Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Антикорупциска ќе гони шестмина функционери

Антикорупциска поднела четири иницијативи за поведување постапка за кривично гонење на функционери, соопшти претседателот на комисијата, Илми Селами. Поради сомневање за злоупотреба на службената должност и овластување, иницијатива е поднесена против Весна Мираковска, деканка на Техничкиот факултет во Битола. За неа се предлага и разрешување од функцијата поради нерегуларно работење.

Иста судбина ги снајде и Бошко Нелковски, поранешен директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како и Бранислав Митиќ, Марјан Крстевски и Идриз Зека - сите поранешни директори на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат“ Скопје и Хасип Јусуфи, поранешен директор на ЈП за комунални дејности „Комуналец“ Гостивар. Во однос на спроведувањето на Законот за спречување судир на интереси, Антикорупциска изрече три јавни опомени за функционери, кои не сакале да се откажат од вршење две функции истовремено. (П.К.)


#
Статијата е прочитана 851 пати.

Испрати коментар

Од: јас (Прилеп)
Датум: 20.01.2011 18:57:52
Ќе ги гонат , ама нема да ги фатат!! Пак ќе им ја намалат платата!
Од: " Krupni ribi"
Датум: 20.01.2011 22:22:57
Aman bre Ilmi Selmani se nekoj " golemi ribi " si fatil na go gonis. Nikoj nitu gi znae ni gi cul. Nemoj tolku plitko da ja frlas mrezata , ajde pustiuja malku podlaboko pa fati da gonis za korupcija nekoja od pokrupnite ribi ,zad koi se vleckaat kriminali so milionski sumi, ama ako voopsto smees.

Најди! во Утрински
Политика
Кога шефот дискриминира...
А1 ќе собира потписи за поддршка
Обвинителство со нови сведоци за „Пајажина“