Број 3319  вторник, 29 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Самит Г-20 -Ситиот на гладниот не му верува

Учесниците на самитот на Г-8 и веднаш потоа на групата Г-20 во Торонто не најдоа заеднички јазик околу реформите на финансиските пазари. Оваа суштинска тема беше одложена за следната средба во Сеул во ноември. Претседателите и премиерите на 20 најразвиени и земји се согласија во Торонто за развојна политика и консолидирање на буџетите. До 2013 година треба да се намали за половина буџетскиот дефицит на индустријализираните земји. Наспроти европските лидери кои на самитот бараа строга буџетска дисциплина, САД и Јужна Америка инсистираа на зголемена потрошувачка за да се одржи економскиот раст. Самитот на Групата 20 е главна тема на водечките странски весници.

Лондонскиот „Дејли телеграф“ заклучува дека за р��злика од претходните средби на врвот на Г-20, овој пат членките се одлучија на диференциран пристап во економската и финансиската сфера, кој им одговара на различните состојби во секоја од овие држави. На банките им беше дадено повеќе време во врска со построгите правила за нивните активности, со што на еден начин тоа претставува победа на банкарите. Францускиот весник „Фигаро“ констатира дека Канаѓаните, Австралијците и останатите економии во развој се непријателски настроени кон воведувањето ваков данок, бидејќи нивните банки успеаја да ја пребродат глобалната финансиска криза без да добијат државна помош. „Фигаро“ оценува дека состанокот во Торонто демонстрира недоверба кон воведување построги правила во финансискиот сектор.

Весникот се осврнува и на фактот што организацијата на целиот самит чинела рекордни 900 милиони евра. (Од агенциите)






#
Статијата е прочитана 190 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Анархисти го демолираа Торонто
Кога милионите летаа во небо
Папата против „рациите“ по белгиски бискупи
Шведска талка без закон за сексуална еднаквост
Фашизам на Интернет
Нема консензус за прием на Косово во Советот на Европа