Прв корисник домот за стари лица „Зафир Сајто“
„Домот за стари лица ‘Зафир Сајто‘ е првиот корисник на гас“, објави вчера на прес-конференција во седиштето на СДСМ кумановскиот градоначалник, Зоран Дамјановски. Јавното претпријатие „Куманово-гас“
го оспособува системот за уште 12 објекти, а меѓу нив е и зградата на Општината.
Наскоро гасот ќе стигне и до гимназијата „Гоце Делчев”, средното економско училиште „Перо Наков“, основните училишта „Крсте Мисирков”, „Браќа Миладиновци” и „11 Октомври“, три детски градинки, јавните претпријатија „Водовод“ и „Чистота и зеленило“, но и до сите јавни установи што се во близина на центарот на Куманово.
„Со овој потег почнуваме дистрибуција, но најавуваме и нови инвестиции. И тоа проширување на гасната мрежа од центарот кон периферијата. Проектот ќе трае и во наредните 2-3 години. Со изградба на секундарна гасоводна мрежа ќе се стекнат услови за дистрибуција на гас и комплетно заживување на ЈП ‘Куманово-гас‘“, нагласи Дамјановски. (Д.Р.) |