ВикториЈа Бекам
Без шминка како без идентитет
Откако со години ја гледавме нашминкана, со високи потпетици и дизајнирана облека, Викторија Бекам се осмели да излезе од куќата без шминка и во обична гардероба. Никој не ја препозна – оваа трендсетерка изгледаше речиси анемично и анорексично. Всушност, многумина коментираа дека Викторија без шминка е како без идентитет.
Во ваквото издание Бекам е фатена како ја напушта теретаната, а доколку не биле иницијалите на нејзиното седиште, многумина не би ја познале. Но, уште истата вечер таа се појавила на натпревар на „ЛА Галакси“, клуб во кој игра нејзиниот сопруг Дејвид, уредно облечена и со значителен слој шминка - и повторно се' е по старо. |