Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Писма

Да не дозволиме промена на името

МПЦ ЕАНЗ, Мелбурн, Австралија


Македонија е земја со длабоки и богати корени и со македонскиот народ во неа. Таа постоела со векови, која и од Бога е благословена во Светото Писмо. Во таа Света и единствена книга, само Македонија и македонскиот народ се спомнуваат толку прецизно и јасно и тоа на неколку места: Дела Ап.: 16:9 - И на Павла му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни!“ 16:10 И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог не' повикал да им го проповедаме Евангелието. 1 Коринтјани: 8:1 Ве известувам, браќа, за Божјата благодет дадена на црквите во Македонија; 11:9 зашто за моите потреби дадоа браќата, кои дојдоа од Македонија. 2 Коринтјани: 9:2 зашто ми е позната вашата усрдност, за која се фалам со вас пред Македонците, дека Ахаја, уште од лани, е приготвена и дека вашата ревност поттикнала мнозина. 9:4 и ако дојдат со мене Македонците и ве најдат неприготвени, да не се засрамиме ние. 1 Солунјани: 16:5 При вас ќе дојдам, откако ќе ја поминам Македонија, зашто поминувам низ Македонија; и уште на неколку други места. Македонија, од распадот на големото и славно царство на великиот Александар III Македонски била постојано под ропства, угнетувања и асимилации од страна на туѓите поробители. И дури со референдумот во 1992 година, Македонецот, конечно, го оствари својот сон да е Македонец без некакви суфикси или префикси (иако и од тоа повторно не бевме до крај ослободени). Деновиве во медиумите се слуша дека некои поединци (искрено, се надеваме дека се само поединци) сакаат да го променат тоа вековно име, кое нашите дедовци и прадедовци со крв го бранеа. Да се промени името на Р.Македонија е предавство и е исто како да се откажуваме од сета наша историја и од сите наши предци кои ја креирале. Како дрво без корен, кое може секој ветар лесно да го ниша и да го искорне. Затоа ние, верниот народ, свештенството, заедно со нашиот надлежен Архиереј, Неговото Високо Преосвештенство г. Петар, сме загрижени за иднината на нашата татковина и најучтиво се обраќаме до сета наша јавност да не се дозволи тој срамен и понижувачки чин. Сите вакви изјави и ставови јавно ги отфрламе и ги осудуваме, а го поддржуваме ставот на нашиот премиер, г-динот Никола Груевски, за свикување референдум против промената на нашето историско, библиско и уставно име Македонија.


#
Статијата е прочитана 760 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 29.04.2010 00:55:15
Pa moze da se smeni denes, pak utre da se vrati nazad, koj vi brani?! :) Ako oficijalno ste FYROM po doma moze vo sekoe vreme da ste RM, kako i sega vprocem. Ako ne vi se dopaga vo EU-nikoj nema da ve drzi so sila. Ako utre sakate da bidete Hazari, imenuvajte se vo Hazari. Ako pak ne sakate vo EU i dobrososedski odnosi togas ne ni pregovarajte. Sedete si madro i vikajte se RM-ama pak po doma. Nema smisla nisto neli? Kako ste e i ovoj tekst malku zabegan :) Izvini avtoru no mislam deka koga ucitelot predavl istorija vie ste imale 2 ili 3ce :) bez navreda ;)
Од: do nekoj od nick hill
Датум: 29.04.2010 02:28:42
a vie "nekoj" dali ja imate procitano biblijata pa sto komentirate gluposti zasrami se
Од: До nekoj
Датум: 29.04.2010 07:51:33
Многу мудри совети ни делиш. Ајде сега подели и на Грција некој мудар совет како да се однесува во 21 век. Вие и тие може да не нарекувате како сакате - ама “по дома“!!! Ние сме се нарекле Македоници. Многу одамна. Други Македонци денес не постојат. Тоа е наше право. Тоа го прифати САД, Русија, Кина... Тоа мора да го прифати и ЕУ. Во спротивно нека си тераат без нас, а со Грција. Далеку ќе дотераат.
Од: Od mene
Датум: 29.04.2010 08:18:33
Pozdrav do "nekoj" Ocigledno e deka ti ne znaes sto e istoria, v o tekstot ubavo pisuva i deka MAKEDONIJA i vo BIBLIATA spomnata, a tebe ti preporacuvam ti najprvin na ankata doma trgniigo "prevezot" !!!!!!!!! zarem ti ke dozvol;is od RAMIZ da te prekrstime vo RAMPO ???? imam mnogu no tuka neka e krajot.
Од: уште еден некој
Датум: 29.04.2010 08:53:17
Извини некој, но еве ти се придружувам, јас дури би рекла и кец по историја за авторот. 2000 години историја ги рипа со неподнослива леснотија и мисли дека тоа не е доволен временски период за еден народ да претпрпи измени, да се измеша, да менува граници, култура, обичаи - во крајна линија да напредува! Ако некое востание во Македонија за кое знаеме од историјата се водело за независна баш ‘Македонија‘ еве во вратот сум најтенка. Секогаш се водела борба за ослободување од турците, но за рисјанска земја и кауза. Впрочем не е таа голема Македонија (сон на повеќето од дијаспората но на доволна сигурна далечина) во овие граници, тогаш половина од неа треба да ја враќаме (Скопје пред се), затоа не тропајте глупости и дај со сите сили конечно да живееме во овој 21 век.
Од: јован
Датум: 29.04.2010 09:49:27
Почитуван господине многу лесно е да ни држиш предавање за лепо понашање од Австралија.Дојди овде да видиш како се живее со сто евра,а со цени исти или поголеми отколку во Австралија,да немаш пари да си туриш бензин,да ти се закануваат секој месец со исклучување на струјата,водата,телефонот,кабловската телевизија.Не велам дека поради ова треба да се смени името,но дали мислиш дека ние сме некој силен фактор и дека ние ќе одлучуваме за името.Американците отворено ни се ЗАКАНУВААТ велејќи ни ако не го решите спорот со името загрозена Ви е иднината на државата.Милошевиќ беше „ ГОЛЕМ ЈУНАК И ПАТРИОТ „ и тој организираше референдуми и им пркосеше на АМЕРИКА И НА НАТО.ЗНаете ли како заврши тој и дека последиците од неговото владеење уште ги чувствува недолжниот народ ?
Од: Павле од Тарсус
Датум: 29.04.2010 10:45:52
Не само што сум ја читал библијата,туку и сум ја пишувал.Не е лошо и попчињата од МПЦ во Австралија да се фатат за црковните книги,па да научат нешто за верата.Или полесно им е да го замајуваат народот со фалсификување на историја.Колку сиромашни деца стипендирате,на колку сиромашни семејства им помагате,попчиња-патриоти за пари?
Од: Some Buddy
Датум: 29.04.2010 11:57:36
nekoj заборавил дека библијата спаѓа под обавезна лектира за портоколадните првачиња,а таму,ќе можел слободно да прочита Три верзии за постанокот на светот!Во Првата е посочено дека „библискиот“македонски народ потекнува од Амебите,па дури потоа настанал светот!Во Втората е посочено дека од Амебите настанале сите луѓе на Светов,а ги родила мајката Маак Геа!Во третата верзија,што е запишано дури и во Книгата на Абориџините,во библијата,но и во Бајките(зарем не сте знаеле?!) се вели дека дури и Исус,бил Македонец,особено Антички и всушност бил официјален претставник во Црквата создадена од Μέγας Ἀλέξανδρος!Постои и една скаска по која Барокната Црква на Исус,која ја создал Човекот кој библиски го играл „Тешкото“,засекогаш го сочувала Античкиот Македонец!Затоа и`оставил аманет дека таа е лично избрана од бога да го продолжи владеењето во Република Македонија! :D
Од: od nadvor
Датум: 29.04.2010 14:21:15
Do sega mislev, deka samo Evreite se smatraat za poseben narod, što specialno od veka bil odbran od Gospoda - a sega doznavam, deka i Makedoncite... Pa da vi poželam mnogu sreka, Makedonci - i so Gospoda napred, kao do sega, taka i od sega! So negovata pomoš dojdovte i ke dojdete - se nadevam - mnogu daleko i visoko... Nie, luge od drugite nacionalnosti, što ne bile "odbrani" , što ne se pišuva za nas vo Biblijata, mora da se snaogame sami... Pa da se fatam za rabota, umesto tuka da gubam vreme ... Saka da se jade. No bez trud i ramenici - so muabet pravenje, kafe pienje i postojano žalenje na teška sudbina, tursko ropstvo i "nikoj ne ni pomaga" , pečeni gulabi nikomu nema da doletat sami vo usta... Pozdrav i uspech vo život na site luge - "odbrani" i "neodbrani"!
Од: Адам од Говрлево
Датум: 29.04.2010 14:46:13
Нашето национално име, кое е и лично, не е пазарна роба, туку наш идентитет. Името не може да биде пазарено ниту на државата, ниту на народот-нацијата, ниту личното име не се за на битпазарски политички пазар. Проблемот произлегува од зграбеноста на Егејот, па Грците се прогласија себеси и за Македонци. Во пописните графи тие никогаш не ставиле графа Македонци, Албанци, Турци, Евреи, и тн. Грчката политичка фантазија не може да ни диктира политика на себенегирање, тоа им е јасно и на малите деца. Грција, а не Грците, или не сите Грци, бара светски нон сенс - самите да се одречеме од себеси. Грешката е направена кога на Грците им се даде поддршка да си формираат држава со крал, а не на Македонците, од причини што таквата Грција повеќе беше островска земја. Отпосле и се придодаде егејот за да им биде извор на храна, оти само од риболов тешко ќе преживуваа... Браво за ставот!
Од: Tose
Датум: 29.04.2010 15:18:28
Го прочитав објавеното ‘Писание‘ и си реков: Што им стана на утрински па пошнале вакви глупости да објавуваат!!!!!
Од: "Macedonian cry" ne e za falenje
Датум: 29.04.2010 15:19:25
Жалам што МПЦ ЕАНЗ, од Мелбурн, Австралија непознавајки го точното тумачење на изразот “Мacedonian cry” си дозволува да се фали и да посочува доказ дека: “во таа Света и единствена книга, само Македонија и македонскиот народ се спомнуваат толку прецизно и јасно и тоа на неколку места: Дела Ап.: 16:9 - И на Павла му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни!“... Што не е точно! Македонците во 16:9 се прикажани како плачковци, некој, koj не знае или не е способен, сам да си помогне па постoјано вика некој друг да му помогне, да ги реши проблемите. Синтагмата “Мacedonian cry” и до денешни дни во политиката и во литературата се користи во, пежоративен смисол!!! Затоа, подобро е да не се споредуваме со тие антички Македонци

Најди! во Утрински
Писма
Од конформист во активист
Скопје ќе биде поубаво