Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Скопје

Аеродромци против монтажниот паркинг

Граѓаните го спречија почетокот на изградбата на новото паркиралиште

Првиот монтажен паркинг во општината Аеродром може да не доживее реализација. На вчерашното фрлање лопата, градоначалникот Ивица Коневски го дочекаа револтирани жители на зградите спроти „Мекдоналдс“, на чиј паркинг требаше да се гради првата монтажна катна гаража во општината. Граѓаните се против изградбата, бидејќи, како што велат, воопшто не биле консултирани дали се согласуваат со тоа. Тие бараат заштита на зе��ениот појас пред зградата и воведување зонско паркирање на паркингот, бидејќи реален проблем со бројот на возилата на паркингот нема.

Дефинитивната одлука дали ќе се гради монтажниот паркинг ќе биде донесена дополнително на состанок со градоначалникот Коневски и со претседателите на сите куќни совети од околните згради.

„Проблем со паркирањето немаше додека не се направи зонското паркирање кај ’Бисер‘. Сите возачи што не сакаат да плаќаат, сега паркираат на нашиот паркинг. Поради тоа, бараме зонско паркирање и тука, па ќе нема потреба од монтажен паркинг“, велат граѓаните.

За градоначалникот Коневски проблемот со бројот на паркинг-места нема да се реши само со зонското паркирање, но, сепак, вели дека ќе постапи според желбата на мнозинството граѓани. Зонско паркирање ќе биде воведено до крајот на октомври, а во „Градски паркинг“ веќе се изработува проект.

Монтажната катна гаража треба да обезбеди дополнителни 40-ина паркинг- места. Паркиралиштето треба да се гради од челична конструкција со платформа и со пристапни рампи. Инвестицијата ќе ја чини Општина Аеродром 17 милиони денари.

„Постојат повеќе локации во општината каде што има потреба од дополнителни паркинг-места, кои планираме да ги решаваме на ваков начин. Освен на овој паркинг, можно е монтажни катни гаражи да се градат и зад ’Бисер‘ и во Ново Лисиче“, најави вчера Коневски. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 878 пати.

Испрати коментар

Од: zoki truba
Датум: 21.09.2010 15:44:52
Za 40 parking mesta , 17 MIOLIONI denari , Super ZDELKA na konobarot Ivica koj e momentalno t.n gradonacalnik . cena , i prihod za konobarot Ivica , slucajno gradonacalnok
Од: pero propelero
Датум: 21.09.2010 23:13:47
aman od aramiive! detissteto ssto glumi gradonacclanik ce go ressi problemot so detska igraccka mesto parking i ce izarcci 300.000 evra!!!!
Од: Goran
Датум: 22.09.2010 08:52:16
Ako si prav gradonacalnik odi i sredigi tie kiosci kaj stara petka.Stram i aram da ti e.energetski kablovi visat na pesacka zona imalo Inspeklcija,nema ili se polnat so pari i mito.Za nekoj bedni interesi kopale po patekata,secele granki za da izvadat frizideri i slicno.Od kiosk za plaskavici napravile kafana vo zelenilo vlegle,od eden granap napravil kolonijal cel stramota.Idi malce pozadi vero da vidis kako vleguvaat so koli granapite kade sto e zabraneto,i za pesaci sto treba da se koristi.Robata cela sekoj den ja istovarat so koli za kolonijalite.Stram i aram da ti e

Најди! во Утрински
Скопје
„Илинденска“ од денеска е булевар
„Пиволенд“ остави 10 камиони ѓубре
Градот дозволува бесплатно паркирање за МЕПСО



"""