Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Поглед

Двојни аршини

Тамара Грнчароска

„Јован Бигорски е Албанец“ вака во средата во Тетово албанските студенти, засилени со средношколци и основци-Албанци од градот го изразија својот револт поради Македонската енциклопедија, додека манастирот „Бигорски“, 100 километри подолу и неколку часа порано, го спасуваа токму нивните браќа по вера и етникум, на кои притоа не им беше ни на крај на ум да ги сквернават на таков начин припадноста на верските реликвии и обележја на една нација.

Додека во Дебарско се покажуваше соживот, пред се', солидарност и како треба меѓусебно да се почитува и помага, во Тетово, противејќи се на енциклопедијата создадена од една институција, која ги навредила и обесправила, студентите-Албанци - како прогресивна сила во секое општество - им го направија на Македонците истото тоа против што се кренаа. Во што се покажаа поразлични студентите во Тетово од она за што го обвинија МАНУ? Во камењата што ги фрлаа врз македонските домови или во повиците „смрт за Македонци“ и „вратете се зад Карпатите“?

Се покажаа ли поразлични и албанските интелектуалци и политичари кои пак не покажаа доблест да се оградат од она на што се повикуваше во Тетово, како што македонските интелектуалци и политичари се оградија од напишаното во енциклопедијата. Истите оние албански претставници кои пред десетина дена се сликаа пред МАНУ во потрага по вистината и честа за својот народ, не се оградија ниту од палењето на македонското знаме во Приштина, иако го направија тоа косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи. Но, не и тие на кои Македонија им е татковина. Барајќи ја вистината за себе, албанските студенти, политичари и интелектуалци од Македонија се загубија во сопствениот гнев и во сопствениот национализам.


#
Статијата е прочитана 1480 пати.

Испрати коментар

Од: mitko za epidemijata
Датум: 02.10.2009 00:55:10
Tie vikaa i "Aleksandar Veliki e Albanec". Taka e toa so Bukefalizacijata taa brgu se siri kako epidemija i zaglupuva mnogu narodi. Sepak, realno i surovo gledano covek moze vistinski da go saka i da se grizi samo svoeto mentalno zaostanato dete (Makedonci-Bukefalcite). Tugjite go nerviraat. Barem tolkava e mojata sila.
Од: stavre vojvoda Berovski
Датум: 02.10.2009 03:24:38
Vo Debar sekogas e bilo sozivot drugcie od ostanatite gradovi na zapadna Makedonija. Mozebi zatoa sto e pomalo mesto i ne e prepolneto so doselenici od Kosovo (Gegi). Mozebi se stari Albanci - Toski -onie pravite. Koj znae.
Од: Mene do Vas
Датум: 02.10.2009 07:35:23
Ova da se zapishe vo Enciklopedija Macedonika ! I site snimki od protestite da se stavat vo DVD izvedbata.
Од: Болен М. Дојчин®
Датум: 02.10.2009 08:30:13
Добар текст, кој сосема добро ја опишува заблудата на одредени квазиполитичари и интелектуалци! Најверојатно населени во Античката Иљирида, од која немаат ниту И, како и оние на кои им недостасува во целост А-то од Аце Великиот, целосно затворени во Мракот на минатото, Албанските Интелектуалци (за „политичарите“, поради степенот на писменост и не е чудо), го прават сосема истото што го продуцираа Македонските интелектуални „елити“со недостаток на главната интелектуална компонента - Умот!
Од: Regan
Датум: 02.10.2009 10:00:16
A koj se ogradi od Vejce,Karpalak,"mavrovskite" rabotnici,od onoj nesrecnikot koj tvrdi deka site Makedonci se pravoslavni albanci ili bugari,itn.,itn.????Sram da im e!A ustite im se polni so demokratija i kosmopolitizam~Eden (albanski) vcera napisa:"ONOJ STO MRZI - SE NAVREDUVA!
Од: Na kogo da kazes!
Датум: 02.10.2009 10:03:56
Dali imase vojna vo 2001 vo Debar i Gostivar i Struga, tuku samo vo Tetovsko, Kumanovsko i Skopsko. I na vrapcite, no ne i na makedoncite, im e jasno deka seta rabota doadja od Kosovorate i nivnite janicari vo spomnatite oblasti. Od Kosovo, e ne od Albanija bese napadnata Makedonija.
Од: pogled
Датум: 02.10.2009 10:53:07
Што се забележува на протестите од Албанците? Насмеани и задоволни млади луѓе, среќни што излегле, што се заедно меѓу своите, многу пароли (да остане нешто видливо и забележано за медиумите) со содржина наменета пред се за страницте и задолжителното американско знаме (знаат тие!). Некои од нив за прв пат, да направат сефте. Очигледна манипулација со толпа. Далеку од европскиот индивидуализам. Далеку е Европа, далеку е сонцето.
Од: mile
Датум: 02.10.2009 13:00:01
se e ova igra na dui tie sekogas najdat ucena istoto bese so priznavanje na kosovo ili ce napustat vlada ova da projde ce ucenat so borcite(teroristite)na ona od 2001 ili penzija i prinanija ili ce si odat od vlada najdobro napravi vmro po ucenite od dpa taka treba i sega sekogas ce sa najda alb partija alcna za vlast neka pokani dr partija iako ne ni mora pa ima 1mil turci vo bug pa nikoj ne vika mora da se vo vlada.zalosmo mak vlazi milioni vo tetovski univerz a tie sakat smrt na mak neli vr da se prestani so investicii tamu???????????
Од: shqiptar
Датум: 02.10.2009 15:20:57
vie makedonicite stvarno imate eden mnogu golem problem: tesko vi ide da razberete. mozebi genetski e. koj znae.

Најди! во Утрински
Втора страница
Дали социјализмот умира?
Вербатим