Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Името да не е изговор што нема реформи

„Спорот за името останува клучна пречка во процесот на интегрирање на Македонија, но тој не смее да се користи како изговор за неспроведување на реформите“. Тоа е еден од заклучоците од средбите со претставници на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), што ги оствари лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, вчера во Берлин.

По покана на СДП, Црвенковски отпатува во Берлин, каде што се сретнал со раководството на германските социјалдемократи и пратеници од оваа партија во Бундестагот, како и со поранешните државни секретари Кристоф Цепел и Гернот Ерлер и со амбасадорот Патриција Флор, специјален пратеник на министерот за надворешни работи за Југоисточна Европа.

На средбите, како што соопшти СДСМ, разговарано е за европските перспективи на Македонија, при што соговорниците истакнале дека Германија останува посветена на процесот на проширување на ЕУ, но и дека не може да се очекува оти Унијата ќе ги премолчи неспроведените домашни задачи.

Во врска со Извештајот на Европската комисија за Македонија, имало забелешки во неколку клучни сегменти. „Беше акцентирано дека е недозволиво, наместо да се затвораат одредени делови потенцирани во извештаите, да се отвораат нови, за кои Комисијата претходно немала забелешки, како што се, на пример, слободата на медиумите и судскиот систем“, се наведува во соопштението од СДСМ.


#
Статијата е прочитана 666 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Селмани го оставија сам
Љупчо
Прв корисник домот за стари лица „Зафир Сајто“






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry