Број 3476  сабота, 08 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Втора страница

Едни заминаа од политика, други стигнаа до врвот

Дел од првите парламентарци веќе не се во политиката, некои, пак, сиве овие години се неизоставен дел од политичкиот живот

Оливера Војновска

Кои се луѓето што пред 20 години - на 8 јануари 1991 година, ја одржаа првата конститутивна седница на македонскиот парламент? Некои од првите парламентарци по завршувањето на мандатот веќе не се занимаваат со политика. Но, некои од нив сиве овие години се постојано присутни во политичкиот живот на државата.

Меѓу оние што два месеца по првите повеќепартиски избори - во ноември 1990 година за првпат седнаа во парламентарните клупи се: поранешниот претседател на државата и премиер во три мандати, Бранко Црвенковски, експремиерот Љупчо Георгиевски, гувернерот на Н��М, Петар Гошев, како и повеќемина амбасадори, директори и лидери на помали партии.

Некои од тогашните пратеници, како што е Митко Анастасовски-Врапчето, кого го паметиме по духовитете настапи и неговата позната реплика: „Вечерва ќе ја венчаме невестата (Македонија)“, од времето на референдумот за независноста, веќе не се меѓу живите.

Неодамна првиот претседател на Собранието, Стојан Андов, им порача на своите некогашни колеги: „Вие сте историски личности“, нагласувајќи притоа дека во турбулентните времиња „одиграле маестрално без тешки последици за државата“. Андов заедно со Тито Петковски и со Љубисав Иванов учествува во сите досегашни парламентарни состави.
Во пратеничките клупи на ВМРО-ДПМНЕ седеа директорката на Македонскиот културен центар во Софија, Доста Димовска, директорот на МИА, Љупчо Јакимовски, ексдиректор на ЕСМ, Ламбе Арнаудов, доскорешниот директор на спортската сала „Борис Трајковски“, Борис Змејковски, адвокатот Томислав Стојановски, потоа Драги Арсов, Ратка Димитрова, Јордан Бошков, Стоиле Стојков, Ѓорѓи Котевски, Александар Флоровски, Томислав Стефковски, Михаил Пановски...

Во редовите на социјалдемократите (СКМ-ПДП) беа амбасадорот во Софија Благој Ханџиски, довчерашниот директор на Агенцијата за државни службеници Александар Гештаковски, генералниот директор на „Гранит“ Страшо Милковски, потоа Алил Џаферовски - еден од сопствениците на авиокомпанијата „Скај вингс“, Наќе Стојановски, Љупчо Поповски, Туше Гошев ....

Членови на парламентот тогаш беа и лидерот на ВМРО-НП, Владимир Голубовски, некогашниот претседател на ПЦЕР, Фаик Абди, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров (познат по големиот број амандмани што ги поднесе за Уставот). Пратеници на тогашниот Сојуз на реформски сили беа директорот на ТАВ, Зоран Крстевски, долгогодишниот градоначалник на Кавадарци, Панчо Минов, и Ѓулистана Марковска, која сега е надвор од политичките води и има ординација за очни болести.

Во тоа време ПДП ја претставуваа поранешниот амбасадор во Бугарија Абдурахман Алити, кој во една пригода им порача на сегашните пратеници: „држете го подалеку национализмот и претераниот патриотизам“. Заедно со него боите на ПДП ги бранеа амбасадорот во Белгија Мухамед Халили, професорот на Институтот за географија на Природно-математички факултет Аслан Селмани, политичкиот аналитичар Исмет Рамадани, нотарите Мерсим Положани и Насер Зибери, претседателот на партијата НДУ Хисни Шаќири, потоа Сејфедин Харуни - познат по маратонските говори, Ештреф Алиу, Џеладин Мурати, Газменд Ајдерага, Шабан Превала, Зуди Емини...

Мандати во тогашното Собрание, кое честопати дебатираше до доцна во ноќта, обезбедија девет партии и тројца независни пратеници. Најмногу пратеници имаше ВМРО-ДПМНЕ - 38, СКМ-ПДП - 31, Партијата за демократски просперитет - 17, Сојузот на реформски сили 18, Социјалистичката партија на Македонија четири, Странката на Југословените два и по еден мандат Народната демократска партија и Партијата за целосна еманципација на Ромите.

Овие парламентарци имаа огромна обврска и одговорност да го сменат еднопартискиот систем во повеќепартиски. За ентузијазмот со кој првите пратеници ја ѕидаа државата, Алил Џаферовски неодамна ќе каже: „Разликата меѓу денешните и тогашните пратеници е голема. Никој не влезе од лични причини, туку да направи нешто за идните генерации“. (о.в.)


#
Статијата е прочитана 5722 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 08.01.2011 12:22:26
На сите ПРАТЕНИЦИ голема благодарност.На сегашниве исто така треба да им заблагодариме и ги ОТЕРАМЕ и никогаш повеќе несе вратат.Посебно за МНОЗИНСТВОТО Толку многу ги има ЗАЛУТАНИ.Не ги бива за во м.Заедница камоли за Парламент.
Од: Hari
Датум: 08.01.2011 13:06:16
Jas mislam deka se pocnuva so ovie deca od ulica na celo so ovcarot, site drugi se predavnici i sto e najvazno ne se patrioti:)))
Од: Трпе
Датум: 08.01.2011 15:15:00
Ако поранешните пратеници градеа,сегашните растурат.Порано и тие се расправа но за доброто на народот.А сега го исподелија народот на наши и ваши.Кој не е со нас е против нас.А патриотизамот за Македонија е мината работа.
Од: stecajec
Датум: 08.01.2011 16:14:43
Kako i golem broj na fabriki taka i denesnoto Sobranie e pecen da ide vo stecaj.
Од: Сергеј
Датум: 08.01.2011 18:55:20
„Овие парламентарци имаа огромна обврска и одговорност да го сменат еднопартискиот систем во повеќепартиски“. Кристално јасно, но дали им успеа?! Дваесет години подоцна, плурализмот е само именка во македонското Собрание. И надвор од него. Македонската транзиција се претвори не во транзиција на системот, туку во лут трансфер на вла��та од СДСМ кон ДПМНЕ. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: sv dimitrija
Датум: 09.01.2011 03:32:07
A bre aman luge i na svetiot den Borik umesto da si go cheestitate se napagate .Izvinete ali malce svest i strpenie e potrebno na vakvi denovi .Site znajme deka site greshat ali na vakvi denovi a i sekogash gledajte pozitivno za podobar zivot i prosperitet na nashata majka MAKEDONIJA. A ako mislite za sve pozitivni i napredok ke ima a obratno samo odite nadolu .
Од: Vo ednopartizam i ednoumie.
Датум: 09.01.2011 10:36:50
Nie samo verbalno zastapuvame nerkakvi si tezi za demokratija i pluralizam ,a de fakto ne uspeavme da zavrsime so ednopartiskiot sistem. kaj nas seuste e ednopartizam i ednoumie. Porano dominirase ednoumie na SDSM, a sega potpolno ednoumie na VMRO i apsolutizmot na Gruevski.

Најди! во Утрински
Втора страница
Тигри од хартија
Вербатим
Средба со Нимиц на 9 февруари