Почитувана Редакцијо, пишувам за да ги пренесам моите впечатоци и мојата трансформација од конформист во активист! Пред неколку дена бев дел од прославата по повод 19 години СДСМ, 19 години другарство, солидарност и почитување.
До пред некое време само ја следев политичката сцена со особен интерес, но не бев активно инволвиран. За себе отсекогаш сметав, според своите ставови, дека гравитирам или на политичкиот компас се лоцирам кон лево, ми недостасуваше само фитилот за партиски да се обојам – фитили има многу од ова катастрофално работење на ВМРО-ДПМНЕ.
Сега можам со особено задоволство да кажам дека од 20 април сум и официјално член на СДСМ, и јас бев од оние 1.500 нови членови социјалдемократи што имаа чест да ги примат членските книшки од претседателот на партијата Бранко Црвенковски. Време беше овој конформизам да го заменам со активизам, мислам дека е во вистинско време и за мене, но, пред се', за Македонија.
Сметам дека е време нашиов народ да се крене во политички активизам, во политичка борба и политичка пресметка, во борба за општествените идеали и принципи за да ја смени актуелната политичка гарнитура што и' нанесе огромни штети на Република Македонија и ги прокоцка сите шанси, уништи се' што досега беше домаќински изградено.
Верувам дека секој човек ги поседува социјалдемократските вредности што се рамка на секое нормално, морално општество, општество со усвоени заеднички вредности. Време е да ги вратиме тие, вистинските вредности во нашите маала, меѓу нашите деца и млади. Вредности што ги застапуваат сите другари и другарки, сегашни мои сопартијци.
good for you :)
Ne fala, vo politika itoa vo Makedonija? jas mozam da ostavam po nekoj komentar tuka, koga imam vreme kako sega..Odamna krenav race od Makdonija i fativ magla :) So sreka. :D :D
Од: nekogo
Датум: 29.04.2010 01:13:29
Socijaldemokratskite vrednosti gi nema vo SDSM.
Inaku nemase da se dozvoli takva sramna privatizacija, od koja nenormalno se zbogatija 100, a nacisto propadnaa milion.
Taa partija treba da pretrpi uste eden poraz, Branko definitvno da se penzionira, pa da se izvini SDSM za site zlodela sto gi napravija na ovoj narod, pa da priznae sto e dobro toa sto VMRO go pravi (i toa da vetat deka kje go prodolzat), pa za ostanatoto (toa sto ne cini kaj VMRO) da ponudat kako podobro da se napravi.
A ne samo da se kritikuva.
Igor Ivanovski uste sega kazuva deka ako oni dojdat na vlast ke go vratele danokot od 10% na 25% !?! Pa u koja normalna drzava pobeduva nekoj sto vetuva deka ke gi zgolemi danocite?
Isto i za imeto. Prvo da prestanete da bidete anacionalni sustestva, da si ja proucite podlaboko makedonskata istorija i da vetite deka ke gi prekinete pregovorite so Grcija i deka za imeto nema nikogas da pomislite veke za nekakva promena.
E togas moze da razmislime dali ke glasame za SDSM!
Од: Напред во минатото!!!
Датум: 29.04.2010 07:36:41
Вистинско време било и овој Тимов да се трансформирал!? Мора да е некој пензионер штом сопартијците си ги нарекува другари и другарки. Ха-ха-ха. До сега спиел, а сега уште полошо - отишол кај предавниците и гробарите на Македонија. Зарем има уште луѓе кои се палат на Бранко и СДСМ?
Од: Todor
Датум: 29.04.2010 08:11:51
Нека ти е со среќа, ама овака да пишеш и кога ќе се разочараш и од СДСМ и ќе отидеш во пасива или ќе преминеш во друга партија со истите мисли кои сега ги наведуваш.
Политиката е само твојот пат кон остварување на личните цели. Дебело ќе се лигавиш и упикуваш ако сакаш да дојдеш до таа цел.
Паметните луѓе бегаат од политиката за жал оти е погрешно сватена и користена. Во политика претежно одат луѓе за полесно да земат, добијат нешто отколку да дадат нешто.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 29.04.2010 09:48:27
Ви ја разбирам радоста но не ви ја разбирам желбата таа радост да ја споделите јавно.Дали имавте наплив на неконтролирана радост или саката да не запознаете да на еден роденден присатни 700-8оо активисти и симпатизери имало 1500 пристапници.Оваа весела математика ме подсеќа на социјалистичкото книговодство кога сакаа да ги затскријат загубите се правеше пресметка со краен исход ПОЗИТИВНА НУЛА.
Од: Marija Georgievska
Датум: 29.04.2010 10:11:09
Pa neka ti e so sreka Ninoslav.
Znaes hrabrost e javno da go istaknes svojot politicki stav.Eve bidejki javno se proiznese, javno i te sredija ovie dolu potpisanive.
Ti poracuvam, samo sledi si ja tvojata politicka opsija i obidi se da bides cesen i korekten vo sproveduvanjeto.
Pozdrav,