Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

А1 ќе собира потписи за поддршка

На телевизијата се врти спот што завршува со апел за помош

Полиција околу А1 телевизија, а на црн екран пишува „напад“. Инспекциите вршат увид во фирмите лоцирани на „Перо Наков“ во Маџари, полицијата асистира, а на празниот екран се појавува „упад“. Надлежните ги вадат документите што ги заплениле во десетиците компании што се поврзуваат со газдата Велија Рамковски, по што на екранот стои „грабеж“. Сопственикот на телевизијата со лисици на рацете го носат на распит пред истражен судија, тој извикнува „ова е демократијата на Груевски“, а на екранот се појавува зборот „линч“. „Сега на А1 и' е потребна вашата помош“, поентира на крајот скопската телевизија.

Вака парафразирано и скратено изгледа спотот што веќе неколку дена се врти на А1 телевизија, во која овој медиум апелира за поддршка од граѓаните. За некого тажно, за други недолично, за трети оправдано, за четврти непотребно... Но, спотот предизвика внимание во јавноста.

Главниот и одговорен уредник на телевизијата, Младен Чадиковски, вели дека преку овој спот тие бараат поддршка од јавноста, но, пред се', од граѓаните.

„Во наредниот период во план не е да почнеме со собирање потписи за поддршка на А1 телевизија, на демократијата, односно за подобрување на медиумската слика во земјава“, вели Чадиковски.

Како што велат од А1, спотот го изработиле самите и тој „веројатно, ќе продолжи да се емитува и следните денови“.

Во Здружението на новинари велат дека А1 телевизија досега „ниту формално ниту неформално“ не побарала никаква помош од нив.

„Ние сме апсолутно подготвени да ги заштитиме колегите“, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Од ЗНМ веќе неколку дена бараат начин да воспостават контакт со уредувачкиот тим на А1.

„Прво сакаме да дискутираме, да видиме со какви проблеми или притисоци се соочуваат, а потоа да им помогнеме колку што можеме“, уверува Селмани. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 1107 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 20.01.2011 12:27:27
Па на дечките им “секнаа нараквиците“ ( кешот даван на рака).
Од: maximilian, tetovo
Датум: 20.01.2011 14:47:08
a, da bese obratna situacijata so nekoj drug medium, ne mi se veruva deka od A1 ke ja davaat podrskata. sega koga im e gusto bidejki gazdata im daval pari na raka, a ne preku transakciski smetki, eeeee sega od igracka-placka.....ne, nikoj ne likuva na tuga nesreka, tuku tie kolku pati ne bile nekorektni kon drugite kolegi. a, i koj im ja poprecuva novinarskata rabota? nikoj....!!! neka ne pravat cirkuzi od nisto. stanuva zbor za kriminalot na velija!
Од: Колјо
Датум: 20.01.2011 14:47:40
А што со Сител и Зинго, Емил и Канал-5 ТВ нешто ми личат како на Фикрет Абдиќ, постарите генарции го знаат одговорот.
Од: realen
Датум: 20.01.2011 15:07:38
Toa si e nivno pravo i toa go mislat mnogu lugje. E sega, kolku imaat hrabrost toa i da go napravat konkretno, soglasno "nabljuduvacite", e drugo prasanje. Se nadevam deka e ova slobodna demokratska zemja, kade nikoj nema zosto da me prasa zosto davam potpis za nesto sto mislam deka za mene e ispravno. Primer: koj go prasa narodot za spomenicite i dr. egzibicii.
Од: A1 vece deluva kako partija
Датум: 20.01.2011 15:37:02
Bez razlika na se, A1 treba da svati deka nivniot gaqzda ne platil danoci, mozebi ne platil nitu Zingo, verojatno, nitu Stojmenov mozebi, i poradi toa nekoj nema da diobie socijalna pomos, plata itn. Znaci, prvo A1 so toa da se sooci, a se potoa drugo. I najvaznoto A1 e informativna kuca i niz svote programi i emisii moze da vlijae na javnoto mislenje a ne kako politicka partija da povikuva na rusenje na vladata. Ma kakva bila ona, toa ne e rabota na televiziite i vesnicite, tuku na partiite. A1 vece deluva kako politicka partija i toa ce bide katostrofalno za nea. A1 padna vo novinarstvoto, padna na najniski grani, so otvoreni povici za rusenje na vlasta, toa vece nema vrska so nikakvo novinarstvo. Urednicite i novinarite da gi procitata ucebnicite po novinarstvo, no francuskite i angliskite, pa i hrvatskite a ne skriptite na Comovski. Sam koga se falis, toa najdbro zboruva za tebe. kako Comovski sto sam se fali, toa e nevkus, nerofesionalno i daleku od sekoe novinarstvo.
Од: vivien
Датум: 20.01.2011 15:49:37
koga im bese toplo na racickite nikogo ne fermaa a sega of lele majko se sekna greenjeto...... trebase na vreme da si go predupredat gazdata a ne da sorabotuvaat so nego. Inaku samo za nekolku novinari imam najdobro mislenje za ostanato ..............
Од: Ranko od Puzderci
Датум: 20.01.2011 16:52:12
Jas sum pred golema dilema?Na kogo da dadam, podrska, na Mirka skoevkata, na ovoj, socuvaj me Gospodi, Latas, Milenko i burekot pametnmite, na Tanja itn. Dosega kupuvav od prviot broj Utrinski, od pred dve-tri nedeli VREME i SPIC.Toa e mojata podrska i na A1.Podrska od potpisi ne mi se nikakov problem, eve i sega ako treba ke i go dadam celo ime i prezime...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 20.01.2011 20:05:04
Читам да спотот оставил,,длабок,,впечаток каде другите медиуми независно на која политичка опција и припаѓаат,дури и опозициските не се многу импресионирани.Место да се зафатат со одбраната тие играат на картата медиумска слобода во која апсолутно никој неверува. Верувам и сериски филм да снимат ништо нема да им помогне,туку добри адвокати и докази дека несе виновни најповеќе ќе им користат.Се друго е вербална и медиумска гимнастика.
Од: Karokan
Датум: 21.01.2011 00:37:53
G-dine Felix,pa neli A1 TV ne bese cel na istrazuvanje,a kolku sto znam protiv nitu eden od novinarite nema podnesena krivicna prijava, Od kade sega im preporacuvas advokati i dokazi deka ne se vinovni !!!! Ili,malku poradi nevnimanie,a ponesen od emociite deka "A1 TV mora da se brise od mediumskiot prostor" ti se ispusti.Od ona sto dosega vo tvoite komentari go zabelezav e deka si "ekspert" za politicki temi,zosto tuka se se zasnova na "rekla-kazala".Tuku sto proslediv del od vestite na Sitel so "cistiot" Latas.Ja proslediv informacijata za "bureto vo Ohridskoto ezero" i g-dinot Fuere. Na covek,osven od kategorijata mizantropi,da mu se smaci!!!!!!!!!!!!!! Ako nisto drugo,napagjajki ja na ovoj nacin A1 TV se identifikuvas so ova TV. Ce priznaes deka takvata "identifikacija" epten e na steta na tvoeto renome kako cest posetitel na ovoj i portalot na "Dnevnik".Jas ne ja branam A1 TV,se branam sebe si i mojata govorna sloboda.Ako so toa indirektno ja branam i spomnatata Tv,togas .....
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 21.01.2011 07:24:07
@ Felix,pa ova se tvoi konstatacii!,, Верувам и сериски филм да снимат ништо нема да им помогне,туку добри адвокати и докази дека несе виновни најповеќе ќе им користат.Се друго е вербална и медиумска гимнастика", @ Felix,Pa zarem Ovie- Tvoi ne dojdoa na vlast ,so mnogu godisna,seriski kic reportazi protv Brane? Zarem tvoite ne praktikuvaa;Verbalna i mediumska gimnastika? So prazni vetuvanqa i Laz na nacijata, Tvoite ja zgrabija Vlasta. Zarem Laz ne e krivicno delo????

Најди! во Утрински
Политика
Кога шефот дискриминира...
Антикорупциска ќе гони шестмина функционери
Обвинителство со нови сведоци за „Пајажина“