Јубилеј на квартетот „Драган Даутовски“
На сцената во Македонската опера и балет, в недела во 20 часот, концерт ќе одржи квартетот „Драган Даутовски“, со кој ќе ја одбележи десетгодишнината од своето постоење. Квартетот се формира во јули 2000 година во Скопје, како резултат на неговиот обид да се втурне во богатата ризница на македонскиот музички фолклор. Македонската публика в недела ќе може да ужива во старите, но и нови творби на овој состав, а дел од нив ќе бидат сместени на ново издание, кое се очекува наскоро да излезе. (Т.И.) |