„Пусикет долс“
Групата се распадна поради љубомора
Откако се распадна британската група „Оејзис“, пристигна уште една лоша вест од светот на музиката. Главната пејачка на групата „Пусикет долс“, Никол Шерцингер, изјавила дека групата се распаѓа. Иако тврдат дека се одлучиле да им се посветат на соло-кариерите, се зборува дека вистинска причина е големата љубомора на другите девојки спрема главната пејачка. Тие не можат да го поднесат медиумското внимание што го добива девојката на возачот на Формула 1, Хамилтон.
Пејачката Кимберли Вајт не сакала да го потврди распаѓањето на групата, а нејзиниот коментар е дека станува збор за подолга пауза. „Само што ја завршивме големата светска турнеја и ќе направиме пауза за да можеме да им се посветиме на соло-проектите. Поминав прекрасни шест години во бендот, а играм веќе 20 години. Мислам дека е време да се направи чекот напред“.
Мелоди Тортон јавно ја прозвала својата колешка Никол, обвинувајќи ја дека има големо его. Расправиите кулминирале на концерт во Лос Анџелес кога Никол почнала да вика: „Не дозволувајте никој да ви застане на патот кон исполнување на соновите“. Останатиот дел од шоуто бил непријатен, а штом завршила последната песна, девојките веднаш заминале од сцената.
|