МаЈкл Џексон
На вечно почивалиште во златен сандак и со нова перика

Мајкл Џексон ќе биде закопан во мавзолејот „Holly Terece Grand“,
два месеца по смртта, во најинтимна атмосфера, им соопшти на новинарите неговиот брат Марлон. Во присуство на децата и на членовите на најтесното семејство Мајкл во вечното почивалиште ќе биде ставен во златен сандак, со посебно изработена перика и комплетна шминка, таква каква што имал на своите настапи.
„Тато те сакаме, ни недостасуваш“, е последната порака упатена до кралот на попот што ќе биде ставена во неговиот сандак, која според своја замисла ја подготвија неговите деца Принц, Мајкл, Парис и Бланкет.
|