Број 2846  вторник, 25 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Социјалистичкиот дебакл го издигна Саркози

Мартин Обри ја победи Сеголен Ројал само со 42 гласа повеќе

ПАРИЗ - Францускиот претседател Никола Саркози се издвои како главен победник на катастрофалното гласање за раководната функција во Социјалистичката партија, по што опозицијата се соочува со пролонгиран период на политичка неизвесност.

Некогаш моќните социјалисти последен пат победија на претседателските избори во 1988 година, а жестоките внатрешни пресметки кој треба да ја води партијата сугерираат дека тие се неспособни да ги водат сопствените работи, а не пак државата. „Она што се случи ќе ги скрши срцата и духот на илјадници и илјадници партиски приврзаници“, рече Никола Доменеш заменик-уредник на левоориентираното списание „Маријане“. „Јасно е дека Социјалистичката партија е најголемиот губитник“.

Претставници на партијата изјавија дека Мартине Обри, жената која стои зад мошне критикуваната 35-часовна работна недела, ја победи Сеголен Ројал, кандидатка на социјалистите на минатогодишните претседателски избори, со 0,04 процентуални поени или 42 гласа на изборите за раководство на партијата во петокот. Ројал го оспори резултатот, нејзините приврзаници се закануваат со законски тужби, а взаемната омраза зголемена од интензивното лично ривалство што трае повеќе од една деценија, сега е отворена.

Граѓанската војна во социјалистичките редови значи дека Саркози не се соочува со реална опозиција во време кога економијата незапирливо запаѓа во рецесија, а невработеноста се зголемува.

Левоориентираните партии би требало да извлечат полза во таква негативна средина за владата, особено онаа што се смета блиска на големиот бизнис, но наместо тоа, социјалистите се соочуваат со повеќемесечно жалење и закана за раскол. „Можевме да му пренесеме на Саркози некои лоши информации. Денес сите знаеме кои се големите победници од оваа катастрофа“, рече социјалистичкиот парламентарец Мануел Валс, десна рака на Ројал.

Следните претседателски избори нема да се одржат до 2012 година, но победата на Саркози во 2007 година го покажа значењето кога обединета голема партија стои зад својот кандидат и притиска во една насока.

Минатогодишната кампања на Ројал беше делумно попр��чена од нејзиниот неуспех да ја собере социјалистичката хиерархија кон нејзината понекогаш бесмислена кауза, и таа се надеваше дека ќе преземе контрола врз раководството за да формира тим за нов напад врз Саркози во 2012 година. Минатата година Ројал налути многу приврзаници на левицата кога сугерираше поврзување со центристичкиот кандидат Франсоа Бајру за да формира широка алијанса против фаворитот Саркози.

Обри, старомодна социјалистка поддржана од речиси сите партиски крупни ѕверки, вети дека ќе ја држи групата лево од политичкиот спектар, чекор што би ги задоволил тврдокорните социјалистички приврзаници, но не е никаква гаранција за изборен успех.

Бајру го зазеде блиското трето место на изборите во 2007 година, при што француските гласачи беа привлечени кон неговиот бренд на консензуална политика. Сепак, тој не успеа да се сконцентрира на успехот на поседовните законодавни и локални избори. „Проблемот на Социјалистичката партија е тоа што тие ризикуваат Франсоа Бајру да се врати на позицијата“, рече Доминик Рејни, универзитетски професор по политички науки. Иако многу негови сојузници уживаа во распаѓањето на социјалистите, сите не се радуваа. „Во демократија е потребна структурна опозиција“, рече Анри Гуањо, специјален советник на Саркози за телевизија „Франс 5“. „Со недели и месеци тие беа загрижени околу иднината на нивната партиска структура и слушнавме повеќе или помалку за фундаменталните прашања како што е финансиската криза“, додаде тој.

Некои социјалисти отворено сугерираа дека кризата меѓу Ројал и Обри би можела да доведе до распаѓање на партијата, создадена пред повеќе од 100 години и одново основана во 1971 година од поранешниот претседател Франсоа Митеран. „Постоењето на партијата е доведено во прашање со оваа криза, се може да се случи“, рече Беноа Амон кој го зазеде третото место во гласањето за раководната функција. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 352 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Стрелано во близина на грузискиот и на полскиот претседател
Снежни бури и студен бран низ Европа
Притвор за Германците уапсени во Приштина
Бугарија им продава оружје на ирачките Курди
Чавез и опозицијата ги поделија изборните добивки
Ирска се пазари со ЕУ околу Лисабонската спогодба
Детант Клинтон - Обама