Број 2846  вторник, 25 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Снежни бури и студен бран низ Европа

Брисел – Студен бран, снег и бури го отежнуваат сообраќајот во поголемиот дел од Европа, а вчера посебно беа погодени скандинавските и балтичките земји, иако од невремето не е поштедена ниту Италија.

Како што јавуваат локалните медиуми, снег паѓаше во Торино, Милано и Венеција, како и во целата област Венето, Тренто и јужен Тирол. До сообраќаен застој дојде на Бренерскиот автопат, а проблеми има и на автопатот кај Болоња.

Јужна Италија викендов ја погодија тешки бури. Сицилија, Сардинија и Калабрија, според информации од локалните власти, биле посебно погодени, така што некои железнички линии привремено биле во прекин, а проблеми имало и во патниот сообраќај и во снабдувањето со електрична енергија.

Големо снежно невреме вчера ја погоди Шведска, предизвикувајќи откажување на летови од аеродромот во Стокхолм. Од аеродромот соопштуваат дека е отворена само една писта, поради обилните снежни врнежи и силниот ветер. Во прекин се и траектните линии од Шведска кон Финска и балтичките држави.

Во Естонија, како што јавува националното радио, снегот во делови од земјата паднал и до половина метар, а во снежната бура повеќе од 33.500 семејства останале без струја. Аеродромот во Талин ги прекина летовите.

Во Финска наврнаа нови 30 сантиметри снег, а поради силниот ветер во крајбрежниот дел на земјата речиси целосно е парализиран сообраќајот. (Макфакс)


Статијата е прочитана 590 пати.

Испрати коментар

Од: sladj
Датум: 25.11.2008 18:27:10
i kade e toa globalno zatopluvanje??

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Стрелано во близина на грузискиот и на полскиот претседател
Притвор за Германците уапсени во Приштина
Бугарија им продава оружје на ирачките Курди
Социјалистичкиот дебакл го издигна Саркози
Чавез и опозицијата ги поделија изборните добивки
Ирска се пазари со ЕУ околу Лисабонската спогодба
Детант Клинтон - Обама