Брoj 2703  среда, 04 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

Барак Обама ја доби битката со Хилари Клинтон за номинација

Сенаторот во својот прв мандат е првиот црномурест кандидат за претседател на главна политичка партија во САД

Web Update: На вчерашното гласање Демократите од Јужна Дакота и Монтана ги дадоа своите гласови за Барак Обама со што заврши внатрепартиската трка за номинација за претседател на САД.

Црномурестиот Обама (46), вчера изјави: „Ноќва обележуваме крај на едно историско патување и почеток на друго. Прашањето е каде ќе одиме од оваа точка“

ВАШИНГТОН - Барак Обама и Хилари Клинтон вчера ја завршија историската демократска трка за претседателска номинација, со одржувањето на двата избора што би можеле да му помогнат на Обама да ја обезбеди номинацијата и да ја истисне Клинтон од трката. Демократите од Јужна Дакота и Монтана вчера излегоа на гласање на напорната трка за правото да му се спротивстават на републиканецот Џон Мекејн на ноемвриските претседателски избори и од овие две држави 31 делегат ќе учествуваат на конвенцијата во август во Денвер.

На Обама му недостасуваат околу 40 делегати за да ја стигне бројката од 2.118, колку што се потребни за да ја обезбеди номинацијата и да стане првиот црнец - кандидат на најголемата политичка партија во САД. Тој би можел многу побргу да ја достигне таа бројка во зависност од тоа за колку време ќе ги придобие гласовите на околу 200 неопределени суперделегати, партиски официјални лица кои се слободни да поддржат кој било кандидат. „Има голем број суперделегати кои чекаат да завршат и последните избори, но мислам дека ќе ја донесат одлуката прилично брзо по нивното завршување“, изјави во понеделникот Обама пред новинарите во Мичиген.

Лондонски „Дејли телеграф“ тврди дека Хилари ќе се повлече од изборната трка за номинација во Демократската партија до крајот на оваа недела, повикувајки се на свои извори во штабовите на двајцата претенденти за Белата кука. Според весникот Клинтон е свесна за тоа дека нејзиниот сон за тоа да биде првата жена во САД што била избрана за претседател, барем до 2012 година, е завршен. Весникот објави дека таа ќе ја објави својата одлука во Њујорк и таму ќе ја соопшти дека ќе ја поддржува кандидатурата на Барак Обама во неговата битка со републиканскиот претендент Џон Меккејн.

Гласањето вчера заврши во Јужна Дакота, а еден час подоцна и во Монтана, додека резултатите се очекуваат за кусо време. Клинтон и нејзиниот табор во понеделникот испратија комбинирани сигнали во ��рска со тоа колку долго таа ќе остане во претседателската трка што ја почна како голем фаворит, но сега има мали шанси за победа. За време кампањата во Јужна Дакота, Клинтон изјави дека со завршувањето на гласањето што се случи вчера се одбележа „почетокот на нова фаза на кампањата“ во која таа ќе го изнесе својот случај пред суперделегатите дека би била подобар кандидат во борбата против Мекејн на ноемвриските избори. „Одлуката ќе треба да ја донесат делегатите кои ќе бидат ополномоштени да гласаат на демократската конвенција“, изјави таа пред симпатизерите во Јужна Дакота. Меѓутоа, нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон, во понеделникот звучеше како да ги одбројува часовите за завршување на кампањата во Јужна Дакота. „Ова можеби е последен пат како ќе бидам инволвиран во кампања од ваков вид“, изјави тој.

Обама планира организирање прослава за победата, со која ќе го одбележи почетокот на кампањата за изборите против Мекејн, откако во вторникот вечерта беа затворени избирачките места во Јужна Дакота и Монтана. Од таборот на Обама апелираа до суперделегатите да ја искажат својата поддршка пред завршувањето на вчерашното гласање за да може со освојувањето на делегатите од двете држави да се искачи на врвот во демократската трка. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 723 пати.

Испрати коментар

Од: MALINKA
Датум: 04.06.2008 06:50:00
Barak Obama pobedi so 2152 delegat nasproti 1992 na Hillary Clinton i so toa ja dobi nominacijata za Pretsedatel na USA od Demokratskata partija.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Собранието ќе се конституира на 20 јуни?
Осигурувањето возила ќе поевтини - отштетите нема да се намалат?
Нема амнестија за незрелоста
Зденко
Претходен број
Големи критики за однесувањето на полицијата
ДИК се изгуби
Почина пионерот на рокенролот Бо Дидли
Собирање на шаторот
Камионите со сомнителната пратка и натаму на Блаце
Карикатура
Груевски ја изолира Македонија, вели Љупчо Георгиевски
Вработените во МРТВ од денес на штрајк
Verbatim
Јусеин Болт