Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Обвинителство со нови сведоци за „Пајажина“

Јавното обвинителство за борба против организиран криминал поднело предлог за распит на нови сведоци за случајот „Пајажина“. На завчерашната координација кај истражниот судија од Одделот за организиран криминал, а во присуство на бранителите на осомничените, јавниот обвинител предложил во натамошниот тек од постапката да бидат распитани уште десетмина нови сведоци.

Согласно со постигнатиот договор, дел од сведоците ќе бидат повикани пред истражниот судија веќе в петок, а распитот ќе продолжи во наредниот вторник и ќе заврши со последниот ден од јануари.

Со повикувањето нови сведоци, истрагата за работењето на фирмите од „Перо Наков“ повторно добива на темпо, а нејзиниот финиш се очекува со изготвување материјално-финансиското вештачење.

На удар на Финансиската полиција и на Управата за јавни приходи се најдоа фирмите: „Акстра трејд“, „Време трејд“, „Плус продукција“, „Време Еч“, „Печатница Мисирков“, „Хедис ДОО“, „Синим ДООЕЛ“, „Унипроком Вемакс“, „Акс-стра ДООЕЛ“, „А1“, „А2“, „Стратус ДОО“, „Плус КОМ“, „Плус продукција“ и „Хедис маркети“, инаку сите регистрирани на „Перо Наков“ број 60.

За кривични дела злосторнично здружување и за даночно затајување се осомничени 20 лица, а дури четиринаестмина од нив се во притвор од крајот на декември. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 864 пати.

Испрати коментар

Од: јас (Прилеп)
Датум: 20.01.2011 18:57:05
Џам ќе свиткаат и со овие нови сведоци !! Само се купува време !!

Најди! во Утрински
Политика
Кога шефот дискриминира...
А1 ќе собира потписи за поддршка
Антикорупциска ќе гони шестмина функционери