Училиштето „Конгресими и Манастирит“ ја повторува изградбата
Основното училиште „Конгреси и Манастририт“ во населбата Чаир вчера го повтори стартот на изградбата на новата зграда откако минатата година беа ставени темелите на истиот објект. Во меѓувреме, градежните активности беа прекинати поради доцнење со плаќање на фирмата-изведувач.
Училиштето, кое ќе биде сместено на местото на старите бараки на ОУ „Лирија“ во Карадак Маало е дел од владината програма за реконструкција на училишта и подигање на квалитетот на образованието по светски стандарди.
Како што рекоа заменичката на министерка за образование, Линдита Ќазими, и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, на вчерашната свеченост издвоени се два милиона евра за изградба на училиштетото, а предвидени се и 600-700 илјади евра за конструкција на соодветна спортска сала. За потребите на планираниот објект ќе се урнат гнилите училишни бараки зад Поликлиниката „Бит-пазар“, со што на основците ќе им се обезбедат елементарни просторни услови.
Новиот објект на „Конгреси и Манастирит“ ќе има приземје и два ката и капацитет за 800 ученици. Изведувач на градежните активности е фирмата „Феџо компани“ од Тетово.
Градоначалникот Меџити најави дека парите ќе се обезбедат од предвидениот буџет на Министерството за образование за 2011 година. Според него, со овој проект ќе се заокружат инвестициите за училишта во општината Чаир. (Б.Ш.) |