Драган Поповски - карикатурист на годината
Добитник на првата, годинава обновена награда за карикатура на галеријата „Остен“ е Драган Поповски, карикатурист на „Утрински весник“, а четири рамноправни награди им се доделени на авторите: Миодраг Курјак, Блаже Докулески, Миле Манчевски и Златко Крстевски.
Одлуката ја донела жири-комисијата во состав: Павле Кузмановски - претседател и членовите Мице Јанкуловски, Вана Урошевиќ, Емилија Џуровска и Мирослав Георгијевски.
Галеријата „Остен“ е организатор и на Светската галерија на карикатура, а вчера напладне во нејзините простории беше отворена Годишна изложба на македонската карикатура. (К.Б.) |