Премиере, оставете се' друго, ајде да разговараме малку за сиромаштијата, работава е ептен дојдена до коска
ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ
Додека нашиве се дават во нивната неспособност да одржат барем минимум дипломатско достоинство во Њујорк, нашиот народ се дави во сиромаштија. Бидејќи бившиот боксер веќе никој не го прима отаде Табановце, сега му преостана да шутира на празен гол на новотворено фудбалско игралиште во Штип. И да промашува, се разбира, како што промаши по сите магистрални политики од кои зависи иднината на нашата држава.
Многу е интересно дека Груевски никогаш не зборува за сиромаштијата во Македонија. Секоја тема му е омилена, ама за оваа молчи. Бега ли човекот од оваа тема, има ли психолошки проблем да дискутира по ова горливо прашање што ја достигна својата срамна кулминација во четирите години од неговото владеење? Или, можеби, тоа прашање не ги засега премиерот и неговото опкружување?
Можеби не ја гледа сиромаштијата кај нашиот народ кога на секое сечење лента е опкружен од истите луѓе што немаат проблем со сиромаштијата. Е, па јас ја гледам, и тоа секојдневно. Само изминативе десет дена во различни пригоди можевме да видиме до каде е дојдена ситуацијата.
Искрено, силно ме потресе минатонеделната сцена на Камениот мост во Скопје кога на народот му се делеше бесплатен појадок. Знам, знам, Коце бил во Париз и ја позајмил идејата оттаму. И не мислам дека тоа е лоша идеја. Но, од каде да знае Коце дека во Скопје има толку многу гладни луѓе, кои крволочно ќе навалат на ексклузивната трпеза. Коце не знае, бидејќи и тој верува во големата лага дека народот убаво живее четири години по Преродбата. И ете, единствена мисла што ми прелетува деновиве е дека оваа власт го доведе народот на питачки стап, така што сега секоја фрлена коска на истиот тој народ изгледа како печено прасе со јаболко во устата на предновогодишна ноќ. Се прашувам, можно ли е и ова да е смислена политика креирана во подземните ходници на владејачката партија?
Пред некој ден на вести ја гледав исповедта на мајката чиј син починал од церебрална парализа, а таа нема пари да го закопа, бидејќи државата пред некој месец ја укинала социјалната помош за закопнина. Истовремено, Владата ќе и' префрли повеќе од половина милион евра на Општина Ѓорче Петров за градење споменик на големиот македонски јунак. А граѓаните на Ѓорче Петров знаат дека таков споменик веќе има, ама општинарите, веројатно, тврдат дека таквиот Ѓорче не бил доволно голем и не бил на коњ. Кутриот Ѓорче, кутрите ние!
Потоа бев во Неготино на традиционалниот панаѓур што се прави секоја година. Неготинци велат дека народот е толку осиромашен што организирањето на каков било панаѓур ја губи целата смисла. Лозарите се и натаму неисплатени и им претстојат нови проблеми со откупот на грозјето. Се уверив и самиот - на панаѓурот имаше огромен број преполни тезги каде што се продаваат чорапи, женска долна облека, тенџериња, палачинки, сувенири. Се уверив и дека речиси никој ништо не купуваше. Луѓето само поминуваа и гледаа. Можно ли е на нашиов народ и панаѓурите да му стануваат луксуз?
Минатата недела директорката на основното училиште во Пробиштип самоиницијативно ја прогласила саботата за работен ден, бидејќи дента премиерот требало да отвора некакво игралиште. Било згодно да има повеќе луѓе на отворањето. Пораката е пратена: дајте му игри на народот, леб нема ни за леб.
Во меѓувреме, дознав дека на голем број од социјалните случаи им се заканувале дека ако излезат на протест или трибина ќе им ја секнат социјалната помош. Да, да, токму оние илјада денари што повеќето од нив ги добиваат месечно, и тоа со задоцнување. Се вцрвив од помислата дека, веројатно, и јас би се уплашил да излезам на таков протест кога тие илјада денари навистина живот значат. Секако, се' дури не ми пукне филмот.
На крајот, ги прочитав ветувањата наведени во Преродбата во свеченото поглавје наречено „Македонија - земја на еднакви можности за сите“.
Дневни центри за бездомни лица, социјални сервиси за стари и изнемоштени лица, зголемување на мрежата на старски домови и дневни центри за стари лица, повластена стапка на данок за детска облека, обувки, опрема, храна и хигиенски производи за деца. Ветиле покривање на најголем дел од трошоците за сместување во предучилишни установи, бесплатни оброци, облека и други потреби за децата што живеат во сиромашни семејства. Се' бисер до бисер, напишано - неостварено. Ете затоа молчат. И затоа толку натежнал Камениот мост во Скопје.
Бидејќи за конструктивните предлози на опозицијата за овозможување услови за поттикнување на домашните инвестиции оваа Влада не сака да разговара, редно е да ги прашаме и да кажат за што сакаат да разговараме? Нека кажат кои се најважните теми во државата?
Според активностите на премиерот и неговата свита, најважните теми се отворањето тениски и фудбалски игралишта, градењето споменици и поставувањето јарболи. СДСМ не мисли така. Кога секој трет човек во државата официјално е прогласен за сиромашен, ние мислиме дека тоа е темата број 1 во Македонија. И затоа на таа тема ќе бидеме до крај конструктивни и ќе се обидуваме заеднички со власта да создадеме подобри услови за да се намали тој број на сиромашни граѓани. Ако власта не сака да не' послуша нас, нека ги прегледа повторно снимките од очајот на луѓето на Камениот мост и нека излезе малку меѓу својот народ да види како тој живее. Сите други теми и наводни заложби на оваа Влада се една голема лага. Во сиромаштијата е вистинита.
Премиере, оставете се' друго, ајде да разговараме малку за сиромаштијата, работава е ептен дојдена до коска.
Za dzabe pishuvate za siromashnite. Prvo, tie ne chitaat vesnici a kamo li Utrinski, vtoro, i kolku da se siromashni tie SEKOGASH kje glasaat za VMRO-DPMNE, sekogash! Tie se prepoznavaat vo niv, zatoa obratete se kon drugite sloevi za da gi privlechete
Од: tra-la-la
Датум: 24.09.2010 13:40:58
Добро па и вие како партија придонесовте да биде државава на ова дереџе. Затоа не глумете лудило, вистината е таа колку и да боли народот ве прочита и вас. Тешко на сиромавиот со ваквите како вас политичари СДСМ+ВМРО-ДПМНЕ=пропаст, ајт со здравје
Од: pirgan
Датум: 24.09.2010 13:51:35
Potplecedatele,koj gi naplavi siromasni lugeto vo RM?ako na znaevte
Од: Ајван Доктор®
Датум: 24.09.2010 13:57:32
Неодамна изјавив дека единствената Скулптура,од Мегаломанската Кавернозна Глупост,која Навистина Вреди Како Уметност е таа на „Просјакот“!Единствено таа има свој израз и поседува естетски вредности!Сè останато е Лажен Сјај!Токму како и Гозбата,онаа од Камениот Мост,приредена во Чест на сиромавиот,каде тој (Сиромавиот),немаше пристап!Колку Сиромаси,Просјаци,Бездомници,Социјалци,Невработени... присуствуваа на Пирот?Очигледно е!„Боксерот“,кому му паднале лубениците од под мишка,е заслепен од „Ореолот“на неговите послушници!Но тој,ниту сака,ниту може да прогледа!
Од: koki
Датум: 24.09.2010 15:11:37
So eden zbor BRAVO za realno prikazanata situacija vo MK.Prodolzete taka otvoreno i drsko, so nadez deka ke ja razbudite zelbata da se zboruva otvoreno za SEEEE.
Од: tatoo
Датум: 24.09.2010 15:24:20
2006 г.сиромаштијата беше 9%, а сега 31%. Зошто е тоа така? Изгледа економската криза ќе да е. Мои сограѓани со испрани мозоци. Немате ронка сопствено мислење. Граѓанинот и да носи и очи на га... и да му умира фамилијата од глад, тој пак ќе гласа за грујокио. Каквво сиромашно размислување. Во тренд.
Од: jovan
Датум: 24.09.2010 15:53:23
Ovoj narod e siromasen od sekogas. Taka e so vekovi, so taa razlika sto poslednive 20 godini osiromasivme i duhovno i moralno. Inaku Grujo a i drugite politicari ne gi spomenuvaat siromasite od pusto "sueverie", da ne gi "prifati" i niv. Ti posakuvam se najdobro, eden den da stanes i ti znacajna politicka figura vo drzavava, no te uveruvam deka togas i ti ke "begas" od siromasite. Nikoj ne gi saka siromasite.Pogotovo vo ova denesno alcno i egocentricno opstestvo kade sto i poslednoto ssussle gleda sto poveke da zdrpa i prigrabi za sebe.
Од: Zvonko
Датум: 24.09.2010 16:14:13
Arno se ova sho si go napisal ama ajde kazi so prajte vie za nesto da smenite.Jas sum prilepcanec i kazuvam deka ovde e katastrofa oti vlasta i gradonacalniko osven parkcina i kriminal ne prava nisto drugo.SDSM vo gradov isto kako da go nema oti nisto ni pravat nitu zboruvaat ama prilepcani od niv krenale race oti velat deka vo partijata ne ostanal nikoj koj znae so da pravi.I deka tamu kaj so Djemovci klale raka se ispustile.A vie od Skopje nemate namera nesto vo Prilep da smenite oti veleite deka bilo arno.ke vidite kako e na izborite so ke dojda ama posle tesko ke ja isprajte rabotata
Од: el dorado
Датум: 24.09.2010 16:57:40
Gordane, Gordane, pa i Vie imavte vreme za da si go "pokazete alot". Ne oti mnogu se razlikuvate od tie sto gi kritikuvate.Problemot vo Makedonija e sto istite Vie ste i edinstvena opozicija, a se dodeka e taka, kvazi politicari- aramii ke vladeat vo Makedonija, a Makedonija ke odi kon robovladetelstvo (sega ne ziveeme vo kapitalizam, tuku vo feudalizam, a klonime kon robovladetelstvo,definitivno).Se prasuvam samo so koe lice Vie ke kritikuvate? Ne sum za tie sto gi kritikuvate, no nitu za Vas. Za zal ziveam vo "pretis lonec" i ne gledam vo skoro vreme da nesto se izmeni. Ne sum od onie armirano-zacementirani politicki vojnici koi se gledaat samo i SAMO od svoj licen interes, "jas ili moite da dojdat i da si gi iskoristam 5te minuti, a po mene potop). Ne pisuvajte zatoa Vie za gladnite, ili ako gi prebrojuvate pocnete od Vaseto vreme. Tie gladni nemojte da gi zaboravite. Nitu sum bil, nitu sum, nitu ke bidam clen na niedna partija kade nema etika i moral. Kaj nas se uste takva nema...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 24.09.2010 19:41:38
Добар е овој tatoo кој не просветли да 2006 год имало само 9% сиромаштија.Е сега едно малечко прашање како за потпреседателот така и за него.Ами зошто ги изгубивте изборите 2006 год,ами зошто имаше уште пострашна реприза,ами зошто на локално ниво првокласно урнисување и на крајот капак на се маргиналец ви го уништи елоквентниот кандидат на преседателските избори.Да не прашуваме зошто никој не ви верува и ве рангираа ептен ниско.Феличита јависе и искоментирај.