По одржувањето на „Пиволенд“ на Кале, „Паркови и зеленило“ наполни 10 камиони најразличен смет, отпадоци, хартија, пластична и стаклена амбалажа. За таа цел беа ангажирани 74 работници, кои употребија 1.000 најлонски вреќи. Од „Паркови“ велат дека при одржување вакви манифестации во природа редовно се гази и дел од јавната зелена површина, која потоа треба да се обнови. Затоа апелираат до организаторите на вакви и слични манифестации, но и до посетителите да бидат посовесни и да ја чуваат чиста животната средина. (Сн.К.)
Ваквите работи не се решаваат со АПЕЛИРАЊЕ. Долгорочно тоа се прави со воспитување и едукација, се разбира пропратено со казнени мерки. Иагледа дека граѓаните (ние) оваа државичка ја сметаат за место каде што се` може да се прави без оглед на штетноста. И сега што правиме? А што велите да ја приватизираме и државата па тој “газдата“, како впрочем и на се` останато, лесно ќе не научи на ум. Додека ОКТА беше “општествена“, тонеше во загуби, АМА горивата ги плаќавме по двојно поевтина цена. Додека “ЕВН“ (сегашна) беше “општествена, и таа беше во згуба-никој не плаќаше. Сега цената е охохо, и ај не плати да те видам. Исто и со ПАРНОТО. А, бре Македонче....Вреди да се проба и држават треба да ја продадеме па да ни тргне. Кај да е, некој велеше.....Поздрав до сите Ваши, нивни и наши. Коментатори, не заборавајте ја Кирилицата, да не дојдеме во состојба и неа да ја продаваме.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 21.09.2010 17:50:46
Дали законите важат за сите граѓани подеднакво?!Дали Законот за јавна чистота одредува казни за прекршителите?А дали одговорноста ја сноси организаторот?Имаше многу чудна појава,никаде канти за смет,кои би требало да се вообичаена појава на вакви Гунгули!И уште една „чудна“појава: стотици Малолетници пиеја Пиво,Најслободно, и тоа по 21 часот!Дали имаме закон за забрана на точење и продавање алкохол на малолетни лица???
Од: XXX
Датум: 21.09.2010 20:36:59
Do Ping: se izvinuvam, no izgleda vi e teško da čitate latinica (a ne samo vas), no nemam font, i mislam, nema ni zošto da go upotrebuvam. Jas se rodiv, porasnav, učev vo "latinično" podračje a sepak možam da ja čitam kirilica (napr. Utrinski i vašiot komentar), nekogaš za mene sosem strana, i duri i makedonski, koj voopšto nee mojot majčin jazik, go upotrebuvam dosta solidno. Zatoa vi predlagam: nebranete se od latinica, 100% ke vi treba. Do temata na textot: posle vonredni akcii od vakov razmer mora da se računa i so toa, deka ke ima mnogu otpad. Možda trebaše da se postavat kontejneri na odredeni mesta, no sepak, lugevo koga se zabavuvaat, im e seedno kade frlaat. Považen e sekojdneven život, tuka gledam golema potreba za prosveta. Skopje e dosta prljavo. Pozdrav.
Од: Do "Tripl X"
Датум: 22.09.2010 07:33:28
Latinicar sto nemas font - klikni "ALT+ SHIFT" i voala