Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Власта и опозицијата си играат „во тебе е шугата“

Песочниот часовник истекува, а власта и опозиц��јата го трошат времето и политичката енергија во препукувања. И вчера продолжија меѓусебните префрлањата околу тоа кој и како треба да го реши проблемот со името, што е главната пречка за македонските евроинтеграции.

ВМРО-ДПМНЕ вчера на прес-конференција го повика лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, да одговори што планира да направи за решавање на спорот за името и дали тоа ќе биде по цена на идентитетот и менување на Уставот. Шефот на левичарската опозциска партија, пак, возврати во негов стил: „Владејте или одете“ и додаде дека ќе каже како ќе го реши спорот, но дури откако Груевски ќе го признае поразот.

Владимир Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи, како што вели, на нереализираните ветувања на Црвенковски за вработување по еден член од секое семејство, за укинување на визите и за решавање на проблемите на стечајците, сега ветува влегување на Македонија во ЕУ и во НАТО, иако тој имал шанса да го направи тоа.

„На крајот би сакале да ги прашаме СДСМ и Бранко Црвенковски што планираат со името на државата, идентитетот на македонскиот народ? Дали Црвенковски договорил нешто и ако договорил што договорил? Дали нешто договара моментално и презема обврски и какви обврски презема? И дали има намера и која е неговата намера во иднина во врска со името и со идентитетот на Македонија? Одговорот на овие прашања им го должи Бранко Црвенковски на македонските граѓани, затоа што многупати во минатото сме виделе дека Црвенковски презема обврски што се на штета на Македонија и на македонските граѓани, а потоа бездушно ги исполнува“, рече Ѓорчев.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, пак, на прес-конференција изјави дека ќе одговори на прашањата на премиерот Никола Груевски во врска со решавањето на спорот за името доколку тој јавно ја преземе одговорноста за тоа што ЕУ се' уште не одреди датум за почеток на преговорите со Македонија и оти не може да ја внесе државата во НАТО и во ЕУ.

„Владејте или одете! Владеење значи решавање на проблемите на овој народ и на оваа држава, значи да се соочите и да ја преземете одговорноста за сопствените неуспеси, а не постојано да барате дежурни виновници. За да имате право да не' прашувате како би ги решавале проблемите, ќе мора прво јавно да ја преземете одговорноста за поразот во Брисел и јавно да соопштите дека не можете да ја внесете Македонија во НАТО и во ЕУ. Тогаш ќе добиете одговор на вашите прашања“, изјави Црвенковски на прес-конференција.

Тој рече дека партијата ги има одговорите, како и тогаш, како што наведе, кога „обезбеди кандидатски статус за членство во ЕУ и кога ја доведе пред вратата на НАТО, без кој било да го постави прашањето, а не да го загрозува македонскиот национален идентитет“.

Одговарајќи на новинарско прашање, Црвенковски рече дека посакува да има макар тајни преговори за спорот со името.

„Ако ги има, тогаш има и шанси да се дојде до решение. Се плашам дека се' се сведува на фотосесии, поздравувања и сликање без каква било суштина и содржина на тие средби“, изјави претседателот на СДСМ. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 905 пати.

Испрати коментар

Од: ја
Датум: 22.06.2010 00:18:17
Предлог:Наместо на прес конференции да поставува прашања Грујо како Бранко ќе го решел проблемот и на ист начин да се добива политички одговор,во интерес на македонската јавност со чии емоции си играат, ПРЕДЛАГАМ ТВ ДУЕЛ, ако имаат храброст да си ги постават прашањата �� јавноста ќе пресуди.Но дали има едниот храброст за тв дуел.За жал, има кукавица што нема храброст јавно да ги конфронтира своите ставови со други.Кој е кукавицата-отценете сами!
Од: Itar Pejo
Датум: 22.06.2010 00:19:24
Branko sklucil i seuste sklucuva tajni dogovori vo ieto na nasata drzava. Vece znaevme deka vladata ne znae kade originalot od ramkoviot dogovor. Branko ima skluceno dogovor za promena na imeto Fyrom. Ama nikoj ne znae so kogo e sklucen toj dogovor i koe e imeto sto Branko go prifatil.
Од: flying-monaco
Датум: 22.06.2010 07:06:19
Ako se borese GRUJO samo protiv Grcite za imeto i identitetot, itn. do denes ke bese reseno, no za zal ima po golema maka od DOMASNITE (grcki patrioti) koi sakaat se da prodadat samo za taja zelba za vlast...
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 22.06.2010 07:30:04
Што им е на овие од власта? Дали се в ласт само кога се располага со парите?И како мож=ел некој да договара или разговара во име на партија? Па на договорите се става државен печат и потпис на овластено лице а тоа е премиерот или од него овластено лице.А ова барање на совети од оние кои ги омаловажуваме е омаловажување на самите нас.Токму тоа го прави Груевски, сакајќе да глуми итрец, самиот си става препки.Нека се освести - тие ја имаат ЦЕЛАТА ВЛАСТ.Порадфи ваквото однесување не ја заслужуваат.Не се опозисија за да прозиваат - туку да работат.
Од: Stojan
Датум: 22.06.2010 07:41:13
Možebi će go soopšti rešenieto a i "pronajde" čim Gruevski će ja izgubi vlasta?Znači rešenie Crvenkovski nema oti znae deka nema da dojde na vlast dolgo a i nema idei ama baš za ništo , samo kritika i toa koja ja slušame redovno.Sramota e da se govori za nešto za koe nemaš ideja ili plan.Ako Crvenkovski tolku dobro vladeeše nemaše od premier da bega i bara spas vo izbor na predsedatel na država koga znaeš kolku tamu i što možeš da komandaš.Definitivno SDSM nema kompas za kade da odat ama ni Gruevski ne se poarni.
Од: Afion
Датум: 22.06.2010 09:29:48
Pesocniot casovnik ne istecuva. Se vrti naopaku i pak tece, kako sto Makedonija e vecna. Sugata ne e ni kaj SDSM ni kaj DPMNE tuku kaj grcite koi seuste uspesno ni ja prenesuvaat nam. Imam lek protiv takvata suga: SDSM treba da sedne na masa javno so DPMNE i da ja sostavat nasata crvena linija. JAVNO, bi znacelo deka i da ima nekoja skriena agenda od bilo koja strana pokasno kje se pokaze pa koj i da e na vlast kje leta od nea. Gospodine Crvenkovski (generqacija sme), zosto bi bil poraz ako ne sakame da si go smenime imeto? Ne smeete sporot so imeto da go koristite za da dojdete na vlast. Znaci, zaednicka crvena linija i podobra ekonomska programa od taa na DPMNE. E, ako taka dojdete navlast kje imate i pocit. Do togas...
Од: од мене
Датум: 22.06.2010 09:46:55
Шугави се и едните и другите!
Од: ivan
Датум: 22.06.2010 09:53:30
Site znaeme deka tesko ke se dojde do resenie za imeto.Eve pred nekoj den go slusam i Casule koj vo megu vreme se svrte kon VMRO deka resenieto bilo da se prodolzi so pritisok da se vleze vo NATO i EU kako FIROM. Da toa e resenieto, no za da se sluci toa treba da se vratime na situacijata pred pet godini,bez ANTIKA spomenici i provokacii so koi ja izgubivme doverbata i kaj evropskite partneri. No taka ke zagubi i partijata na vlast koja vlasta ja cuva samo so nacionalizam(ekonomijata e 0) i podbucnuvanje edni protiv drugi. Mislite drugite ne se sposobni da vladeat na takov nacin, e vo toa e razlikata pomegu socijal demokratite , liberalite I narodnite(nacinalisticki)partii vo nasava zemja. Inaku Narodnite partii vo nekoi zmji uspesno se spravuvaat so krizata I ekonomijata, sto ne e slucaj vo nasava zemja I predhodno vo Grcija
Од: јас
Датум: 22.06.2010 10:20:30
Ех расипани портокали?! Се’ некој друг ви е крив, само вие сте невини во бордел...И 2001та СДСМ ви беше крив за војната и сега некој друг ви е крив оти сте некадарни да ги решавате проблемите..Па сватете веке еднаш ВИЕ СТЕ НА ВЛАСТ И СИТЕ МЕХАНИЗМИ НА ПРАКТИКУВАЊЕ НА ВЛАСТА СЕ КАЈ ВАС..Па „или владејте или заминете си „ !!!
Од: trpe original
Датум: 22.06.2010 11:00:08
Cudna rabota:opozicija kritikuva a pozicija, namesto da slusa kritiki i da raboti poveke, samo nesto prasuva.I toa ne seta pozicija, samo DPMNE. NIkakvo cudo, pa se raboti za neobrazovani mladi deca, bez zivotno iskustvo, doprva napravile semejstva, deca. Pa i fakulteti sto zavrsile, koj znae kako? Koga nekoj nesto ne znae, prasuva. Samo, obicno pozivija treba da dava odgovori a ne da se rasprasuva. A uste pomalku da optuzuva za velepredavstvo, sa sabotazi i tn.
Од: Acy
Датум: 22.06.2010 11:08:48
A zosto gospodinot Crvenkovski da go kaze svojot stav koga toj e vo opozicija? Namesto da se zanimavaat so vakvi raboti deckite od vlasta neka si ja svatat seriozno rabotata i neka go resat problemot... (ako se sposobni za toa).
Од: peco rato
Датум: 22.06.2010 12:17:06
dosta glumite patrioti da bevte patrioti nemase da podpisete ramkoven dogovor vo 2001 i da ostavite da izginat tolku makedonski vojnici.izgubivme tolku mnogu makedonski deca a vie se karate za imeto.seedno e kako ke se vikame ako ne sega od grcite za nekoe vreme ke imame pritisoci od albancite za imeto.
Од: tv duel
Датум: 22.06.2010 13:11:24
DA TV DUEL, toa e neophodno. No sto bese toa TV Duel? A, da izjavi pri frlanje na lopati, otvaranje na sportski sali i kaj Milenko ili Janko jadi burek. Zar nekoj pameten vo RM misli deka Gruevski kje izleze na TV duel so Branko ili bilo koj od opozicijata? Da vidam, neveruvam.
Од: b
Датум: 22.06.2010 13:21:03
Вакви прашања од власта се само за замајување на глуп народ, а не за овде!
Од: do Pejo i tv duelot
Датум: 22.06.2010 14:50:07
Pejo-tvojot komentar mi zvuchi povekje na :"sakam kazam-neznam recham".Branko si go kaza svoeto-pljacka nevidena stori a toj babachko em plata em penzija si zema.Od druga strana Grujcho pak stanchinja 4 si ima i oko ic ne mu trepnuva dali lugjeto imale da jadat ili ne-a nekoi dragi komentatori TV dueli baraat.Ovie dvajca a i drugi politicki stonogalki kako Andov,Petkovski,blgarinot Ljubco napravija ekonomsko harikiri.A vie prijatelchinja barate TV duel-hehehehe.Tragikomichno e sto razno razni bitangi majtap si igraat so narodecot nash-i toa mnogu uspeshno!!!Za zal.

Најди! во Утрински
На прво место
Се трошат последните резерви на игли и шприцови
Или ратите навреме или отиде имотот