Број 3319  вторник, 29 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Шведска талка без закон за сексуална еднаквост

Наместо шест закони, беше предложен еден против дискриминација

На 1 јануари 2009 година шведскиот парламент одлучи да го укине законот за сексуална еднаквост, кој беше во сила во земјата цели 28 години. Парламентарците се изјаснија да се замени законот и уште шест други антидискриминаторски мерки и да се донесе еден закон за борба против дискриминацијата. Во донесувањето на новата легислатива шведските власти имаа цел да ја поедностават заштитата од дискриминација, поле во кое Шведска сега заостанува зад САД и остатокот од Европа.

Меѓутоа, новиот закон, кој не може повеќе директно да ги промовира ��равата на жените, претставува значајна промена во официјалната политика. Целта на оригиналниот закон за еднаквост беше јасно прецизирана: „најпрво да се подобри статусот на жените во бизнис-светот“. Оваа цел беше игнорирана во новата легислатива, која, исто така, се откажа од обврската од годишно известување за разликите во платите исплатени на мажи и на жени. Известувањето за разликата во заработувачките меѓу половите сега ќе се изведува на секои три години и ќе вклучува помал број компании.

Шведска извлече корист од репутацијата како една од најрамноправните земји и лидерите на сите партии во шведскиот парламент - со исклучок на демохристијаните и умерените - се заколнаа на верност во однос на феминистичката кауза, меѓутоа, реалноста е тоа што поминаа 25 години без ниту една голема политичка иницијатива во полето на сексуалноста еднаквост. Во нивните кампањи за следните општи избори закажани за наесен, ниту левицата ниту десницата не предлагаат значителни реформи за постигнување поголема еднаквост, што поведува прашања дали еден од најголемите социјални проекти во нашата ера сега стигна до својот крај.

Со години Шведска беше пионер во тоа поле. Златната ера на легислативата за еднаквост на 70-тите години од минатиот век беше обележана со вишокот мерки за подобрување на условите на жените: воведување привилегии за мајчинство и отсуство на родителите, укинување на заедничкото оданочување за венчаните двојки, нов закон за абортус, финансиски средства за јасли и гарантирање на правото за шестчасовно работно време за родители на малолетни деца. Потоа, новите мерки слабо се спроведуваа на теренот и имаше промена во карактерот на дебатата.

Во осумдесеттите и во деведесеттите години на минатиот век акцентот беше префрлен на застапување на жените во политичкиот свет и во корпоративните и други организации. Во последниве неколку години, фокусот на вниманието беше повеќе на проблемите на насилството врз жените, особено злосторство врз честа и намерата да се воведат построги казни за сексуалните престапници. Меѓутоа, овие политики во многу нешта зависат од волјата за борба против криминалот, како и со унапредување на еднаквоста. Денес, одлуките и реформите што би имале директно влијание на секојдневните односи меѓу половите се упадливо отсутни. Тековната дебата поведе само едно вистинско прашање: реформа на осигурителниот систем за родителите каде што се регулираат отсуствата на родителите и пократкото работно време за родителите, да се охрабрат мажите да поминуваат повеќе време со своите деца.

Меѓутоа, прашањето е многу контроверзно. Според истражувањето спроведено во 2008 година од синдикатот Унионен, 40 проценти од 4.400 негови членови изразиле желба да се зачува сегашниот систем. И мнозинството од оние што биле за промена сакале да бидат „целосно слободни“ да одберат кој треба да остане дома и против мерките што би можеле да ги ограничат нивните лични слободи. Друго прашање што го привлече вниманието на јавноста е правото за полно работно време, што сега левичарската алијанса го презентира како профеминистичка мерка, бидејќи повеќето од жените работат со скратено работно време. Меѓутоа, уште еднаш, немаше дефинитивна заложба за воведување легислатива.

Зошто нема повеќе големи реформи? Од теоретска гледна точка фактот дека денешните мажи и жени го имаат истиот обем на можности дури иако не секогаш имаат иста ефективна слобода на избор, би можело да биде причината. Од попрактично ниво, политичарите се внимателни во интервенирањето во полето на семејната политика, која изгледа како потенцијално изборно минско поле. „Еднаквоста не фигурира како приоритет во оваа изборна кампања, бидејќи традиционалните политички партии прифатија попатријахална позиција, што ја третира како секундарно прашање“, вели Гудрун Шиман, портпаролка на партијата Феминистичка иницијатива. (Прес Јуроп)


#
Статијата е прочитана 318 пати.

Испрати коментар

Од: medne
Датум: 29.06.2010 01:16:34
sexual equality bi se prevelo polova ednakvost. seksualnost e razlicno od pol.

Најди! во Утрински
Свет
Анархисти го демолираа Торонто
Кога милионите летаа во небо
Папата против „рациите“ по белгиски бискупи
Фашизам на Интернет
Нема консензус за прием на Косово во Советот на Европа
Самит Г-20 -Ситиот на гладниот не му верува