Ози Озборн
Во гнев и' ги искинал гаќите на ќерката

Кели Озборн била шокирана кога нејзиниот татко Ози демонстративно и' ги скинал гаќичките, секси танга, зборувајќи се' и сешто. Ози рекол дека тангите се за проститутки, кинејќи ги пред очите на нејзините пријателки.
„Моите другарки стоеја подзинати, а јас сакав да пропаднам в земја. Татко ми се однесува како заостанат конзервативец“, изјавила Кели, додавајќи дека заплакала и оти и' било многу срам. Патем, секси гаќичките биле подарок од мајка и', која, пак, сака ќерката да се чувствува апсолутно женствено. Но, Ози, како многумина татковци, не сака да признае дека ќерка му веќе е голема.
Но, тој има и своја забавна страна.
„Еднаш татко ми се облече како вампир и ги заклучи моите пријателки во шупа. Тие плачеа и врескаа, па мајка ми мораше да ги викне нивните родители“, вели Кели.
|