|
|
|
|
|
|
Големи критики за однесувањето на полицијата
Дали полицијата на изборите беше полојална кон партиите или кон државата
Даниела Трпчевска
Зголемен број полицајци на гласачките места, хеликоптери, „ебри“, „алфи“ на секој чекор. Ваквото рекордно присуство на полицијата како превентива за изборните инциденти беше најавено само неколку дена пред да се одржи неделното гласање. Целта беше да се спречат и избегнат инцидентите, а земјава да го обели образот и да си го олесни трнливиот пат за влез во НАТО и во ЕУ.
Но, работите тргнаа во сосема спротивна насока. Се вративме пред 2001 година, оценуваат аналитичарите, додавајќи дека полицијата не само што не помогна во спроведувањето фер и демократски избори туку дека демонстрираше оти, и покрај бескрајните домашни и странски реформи, се' уште е она што беше во поранешниот систем – партиска полиција.
Американската амбасада преку соопштение побара од Владата да ги отстрани сите официјални лица од органите на редот чија лојалност е спрема политичка партија, а не спрема професионална полициска работа. Амбасадорката на САД, Џилијан Миловановиќ, изразува загриженост за сериозните недостатоци што ги согледале домашните и странските набљудувачи. „Мора да се постават и целосно да се спроведат стриктни полициски процедури за заштита на гласачите, членовите на Изборната комисија и набљудувачите за да не се повторат случувањата од 1 јуни. Владата мора жестоко да ги истражи, гони и соодветно да ги санкционира оние кои ги попречиле настаните, а кои и' го одзедоа демократскиот имиџ на оваа земја“, е ставот на амбасадата на САД.
На многубројните критики од странските претставници во земјава, од МВР одговараат дека ќе бидат бескомпромисни спрема секого што бил инволвиран во инциденти, особено ако станува збор за припадници на полицијата. Како прв чекор го најавуваат тоа што против тројца припадници на МВР веќе се поднесени кривични пријави за учество во изборни инциденти.
Аналитичарот Суад Мисини оценува дека е жално тоа што треба странски��е набљудувачи да ни ја кажуваат очигледната катастрофа. „Полицијата не помогна во спроведувањето фер и демократски избори. Ако се најавуваше пред изборите дека ќе има полициско присуство повеќе од кога било, а се случи да има насилство повеќе од кога било, може ли некој поинаков заклучок да се изведе од тоа дека полицијата не ја заврши својата работа, односно вршеше туѓа работа“, прашува Мисини.
За него е нејасно зошто е дозволено во толку многу места локалните набљудувачи да бидат бркани од избирачки места, но и дека „на неколку места униформирани лица ги спречувале граѓаните да гласаат, каде што потоа се покажало дека се донесени наполнети гласачки кутии“. „Поентата е многу едноставна, дали Албанците во Македонија се див народ и го урнисуваат угледот на земјава или институциите го уништуваат угледот со тоа што не функционираат или функционираат според одредени сценарија што му одговараат некому“, прашува Суад Мисини.
Гласачко место во Ново Село е затворено затоа што неидентификувани лица упаднале за време на гласањето. Неидентификувана група направила неред и го избркала набљудувачот на „Мост“ и во Боговиње. Во Желино повторно е повлечен набљудувачот на „Мост“ откако била наполнета гласачката кутија... Ова се само дел од изборните неправилности што ги регистрираа мониторите на граѓанската асоцијација „Мост“.
Претседателот на „Мост“, Дарко Алексов, потврдува дека беше забележливо големо присуство на полицијата на гласачките места, но, според него, бројката и не е толку важна колку што е важно како тие реагирале во дадени ситуации.
„Ако се сеќавате, ДИК непосредно пред денот на изборите ја повика полицијата да се придржува до Кодексот за постапување донесен од страна на ДИК. Задача на полицијата е на повик на претседателот или член на ИО да влезе во избирачкото место и да воспостави ред. Оттука се поставуваат неколку прашања - дали и кога ОИК или ИО барал интервенција од полицијата и дали полицијата реагирала само кога била повикана“, прашува Алексов, нагласувајќи дека, сепак, факт е тоа што сите оружени инциденти се случија надвор од избирачките места.
Тој нагласува дека случаите во кои нивни набљудувачи биле избркани од избирачките места не се случувале во присуство на полицијата. „Информација за реакција на полицијата во случај кога наш набљудувач бил избркан од гласачкото место до нас не стигнала“, децидни се од „Мост“, кои со 3.500 набљудувачи мониторираа 70 отсто од гласачките места во земјава.
„Како и за организацијата на сите избори одговорноста, пред се', лежи во државните институции и во оние кои раководат со нив. Ја плаќаме цената на она што беше очигледно од самиот почеток. Се' беше подредено на победа по секоја цена: предвреме започната агресивна и скапа кампања финансирана од нелегални пари надвор од сите законски лимити, јавно искажаниот збор никогаш не бил на пониско ниво, до крај контролирани и замолчени медиуми во кои воскреснаа партиските пропагандисти и активисти и серија сериозни инциденти кои останаа нерасчистени и практично ја отворија вратата за грдите настани од 1 јуни“, вели претседателот на Хелсиншкиот комитет, Исо Руси.
Според него, се покажа дека институциите на државата се партизирани до крај. „Не се знаеше кој пие, ама се знае кој плаќа. Полицијата демонстрираше дека, и покрај бескрајните домашни и странски реформи, се' уште е она што беше во поранешниот систем – партиска полиција. И уште полошо, полицијата во служба на коалицијата на власт се подели по етничка основа. Прв пат значајна вертикала во МВР е контролирана и злоупотребувана од албанскиот партиципиент во власта. Јалови беа предупредувањата дека функционер во МВР може да го контролира партискиот активист во истата личност, туку дека ќе се случува обратното – целата структура партиски активисти во МВР да го злоупотребуваат Министерството за партиски цели“, дециден е Руси.
Сепак, според него, вината не може да се генерализира или партиски да се балансира. Инцидентите имаат конкретни сторители во конкретни личности, чија професија не е етничката припадност. Треба да се разоткријат сторителите и челниците на политичките партии кои барале вакви активности од нив, вели Руси.
Разоткривање на „лошите момчиња“ кои учествуваа во изборните инциденти вчера побараа речиси сите меѓународни фактори во земјава. Од МВР најавуваат дека ќе бидат бескомпромисни спрема секого што бил инволвиран во инциденти. „Инсистиравме и ќе инсистираме на индивидуална одговорност. Нема да дозволиме поединци заради лични или политички интереси да го уриваат угледот на полицијата. За секого што ќе се утврди одговорност ќе следуваат санкции без разлика дали е влезен во МВР според Рамковниот договор заради правична застапеност“, вели помошник-министерот за односи со јавност, Иво Котевски. |
#
|
Статијата е прочитана 2981 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Peyo |
Датум: 04.06.2008 00:28:05 |
|
Posle 1 juni nema kaenje! |
|
|
|
|
|
|
Од: a |
Датум: 04.06.2008 01:27:17 |
|
so partizirana policija nema bezbednost.Mal broj policajci gi izbrukaa site svoi kolkegi.Za takvite nesmee da ima mesto vo MVR. |
|
|
|
|
|
|
Од: makedonec |
Датум: 04.06.2008 01:59:28 |
|
Pa ke ima incidenti koga nikoj ne im kazal na albancite deka ne se pojke premieri crvenko, hari,bucko ili nedaj boze sekerinska. Pa eve sega jas da vi kazam: sega premier e Grujo i nema pojke blokiranje patista, zemajne puski, polnejne kutii, ucenuvanje , zakanuvanje itn. Ako sakate da ziveete zaednicki i ramnopravno so celiot svet sedete, a ako ne sakate i barate prava koj gi nema nigde(da nema za vas nikakvi zakoni da skate da prajte so vi se saka) povelete kosovo vi e blisku. P.S. sreken pat |
|
|
|
|
|
|
Од: jimmy1 |
Датум: 04.06.2008 02:33:06 |
|
Do Makedonec: A koj bese dosega premier, Avram od dolno duparica??? Ovaj bese premier, istiov kon od koj "mnogu" ocekuvas.
Nikade vo svetot nemam slusnato nitu pak videno posle sekoi izbori da se menuvaat nadleznite vo policijata, sudstvoto ili vo bilo koi drzavni ustanovi i da se stavaa partiski luge na tie rakovodni mesta. Policijata, sudstvoto i drugite ustanovi se od vitalna znacajnost za celokupnoto naselenie na drzavata a ne samo za partiskite privrzanici. Partisko opredeleni vojnici i partiski slugi ne treba da rakovodat na vakvi mesta. Kaj nas sve se pravi, brkaat sposobni luge od tie rabotni mesta samo da gi zaposlat clenovite na svoite pobliski semejstva i svoite partiski slugi. |
|
|
|
|
|
|
Од: luli |
Датум: 04.06.2008 04:58:17 |
|
jasno e deka eden golem broj od policijata celosno bese lojalna na partiite , sepak pod pritisok od usa .E.U. vlasta morase da reagira i da go zatvori i Agim Krasiqi so negovata banda i veruval ili ne vo negovata banda ima i 3 od MVR no seuste javno ne se kazuva , grujo znaese deka ova ke se sluci jas veruvam deka on ja izrizikuval EVROPA I NATO samo da im dozvoli na kriminalcite da imat razreseni race i da se ispotepat albancite megu sebe,no toa ne se sluci kao sto on mislese i sto dobi na kraj 99%uspesni glasanja???ne ne na evropa i interesira zasto se sluci toa 1% ubistvo,pukaje kradenje glasovi???zasto policijata ucestvuvase vo toa???kaj nas e mozebi normalno no vo zapadna evropa ako policijata ucestvuva vo kradenje glasovi togas opsto se gleda kakva vlast ima taa drzava pa ete makedonija ne vikat abancite od makedonija tuku makedonija ima slicni izbori kao AFRIKA samo razmislete agim krasniqi bese osuden od vrhovniot sud na makedonija ,on izleze pomoken od vrhovniot sud |
|
|
|
|
|
|
Од: golem decko |
Датум: 04.06.2008 06:25:10 |
|
i mene mi duzi policija dvaeset evra ,morav da gi potplatam za da ne me zapisat koga pominav a crveno,zosto rekov deka sum od vmro me pustija posle plakanje ,vidi vidi |
|
|
|
|
|
|
Од: Dok |
Датум: 04.06.2008 06:42:16 |
|
Zosto nikoj od ovie novinari ne gi povika javno tachi i axmeti da kazat sto organizirale zosto site skokaat na vmro, a zaboraviv deka pobedi vmro i ja izgazi SDSM kako pijan govno, neznam koj i nanese poveke steta na makedonija, dali evropjanite ili ovie makedonski komunisticki novinari sto samo znaat da pishuvaat koga vmro pobeduva aj posle destina ili 12 godini mozebi ke pobedite |
|
|
|
|
|
|
Од: vrves |
Датум: 04.06.2008 07:29:01 |
|
Aku makedonskoto opsestvo ne bese demokratsko ,partii so albanski preznak nemase da postojat.Problemot e vo toa sto albanskata mafija od petni zili se bori da opstoi na makedonskata politicka scena.Zatoa ne zalat pari pa podplakaat segde kade sto ke stignat samo da ja zacvrstat svojata mok.Do vas takanareceni analiticari i novinari koi mozebi ne ste svesni dek ste vo nivna sluzba samo edno covecko predupreduvanje ,"koj so gjavolot tikvi sadi od glava mu igrale".Pa prodolzete i ponataka pisuvajte kako sto sakate.Samo pred 10 dena proverete sto pisuvavte,kogo go ponizuvavte.Za policijata edno da vi e jasno 70-80%od policijata e lojalna na SDSM,zatoa dobivate vakvi izvestai od MVR.Samo i tie pripadnici eden den ke svatat deka treba da si ja gledaat rabotata za koja se plateni a ne uste da se macat so toa koj gi vrabotil.Megjunarodnata zaednica incidentite vo Makedonija gi izolira i posoci deka se slucuvaat vo takanarecenite albanski sredini. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mrko |
Датум: 04.06.2008 09:28:50 |
|
Со безобразната партизација не само на МВР туку и на сите други државни институции, веќе немаме институции кои им служат на сите граѓани. Институциите им служат само на партиските лидери. А тоа е лош лош знак за една држава. Почетен знак за разградување на една држава. |
|
|
|
|
|
|
Од: Od Delcevo |
Датум: 04.06.2008 09:48:16 |
|
Mozebi cuvte, a mozebi i ne. Edna od pricinite na partiziranata 100% policija, barem vo Delcevo, za drugi mesta ne znam, bese so drzavnite krajsleri i dzipovi da gi prevezuva glasacite na VMRO i neopredelenite na glasanje i da priveduva aktivisti na SDSM i dr.sto ne mislat kako niv (portokalovo) na razgovori. Za seto toa postojat i sliki i snimki. Toa e za MVR (citaj VMRO). Inaku, vo Delcevo i granicnata policija i site drugi sluzbeni vozila bea staveni vo pogon oti imase mnogu pari, zejtin i brasno koi moraa da gi podelat i da soberat glasovi za poveke od 61 pratenik. Vo Delcevo pobedija so 1.600 glasa razlika koja nitu tie samite ne ja ocekuvaa i ne se nadevaa deka ke pobedat. Posmatracite i clenovite na IO koi inaku se VMRO-ovci (oti nie site se znaeme), velea "Tuka nema sto da barame, znaeme deka ke izgubime" I samite ne veruvaa deka ke pobedat. Nesto cudno se sluci, NELI ?????? |
|
|
|
|
|
|
Од: caircanec |
Датум: 04.06.2008 10:06:11 |
|
do makedonec,prvo policijata na grujo na 1 juni bese vo funkcija na dpa i negoviot vazal taci,a za idenje nekoj nekade ti i tie kako tebe mozat slobodno da se vratat od kaj se dojdeni,karpatite. |
|
|
|
|
|
|
Од: Анѓелкоски Методија |
Датум: 04.06.2008 10:14:46 |
|
Доста често пишуваме за „партизирана полиција“ што јас го сметам за исклучителна навреда кон полицајците како луѓе. Што значи „партизиран“? Дека се однесува како симпатизер или член на партија. Е па ако е така, а партиите на власт се менуваат тогаш од луѓево што се грижат за нас (полицијата) правиме скандалозни безкичмењаци кои немаат свој идентитет. Да ми простите ама јас со тоа не се слагам. Навистина би сакал тие мудреци кои вака говорат да кажат „Што би презеле кога би биле министри, за да спречат некој криминалец да направи криминал?“ Би го уапсиле априори? На врат ќе ви се качат сите можни здруженија (види лекција „Бродец“). Во крајна линија, ако има полицајци кои се однесувале како партиски сили, и ако полицијата постапи против нив, тоа е се... |
|
|
|
|
|
|
Од: d-dorf |
Датум: 04.06.2008 10:17:42 |
|
Pa tie istive diplomati do vcera baraa malcinska zastapenost vo site drzavni institucii vo zemjata. Mnogu malku policajci se primeni da rabotat vo policija na normalen pat, seto vrvese po partiskite kanali , a toa znacese deka sekoj sto e ispraten od partija najnapred gi brani interesi na partijata a potoa na R.M. Trebase da se sluci nesto strasno ( kako sto se sluci) Za da ja uvidete vasata greska vo vasite baranja so vasite PULENI pocituvana Gos DIPLOMATI. Deka problemot nee e vo toa kako sto sekogas kazuvat ,Albancite ne se dovolno zastapeni vo drzavnite resorsi, problemot e kaj niv samite i nivnite SONISTA. Sakavte zverovite da gi prepitomite, duri sega poleka ke ja uvidete greskata VASA, i ke se uveruvate vo toa sto vo sustina tie sakat i kolku sakat , i kako ja zamisluvat tie, albancite "DEMOKRATIJATA"( VO KOLKU VIE NEMATE UDEL NA SETO TOA !!!!!!!?) |
|
|
|
|
|
|
Од: rohr |
Датум: 04.06.2008 10:56:35 |
|
Makedonija nema profesionalna Policija tuku rasisticka i radikalna policija.. |
|
|
|
|
|
|
Од: gracerin |
Датум: 04.06.2008 12:05:14 |
|
Ako policijata ucestvuvala vo polnenje glasacki kutti ,Toa e sve kriva vlasta i ministerstvoto za vnatresni raboti na Makedonija.NA zapat na izbori da se sluci ubistvo ministerot za vnatresni raboti si odi.A kaj nas terba pola Makedonuja da ja snema i toa nema da se desi. Bitno e da se dobie vlast a za narodot nee bitnos to gini.Na nim povazen e eden glas pa ne ka i posle pogine .Za sramota pa ja napadjate evropa pa vije Makedoncite ste pogolemi nacionalisti od Albancite ama nemate izbor i sila.Da bideme zivi pa ce vidime ,nema da bide mnogu dalaku. |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 04.06.2008 13:14:59 |
|
|
|
|
|
|
|
Од: zalosno |
Датум: 04.06.2008 16:26:55 |
|
Vladata kogo ke goni, kogo ke kaznuva. Koga samata e infiltrirana vo necisti raboti. A od partiska policija samo vakvi raboti moze da ni se slucat. |
|
|
|
|
|
|
Од: verag |
Датум: 04.06.2008 17:10:17 |
|
Уште кога ВМРО дојде прв пат на власт ги избрка сите полицајци на функција што не беа нејзини членови. Сега како да се чудат некои поединци како ни е партизирана полицијата. |
|
|
|
|
|
|
Од: petko |
Датум: 04.06.2008 20:54:27 |
|
zar treba da se posocuvaat vinovnicite , koga se znaat , Gruevski , Jankuloska , Gjorcev i site ostanati matrapazi . Cekajte pa ke vidite sto ke ne snajde , partiska policija , partiski sudii , partiski dousnici , partiski novinari , partiski televizii , tesko si ni makedoncina , ni se moze sto mi mozes , glavnata VMROvska parola. Go plukate ednopartiskiot sistem a vie ste beter. |
|
|
|
|
|
|
|
|