треба да се следи до септември, а потоа да се преземат оние неблагородни мерки - пријави и казни за родителите. „Ако треба ќе преземаме и административни мерки. Децата од реонот мора да се запишат во ова училиште, каде што им е и местото“, нагласува Идризи.

Според Секторот за образование на Општина Тетово, ќе следувале пријави до родителите на децата, но и до директорите на училиштата од другите реони на Тетово каде што примале ученици од овој реон. Каков ќе биде конечниот епилог ќе се знае на почетокот од идната учебна година. (Г. Е.)


#
Статијата е прочитана 745 пати.

Испрати коментар

Од: Tina
Датум: 20.06.2011 14:24:38
Cudno da roditelite zapoveduvat so skolite a ne im smeta da vo po starite ucilista ima mnogo deca. Ucitel ne bi trebal da ima poveke od deset deca vo edno vreme na ucenje. Novata skola ke gi oslobodi i isprazni malce prepunite odelenia. Smesno e koga im davas na lugeto po ubavo, a tie ne go sakat. Moze bi razlogot e nesto drugo. Moze bi trafikata e opasna za malecki deca. Se treba da se zeme vo obzir.

Најди! во Утрински
Политика
До кога политичарите ќе не' демнат од билбордите?
Бизнисменка со мотика в рака
Не грижете се, гласачките ливчиња се на сигурно!

"""